Промовирани огласи »

За работен час во Бугарија се исплаќаат 8,2 евра наспроти просечните 30 евра во Европската Унија(ЕУ).

Бугарија заостанува со растот на платите во споредба со другите европски држави. 

Најголем пораст на цената за работен час е забележан во Унгарија – 17,3 отсто, објави „Сегабгњус“. Следат Хрватска и Словенија (и двете +14,5 отсто), Романија (+14,4 отсто) и Бугарија. Двоцифрен пораст во вториот квартал забележаа и платите во Полска (+13,3 отсто), Естонија (+13,1 отсто), Литванија (+12,4 отсто) и Латвија (+12,3 отсто). Цената на работен час во Европската унија пораснаа за 5 отсто во вториот квартал од годината во однос на истиот период лани. На многу истражувања Бугарија е на дното во ЕУ. 

foto freepik.com

Промовирани огласи »

Собранието на Република Северна Македонија на денешната седница ги донесе законите за данокот на солидарност, дополнувањата за законите за додадена вредност и за данок на добивка. Општата расправа за овие законски решенија беше завршена на претходни продолженија на 120. седница.

Пратениците денеска ги прифатија предлозите за избор на Абдулменаф Беџети, Марина Трпевска и Глигор Бишев за нови членови на Фискалниот совет на Република Северна Македонија, а го донесоа и предлог законот за ратификација на спогодбата меѓу Владата на Република Северна Македонија и Советот на министри на Република Албанија зa меѓународен воден транспорт во Oхридското Езеро. Беше изгласан и предлог законот за изменување на Законот за здравствената заштита, по скратена постапка, како и првото читање од предлог на законот за советодавен систем за земјоделството и руралниот развој и предлог одлуката за давање согласност на Статутарната одлука за изменување и дополнување на Статутот на Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на Република Северна Македонија. Собранието ги донесе и финансиските и годишните извештаи на Агенцијата за супервизија на осигурување за 2022 година.

Пратениците денеска почнаа и со 126.пленарна седница на која ја утврдија потребата за донесување по скратена постапка на измените и дополнувањата на Законот за извршување на Буџетот на Република Северна Македонија за 2023 година и за здравствена заштита.

По прифаќањето на дневниот ред по 126. Собраниска седница, пратениците ги прифатија вторите читања од предлог законите за адвокатура, како и изманите за семенски и саден материјал за земјоделски растенија и за семејство.

Народните избраници со работа по 126. седница треба да продолжат по редовната пауза во 15 часот.

MIA

Промовирани огласи »

Министерот за економија Крешник Бектеши го објави списокот на прехранбени производи кои согласно одлука на владата треба да поевтинат за 10 отсто од цената по која се продавале на 1 август во трговијата на мало.

Овие производи како што рече Бектеши во маркетите ќе бидат обележани со „гарантирана цена“ до крајот на ноември 2023 година.

Тој соопшти дека листата е утврдена и цените ќе треба да се применат откако таа ќе биде објавена во „Службен весник“.

Леб и пекарски производи, млеко и млечни производи, месо, тестенини и слично, се дел од производите кои ги најави Бектеши.

Бектеши ги повика и производителите и трговците да се искоординираат, бидејќи пазарните инспектори како што рече, ќе издаваат казнени налози со „забрана за вршење дејност“, односно продавниците ќе бидат затворани.

Треба да ги одбележат сите овие производи со натписот „гарантирана цена“, која е објавена на веб-страницата на Министерството за економија и овие производи количински да ги снабдуваат најмалку за 70 отсто во однос на количините од месец август 2023, кажа Бектеши.

Појасни дека продолжуваат преговорите со производителите и дистрибутерите на безалкохолни пијалоци, за намалување на цените и на овие производи.

За оние кои сакаат да манипулираат, како што кажа, најавени се строги контроли и казни. 

Промовирани огласи »

Еден од најголемите британски трговски синџири, Marks & Spencer, ги замени пластичните кеси со хартија во обид да го намали неговото влијание врз животната средина.

„Јаката, робусна“ хартиена кеса ќе биде достапна во продавниците за храна M&S, додека „поедноставната“ ќе се нуди во делот за облека, соопштија од компанијата, пренесува „Б92.рс“.

Хартиените кеси можат да издржат тежина од 15 килограми и можат повторно да се користат повеќе од 100 пати.

Природната смола применета за време на производствениот процес ги прави водоотпорни. Тие исто така лесно може да се преклопат во торба или ранец и да се стават во канти за рециклирање во домаќинството.

„Сега имаме решение кое е подобро за животната средина и им помага на клиентите кои сакаат да го намалат нивното влијание врз животната средина“, рече директорката за корпоративни работи на M&S, Викторија Мекензи-Голд.

The new bags also fold easily into a backpack, are water resistant and are expected to be able to be used more than 100 times, according to the retailer https://t.co/T4gJFeqxAO

— Sky News (@SkyNews) September 16, 2023
Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »