Повеќето луѓе додека се на компјутер социјалната мрежа Фејсбук главно ја користат со помош на глушецот. Но, оваа друштвена мрежа воведе можност да се користи и со помош на тастатурата.
Погледнете кои комбинации ќе ви овозможат брзо и лесно отворање на саканата содржина на Фејсбук:
Alt+1 – враќање на почетната страна
Alt+2 – преглед на Тајмлајн
Alt+3 – покажување на листата на пријатели кои ви испратиле барање
Alt+4 – приказ на листата на пораки
Alt+5 – отворање нотификации
Alt+6 – отворање на опцијата за конфигурации
Alt+7 – отворање на опцијата за средување на личните информации
Alt+0 – Корисничкиот центар на Фејсбук
Alt+m – креирање на нова порака
Alt+? – пребарување