Промовирани огласи »

ЈСП информира дека жичницата од недела (1.10.2023 год) ќе работи од 10 до 18 часот, притоа 17-17.30 часот ќе биде последно возење од долу нагоре, односно 17.45 часот последно возење од горе надолу.

Посоченото работно време е во согласност со одлуката за работно време на објектот за октомври и април, велат од ЈСП.

Од таму потсетуваат дека секој понеделник и секој последен вторник во месецот жичницата не работи поради редовни сервиси.

Од недела (1.10.2023 год), линијата 25 (Транспортен Центар – Средно Водно) ќе сообраќа по есенски режим на работа, дополнуваат од ЈСП. 

Промовирани огласи »

Народна банка на Македонија излезе со најнови податоци за движењето на каматните стапки во земјава. 

Просечната каматна стапка на вкупните кредити, во август годинава изнесува 5,49 отсто и е непроменета на месечна основа, додека на годишна основа е зголемена за 1,15 п.п. Просечната каматна стапка на вкупните депозити бележи месечен и годишен раст од 0,05 п.п. и 0,86 п.п., соодветно и изнесува 1,55 отсто. 

Во август, просечната каматна стапка на новоодобрените кредити бележи месечно намалување од 0,04 п.п. и изнесува 5,53 проценти, а на годишно ниво е зголемена за 1,49 п.п. 

Просечната каматна стапка на новопримените депозити изнесува 2,17 отсто и е пониска за 0,04 п.п. на месечна основа, при годишен раст од 1,25 п.п.  

Просечната каматна стапка на вкупните кредити на корпоративниот сектор, во август, остана на истото ниво од 5,36 отсто како и претходниот месец, додека на годишна основа оваа каматна стапка е повисока за 1,81 п.п.

Во август, каматната стапка на новоодобрените кредити на корпоративниот сектор изнесува 5,73 отсто и забележа месечен пад од 0,02. 

Во споредба со август минатата година, каматната стапка на новоодобрените кредити на корпоративниот сектор е зголемена за 2,01 п.п. Ова всушност значи дека за една година на фирмите кредитите им поскапеле за два процентни поени, и од тие причини многу компании се жалат дека се значајно зголемени нивните трошоци на работење.

Просечната каматна стапка на вкупните депозити на корпоративниот сектор, овој месец е зголемена за 0,06 п.п. и изнесува 2,08 отсто. 

Каматната стапка на вкупните кредити на домаќинствата изнесува 5,61 отсто и се задржа на истото ниво од претходниот месец, додека на годишно ниво оствари раст од 0,54 п.п. 

Во август, просечната каматна стапка на новоодобрените кредити на домаќинствата, оствари месечно намалување од 0,08 отсто и изнесува 5,24 отсто. 

На годишно ниво, просечната каматна стапка на новоодобрените кредити на домаќинствата бележи пораст од 0,75 п.п.

Каматната стапка на вкупните депозити на домаќинствата овој месец изнесува 1,50 отсто и бележи месечен раст од 0,06 п.п. Споредено со август минатата година, оваа каматна стапка е повисока за 0,84 п.п. 

Во август, каматната стапка на новопримените депозити на домаќинствата е намалена за 0,08 п.п. на месечно ниво и изнесува 2,32 отсто. Каматната стапка на новопримените депозити на домаќинствата на годишно ниво е зголемена за 1,35 п.п. 

Промовирани огласи »

Младите ширум Европа се школуваат и работат паралелно. Една четвртина од сите млади луѓе во Европската унија работат во текот на школувањето. 

Станува збор за младите на возраст од 15 до 29 години, објави денеска Евростат. Лани  72 отсто од младите граѓани на ЕУ биле надвор од пазарот на труд за време на нивното образование, а три отсто активно барале вработување.

Најголем процент на млади кои студираат и работат е регистриран во Холандија – 73 проценти, Данска – 52 проценти, Германија – 45 проценти, а најмал во Романија – два проценти, Словачка – пет проценти, Унгарија – шест проценти.

Најголем дел од младите во формалното образование кои активно бараат вработување е евидентиран во Шведска – 13 проценти, Финска – седум проценти, Холандија – шест проценти.

Помалку од еден процент од младите кои студираат во Унгарија, Чешка, Романија, Хрватска, Полска и Литванија активно барале работа лани, а овие земји имаат и најголем број млади луѓе кои не учествуваат во пазарот на трудот во текот на нивното образование.

Како што објави Евростат, најмногу слободни работни места има во Холандија. 

foto freepik.com/senivpetro

Промовирани огласи »

Највисока инфлација има во Словачка, Хрватска и Словенија.

Според податоците на Евростат, инфлацијата во септември била највисока во Словачка со 8,9 отсто, потоа следи Хрватска со 7,3 отсто, зад неа е Словенија со 7,1 отсто. Листата ја дополнуваат Австрија со 5,8 отсто, Италија со 5,7 отсто, Франција со 5,6 отсто и Германија со 4,3 отсто. Очекувањата на пазарот беа дека годишната инфлација во еврозоната во септември ќе изнесува 4,5 проценти. Највисока годишна инфлација има кај храната, алкохолот и тутунските производи од 8,8 отсто.

Најмала инфлација во август имале Белгија и Шпанија од 2,4 отсто, пред Кипар со три и Грција, Финска и Холандија со по 3,4 проценти. Франција и Италија се на средината на табелата со инфлациски стапки од 5,7, односно 5,5 отсто. 

foto freepik.com/kwangmoop

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »