Промовирани огласи »

Струјата и гасот се скапи. Со цел да ги растерети граѓаните, владата во Германија воведе ограничување на цените на енергенсите. Оваа мерка треба да се применува „најдоцна до 30 април 2024 година“. Но, што ако ограничувањето на цената важи само до крајот на годината? Колкав би бил финансискиот товар за потрошувачите? Ова сега го утврди порталот за споредба Verivox.

За просечно домаќинство (годишна потрошувачка 4.000 киловат часови (kWh)), трошоците за енергија изнесуваат 1.448 евра (од август 2023 година), според податоците на Verivox. Доколку престане да важи ограничувањето на цените на енергијата, трошоците би се искачиле на 1.504 евра – што е зголемување на цената за 3,9 отсто или 56 евра, пишува магазинот „Феникс“.

Според пресметките на споменатиот портал, доколку домаќинствата се клиенти на локални основни добавувачи, товарот би бил уште поголем без ценовни ограничувања. „Тука трошоците за струја би се искачиле од сегашниот просек од 1.744 евра на 1.896 евра. Тоа одговара на пораст од 8,7 отсто или 152 евра“.

Во просек, едно домаќинство троши околу 20.000 kWh гас годишно. Како што тврди Verivox, ова денес ги чини потрошувачите 2.201 евро. Но, само благодарение на кочницата на цените на бензинот. Доколку се изостави оваа мерка, трошоците би се искачиле на 2.374 евра – тоа би резултирало со дополнително финансиско оптоварување од 173 евра годишно (7,9 отсто), според пресметките на Verivox.

Како и со електричната енергија, без ограничувања на цените на бензинот, поскапувањето би било уште поголемо, особено за добавувачите со домашни стандарди. Наместо досегашните 2.588 евра за 20.000 kWh, сега трошоците би биле 3.037 евра. Тоа е за 17,3 отсто повеќе (449 евра).

Поради ценовните ограничувања, многу потрошувачи „повеќе немаат увид во реалните тарифни трошоци“, па не знаат колку високата потрошувачка всушност претставува финансиски товар. Ова може да стане особено проблематично кога ќе истече ограничувањето и кога домаќинствата ќе се соочат со реални трошоци за енергија. Резултатот може да биде екстремно високи дополнителни плаќања и доплати.

Затоа, важно е да внимавате на сопствената потрошувачка на електрична енергија и гас и да преземете соодветни мерки за заштеда. За пресметување на споменатите податоци се користени просечните трошоци за струја и гас од базата на Verivox, пишуваат германските медиуми.

Промовирани огласи »

Комората апелираше дека во носењето на Законот не се води сметка за аргументите на стопанството, туку единствено се тргнува од потребата и желбата за пополнување на буџетските дупки и неограничено трошење. Откако не помина во редовна постапка во Собранието, на Законот му беше ставено европско знаменце со единствено образложение дека се врши усогласување со директиви на ЕУ и со Регулативата на Советот (ЕУ) 2022/1854 од 6.10.2022 година, со која што се утврдува и “обврската за наплата на придонес за солидарност“.

За Стопанска комора, носењето на Законот за данок на солидарност не претставува никакво усогласување со директивите и регулативата на ЕУ, напротив тоа е само злоупотреба на тие регулативи, за што можни се две причини. Првата е дека воопшто не се разбира Регулативата 2022/1854, и втората, која е уште полоша, е дека можеби правилно се чита Регулативата 2022/1854, но свесно се изнесуваат неточни податоци и користејќи ја скратената постапка се носи Законот за данокот на солидарност.

На 26.6.2023 и на 19.7.2023 година се обративме официјално до највисоките државни институции (до Претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, до Претседателот на Владата на Република Северна Македонија и до Министерот за финансии на Република Северна Македонија), упатувајќи дописи со аргументи образложени на повеќе страни, потпишани од највисоките органи и тела на Комората предводени од Клуб 100, а подржани и од Управниот одбор, Собранието на Комората, Советот на странски инвеститори. Во дописите на еден сеопфатен начин ги образложивме аргументите за барањето на бизнис заедницата за запирање на постапката за донесување на Законот за данок на солидарност, по итна постапка со европско знаменце укажувајќи дека тоа преставува само обид за манипулирање со редовните собраниски процедури за носење на законите и злоупотреба на Европското знаме.

Стопанската комора во однос на предложениот концепт од самиот почеток имаше забелешки со кои укажа на следното:

1.  Селективен пристап затоа што се опфатени само поголемите компании (со приход поголем од 615.000.000 денари);

2.  Се врши оданочување на сите компании, независно дали добивката што ја оствариле се должи на пазарните услови (остварена екстра добивка поради движења на пазарите на енергенси или други причини кои довеле до конјуктурни поместувања на пазарот) или се должи на раст на добивката на компаниите како резултат на нивното работење, односно како резултат на зголемени инвестиции, подобрена продуктивност, освојување на нови пазари и сл.);

3.  Дестимулирање на успешните компании, кои се инвестициски ориентирани(со предложениот концепт на оданочување кој претпоставува споредба на остварениот просек на добивките во претходните четири години и добивката во 2022 година во неповолна положба се доведуваат компании кои инвестирале во претходните години, а остварувале помала добивка, во споредба со потенцијално зголемената добивка во 2022 година, која би ја оствариле како резултат на инвестиции.);

4.  Во однос на проекциите за приходите од дополнителниот данок на добивка укажуваме дека ефектот кој се очекува од примената на истиот во смисла на обезбедување на  дополнителни средства во државниот буџетот, може да изостане за делот на добивката на компаниите кои се корисници на државна помош, од причина што ќе се намали нивниот индивидуален износ на доделена државна помош, и по тој основ нема да се зголемат приходите во буџетот.

