Промовирани огласи »

Еден од најголемите британски трговски синџири, Marks & Spencer, ги замени пластичните кеси со хартија во обид да го намали неговото влијание врз животната средина.

„Јаката, робусна“ хартиена кеса ќе биде достапна во продавниците за храна M&S, додека „поедноставната“ ќе се нуди во делот за облека, соопштија од компанијата, пренесува „Б92.рс“.

Хартиените кеси можат да издржат тежина од 15 килограми и можат повторно да се користат повеќе од 100 пати.

Природната смола применета за време на производствениот процес ги прави водоотпорни. Тие исто така лесно може да се преклопат во торба или ранец и да се стават во канти за рециклирање во домаќинството.

„Сега имаме решение кое е подобро за животната средина и им помага на клиентите кои сакаат да го намалат нивното влијание врз животната средина“, рече директорката за корпоративни работи на M&S, Викторија Мекензи-Голд.

The new bags also fold easily into a backpack, are water resistant and are expected to be able to be used more than 100 times, according to the retailer https://t.co/T4gJFeqxAO

— Sky News (@SkyNews) September 16, 2023

Промовирани огласи »

Бројни прехранбени производи од среда ќе имаат пониски цени за минимум десет проценти и ќе бидат видно означени во маркетите. Назнаката за гарантирана цена ќе стои до нив се до 30 ноември, кога истекува важноста на оваа владина мерка. Ова е своевидна гаранција дека до тој датум цените нема да се менуваат, односно нема да се зголемуваат.

Опфатени се голем број производи – пекарски, млечни, месо…, а листата ќе биде објавена по утрешната седница на Владата, на која ќе се усвои одлуката предложена од ресорното Минстерство, образложи министерот за економија, Крешник Бектеши. Станува збор за артиклите кои најмногу се купуваат од страна на граѓаните, односно списокот е преземен од Државниот завод за статистика.

Сите анализи се направени за поевтинување на производите, а репер за тоа се ценовните нивоа од први август.

Исто така, забранета ќе биде и акциската и промотивната продажба, но не целосно. Тоа ќе биде можно само за артиклите на кои набрзо им истекува рокот на траење, но и ова ќе се допрецизира утре.

Воедно, преку Бектеши, Владата ги повика компаниите до среда сами да предложат цени на артиклите кои би се намалиле за 10%.

Промовирани огласи »

Сојузот на синдикатите на Македонија (ССМ) апелираше до пратениците што побргу и „без политичка битка“ да го изгласаат ребалансот на буџетот со што ќе се прераспределат финансии за да се обезбеди покачувањето од 10 отсто за вработените во јавниот сектор со септемвриската плата, за што Собранието денеска ја почнува расправата.

Синдикатот на УПОЗ денеска испратил во Собранието амандман на предложениот ребаланс со барање за сите корисници на буџетот платите да бидат повисоки од најмалку 30, а најмногу 78 проценти т.е. колку што им се зголемени на функционерите.

Претседателот на ССМ Слободан Трендафилов на прес-конференција ги повика министрите, градоначалниците и директорите на институции да го применат Општиот Колективен Договор за јавен сектор со оглед на тоа што до Синдикатот стигнале пријави од вработени дека нивните раководители не преземаат никакви активности во врска со одредбата за зголемување на платите од дополнителните 10 проценти.

„Бараме да изготват решение за секој вработен во јавниот сектор со кој ќе го утврдат ова право и на таков начин ќе го исплатат или, пак, да склучат колективни договори на ниво на работодавачи, нешто што правиме во изминатиот период како синдикати здружени во ССМ,“ рече Трендафилов.

Претстојното покачување од 10 проценти за вработените во јавниот сектор е согласно Општиот колективен договор (ОКД) кој ССМ го потпиша со Владата во јули годинава. Со Договорот, исто така, првпат е обезбедено право на регрес за годишен одмор кое вработените во полицијата, армијата, здравството, образованието ќе го остварат со очекуваниот ребаланс.

Трендафилов соопшти дека пратениците не одговориле на иницијативата на ССМ, поднесена пред повеќе од еден месец, за намалување на нивните и платите на судиите и именуваните функционери кои беа зголемени за 78 проценти. Со иницијативата се бара измена на Законот за плати на избрани и именувани функционери односно примена на ОКД со кој и функционерите и вработените ќе имаат ист начин на пресметка на плата, почнувајќи од март 2025 година.

Од ССМ најавуваат „жешка есен“ на протести и штрајкови на синдикатите здружени во Сојузот.

Денеска вработените во Водостопанство АД во државна сопственост излегуваат на протест пред Владата затоа што два месеца немаат плата.

Претседателот на УПОЗ Трпе Дејаноски на прес-конференцијата соопшти дека на 27 септември во штрајк ќе стапат вработените во јавните обвинителства, а наредниот ден и вработените од сите судови во државата ќе протестираат пред Министерството за правда и пред Владата.

И едните и другите ќе бараат зголемување на платите во ист износ како и именуваните функционери, односно за 78 отсто, како и враќање на додатоците на плата кои им се загарантирани со закон, а не им се исплаќаат веќе половина година.

Деаноски вели дека незадоволството е огромно и во други институции на државната управа и дека „под закана од штрајк и прекин на работата“ се и вработените во државното Правобранителство, Управата за заштита на културното наследство и во Фондот за здравствено осигурување.

Промовирани огласи »

Општествената одговорност е саморегулирачки деловен модел кој и помага на компанијата да биде одговорна – пред самата себе, пред своите засегнати страни и oпштеството. Практикувајќи корпоративна општествена одговорност компаниите можат да бидат свесни за видот на влијанието што го имаат врз сите аспекти на општеството, вклучително и економското, социјалното и животната средина

Предности на општествената одговорност на претпријатијата:

  1. Ја подобруваме продуктивноста на работниците;
  2. Задоволство на клиентите - задоволен клиент ќе може да го повтори купувањето и ќе им верува на производите;
  3. Намалување на трошоците;
  4. Подобрување на угледот и имиџот на самата компанија;
  5. Придонес во намалувањето на сиромаштијата и унапредувањето на развојот.

Пред се компаниите се формирани за остварување на основната економска дејност, но мора да се има предвид дека сите функции на претријатието мора да бидат спроведени според легислативата. 

Не смееме да заборавиме дека општествената одговорност на компанијата е круцијално бидејќи постапуваме според аспектите неопходни за позитивниот развој на општеството.

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »