Џејми Дајмон, генералниот извршен директор на JPMorgan Chase банката од Вол Стрит го крена гласот против криптовалутата биткоин кој според него е преценета и може да доведе до пукање на сегашниот меур што ќе има тешки последици за инвеститорите.
Треба да се потсети дека токму Дајмон и неговата банка JPMorgan Chase беа едни од главните виновници од финансиските институции во 2007 за страшниот пад на пазарот на недвижности бидејќи продаваа несигурни имотни хипотеки со лажен зголемен рејтинг обезбеден од осигурителните компании.
Токму големата економска криза во 2008 придонесе за создавање на криптовалутите кои нема да зависат од банкарскиот сектор, ќе бидат одредувани од самиот пазар и ќе понудат поголема транспарентност. Секако, биткоинот и другите електронски валути се уште не го постигнале идеалниот принцип на функционирање но, тоа е поради тоа што засега се нерегулирани.
JPMorgan Chase платиле 13 милијарди долари казна на американската влада за нелегалните трансакции со хипотеките и нивното препродавање при што многумина останаа без своите домови. Разликата сега со биткоинот е во посигурната поставеност на неговата вредност и пазарна намена, па повторување на слична економска и пазарна криза засега е малку веројатна.
Извор - Фактор