5.  Ваков данок, кој се носи ад хок, го нарушува начелото на почитување на правото и создава несигурност кај постојните и потенцијалните инвеститори, особено ако се има предвид дека соседните држави немаат воведено сличен данок.

Аргументите на кои дополнително се повикува Комората во Дописите до институциите се во насока на фактот дека компаниите членки на Комората се меѓу најголемите плаќачи на разни даноци, ДДВ, придонеси во корист на државниот буџет и на фондовите. Беа и најголеми донатори на здравствениот сектор во време на корона кризата, а се пример и на општествена одговорност во повеќе области. Токму затоа, Стопанската комора, веќе неколку години, инсистира на објавување на така наречена „бела книга“ на најголемите плаќачи на даноци и придонеси во државата, по примерот како што Министерството за финансии и Управата за јавни приходи квартално ги објавуваат компаниите кои се најголеми должници по основ на даноците и придонесите. Иницијативата упорно се одбива од овие институции со образложение дека тоа е наводно „деловна тајна“.

Носењето непредвидливи закони од ваков вид и други мерки, поттикнува се повеќе компании од Македонија во странска сопственост да се премислуваат и да го префрлат своето седиште во некоја од соседните земји кои не носат вакви закони и мерки (пред се во Србија, па и Косово), што преставува ризик од губење на редовни приходи, даноци и сл. во буџетот кои сега се плаќаат.

Имајќи во предвид дека Законот е веќе донесен, Стопанската комора на Северна Македонија како што и најави ќе поднесе Иницијатива пред Уставниот суд за преиспитување на уставноста на Законот. Пред покренување на Иницијативата, согласно член 75, став 2 од Уставот, Комората ќе побара од Претседателот на Република Северна Македонија да не го потпише Указот за прогласување на Законот за данок на солидарност, затоа што тој е очигледно во спротивност со член 52 од Уставот, но без очекување дека барањето на бизнис секторот ќе биде прифатено.

Промовирани огласи »

За работен час во Бугарија се исплаќаат 8,2 евра наспроти просечните 30 евра во Европската Унија(ЕУ).

Бугарија заостанува со растот на платите во споредба со другите европски држави. 

Најголем пораст на цената за работен час е забележан во Унгарија – 17,3 отсто, објави „Сегабгњус“. Следат Хрватска и Словенија (и двете +14,5 отсто), Романија (+14,4 отсто) и Бугарија. Двоцифрен пораст во вториот квартал забележаа и платите во Полска (+13,3 отсто), Естонија (+13,1 отсто), Литванија (+12,4 отсто) и Латвија (+12,3 отсто). Цената на работен час во Европската унија пораснаа за 5 отсто во вториот квартал од годината во однос на истиот период лани. На многу истражувања Бугарија е на дното во ЕУ. 

foto freepik.com

Промовирани огласи »

Собранието на Република Северна Македонија на денешната седница ги донесе законите за данокот на солидарност, дополнувањата за законите за додадена вредност и за данок на добивка. Општата расправа за овие законски решенија беше завршена на претходни продолженија на 120. седница.

Пратениците денеска ги прифатија предлозите за избор на Абдулменаф Беџети, Марина Трпевска и Глигор Бишев за нови членови на Фискалниот совет на Република Северна Македонија, а го донесоа и предлог законот за ратификација на спогодбата меѓу Владата на Република Северна Македонија и Советот на министри на Република Албанија зa меѓународен воден транспорт во Oхридското Езеро. Беше изгласан и предлог законот за изменување на Законот за здравствената заштита, по скратена постапка, како и првото читање од предлог на законот за советодавен систем за земјоделството и руралниот развој и предлог одлуката за давање согласност на Статутарната одлука за изменување и дополнување на Статутот на Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на Република Северна Македонија. Собранието ги донесе и финансиските и годишните извештаи на Агенцијата за супервизија на осигурување за 2022 година.

Пратениците денеска почнаа и со 126.пленарна седница на која ја утврдија потребата за донесување по скратена постапка на измените и дополнувањата на Законот за извршување на Буџетот на Република Северна Македонија за 2023 година и за здравствена заштита.

По прифаќањето на дневниот ред по 126. Собраниска седница, пратениците ги прифатија вторите читања од предлог законите за адвокатура, како и изманите за семенски и саден материјал за земјоделски растенија и за семејство.

Народните избраници со работа по 126. седница треба да продолжат по редовната пауза во 15 часот.

MIA

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »