Промовирани огласи »

Најпродуктивни во Европа се работниците од Луксембург и Норвешка.

Но, македонските работници заедно со бугарските се меѓу најмалку продуктивните во Европа, покажуваат бројките на Евростат. 

Еден работник за еден час во земјава создава само 42.9% додадена вредност од просекот што го прават неговите колеги на ниво на Европската Унија.

Малку подобро рангирана од Македонија е Бугарија со 43%. Романија има 56.3%, Хрватска 73.1%, Словенија 79.8%, Грција 87.1%. Најпродуктивни се работниците во  земји како Луксембург со 163.2% од просекот, потоа следи Норвешка со 152.5% и Швајцарија со 122.5%. Во податоците ги нема Србија, Босна, Албанија и Косово.

Промовирани огласи »

Годишно од 1000 до 1200 лица и фирми имаат погрешна уплата на државната сметка или ги губат уплатниците, покажуваат статистиките на Министерството за финансии.

Во таа насока на својата фејсбук страница (https://www.facebook.com/MinistryOfFinanceRM/), Министерството за финансии објави туторијал кој покажува што треба да направат граѓаните доколку извршат погрешна уплата на такси, надоместоци и глоби, за да си ги вратат парите или за да ја пренасочат уплатата на вистинско место.

Исто така, Министерството објави процедура што треба да се направи доколку е изгубена уплатница, а на лицето или фирмата им е потребен доказ дека е направена уплата.

Објавени се и контакт телефони на надлежните во Министерството, ако на граѓаните им се потребни повеќе информации.

Промовирани огласи »

Патувањата никогаш не биле подостапни, но без пасош и понатаму нема да стигнете многу далеку. Едните вредат повеќе од другите, а со пасош на одредени земји ќе имате многу повеќе поволности.

Магазинот „Бизнис инсајдер“ направи листа од најмоќните светски пасоши како би проценил кои земји се најценети во светот и кои се „слободни“.

На пример, земјите на чии државјани не им требаат визи имаат повисоко ниво на слобода од оние чии граѓани можат без виза да посетат само одреден број земји.

Еве ја и листата најмоќни пасоши, а некои земји делат ист квалитет на националниот индекс, односно имаат подеднакво моќен пасош.

14. Грција

13. Јужна Кореја

12. Нов Зеланд

11. Ирска

10. Португалија, Швајцарија

9. Австрија, Луксембург

8. Норвешка

7. САД

6. Сингапур, Јапонија, Данска, Норвешка, Белгија

5. Велика Британија

4. Франција, Италија, Шпанија

3. Финска

2. Шведска

1. Германија

Македонија на оваа листа се најде на 40 место, односно заедно со Кирибати и Руската Федерација имаме иста моќност на пасоши.

Промовирани огласи »

Рускиот милјардер Роман Абрамовиќ со својата луксузна јахта пристигна во Хрватска. Јахтата е богато опремена и за неговото крстарење тој потроши милиони евра само за гориво.

Јахтата има капацитет за 62 гости и 70 членови на екипажот, а се состои од базени, сауни, кино сали, фризерски салон, градинка, ресторани, клубови и болница.

Јахтата Еклипса кој е во сопствеништво на Роман Абрамович се наоѓа моментално на хрваткото приморје. За потребното гориво нарачано било 750.000 литри што е три четвртини од вкупниот капацитет во резервоарот за гориво. Тоа гориво ќе го чини милион евра. Супер долгата јахта од 163 метри вреди 340 милиони евра која Абрамович си ја поклони самиот себе за Новата 2010 година. Таа тежи 13.000 тони, широка е 21 метар и годишното одржување го чини 30 милиони евра.

Од додатна опрема има и два хеликоптери, подморница, ракетни радари, спасувачка опрема и многу други системи за безбедност.

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »