Промовирани огласи »

Избрана е најдобрата држава за живеење во Европа. Станува збор за Шведска која по многу критериуми е пред другите земји. 

„Ју-ес њуз“ и „Ворлд репорт“ неодамна објавија листа на најдобрите земји во светот според квалитетот на животот. За рангирање на 87 држави, во соработка со школата „Вартон“ и Универзитетот во Пенсилванија, тие анкетираа над 17.000 луѓе од целиот свет. Земени се предвид фактори како пристапност, пазар на труд, економска стабилност, еднаквост на приходите, политичка стабилност, безбедност, развој на јавното здравство и системот на јавното образование, приврзаност кон семејството.

Шведска е земја во која трошоците за живот се во просек 20,9 отсто пониски отколку во САД, а изнајмувањето стан е 57,5 ​​отсто поевтино.

Шведска е позната по бесплатната здравствена заштита, како и универзитетското образование. Швеѓаните можат да се пофалат и со просечен животен век од 82,8 години. Родителите во Шведска имаат право на 480 дена платено отсуство кога добиваат дете или по посвојување.

10 најдобри земји во светот за квалитетен живот
1. Шведска

2. Норвешка

3. Канада

4. Данска

5. Финска

6. Швајцарија

7. Холандија

8. Австралија

9. Германија

10. Нов Зеланд

Скандинавските земји и претходно добиваа многу пофалби и тие високи се рангирани на листата на среќни нации. Финците неколку години по ред се најсреќни. 

foto freepik.com/alexeyzhilkin

Промовирани огласи »

Министерството за труд и социјална политика соопштува дека согласно со Законот за празниците на РМ („Службен весник на РМ„ бр.21/98 и 18/07), 28 септември 2023 година (четврток), Меѓународниот ден на Бошњаците е неработен ден за граѓаните припадници на бошњачката заедница во Република Северна Македонија.

Министерството за труд и социјална политика на граѓаните припадници на бошњачката заедница им го честита Меѓународниот ден на Бошњаците.

Промовирани огласи »

Скопјани последниве неколку денови мака мачат да набават некои основни продукти. Или брзо се трошат, или се носат во мали количини, па кој начека во моментот купува, за веќе после кусо време да нема за другите. Еден таков прехрамбен производ кој по рафтовите во продавниците го нема ниту за лек, се јајцата.

Со денови ги обиколуваме маркетите, но јајца не можеме никаде да најдеме. Ниту во поголемите, ниту во помалите продавнички, се жалат скопјани.

Живинарските фарми пак нагласуваат дека нивниот аларм дека намалувањето на цените на јајцата ќе резултира со намалување на понудата, се покажа точен.

Намалувањето на цената на јајцата за 10 отсто се одразува врз нашето работење. Не е можно како основа за пресметка на продажната цена да се земе летната цена, која секогаш е пониска од цените во есен и зима. Не се исплаќа производството, тоа се намалува, па логично е и да нема јајца по продавниците. До кога ќе потрае ваквата ситуација не знаеме. Може ќе биде и полошо, со оглед на тоа дека допрва ни доаѓа периодот на зголемена потрошувачка, поради периодот на слави и други прослави, тврдат производителите на јајца.

Промовирани огласи »

Премиерот Димитар Ковачевски најави проширување на списокот со производи со гарантирана цена.

По анализите на Владата, како што рече, било утврдено дека треба да има дополнително намалување на цените. Кај некои производи намалувањето ќе биде од 10 до 30 проценти. На денешната листа влегуваат и безалкохолните пијалаци, газираната и негазираната вода и пивото.

Донесовме и нова одлука за намалување на маржата кај овошјето и зеленчукот, со што дополнително ќе се намалат цените во износ од 30 проценти за овие производи. Кон мерката гарантирана цена како општествено одговорни компании самоиницијативно се приклучија производителите на безалкохолни пијалаци и вода и ова е за поздравување, рече Ковачевски.

Тој додаде дека Владата, на предлог на Министерството за економија, донела нова одлука за намалување на цените во трговијата на големо и мало. Со новите намалувања на цените, кое ќе важи од утре, поевтинуваат светлото пиво и лагер-пивото, газираните и негазираните пијалаци, со исклучок на енергетските пијалаци, минералната газирана и негазирана природна вода.

Со оваа одлука највисоките цени на производите се утврдуваат на нивото на цените, со исклучок на цените на акциска продажба, кои се применувале на 19 септември 2023 година во трговијата на големо, се намалуваат 10 проценти. Трговците на мало се должни јасно да ги обележат производите со натписот гарантирана цена, нагласи Ковачевски.

Владата денеска донела одлука и за утврдување највисока профитна маржа како посебен услов во трговијата со свежо овошје и свеж зеленчук. 

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »