Промовирани огласи »

Младите ширум Европа се школуваат и работат паралелно. Една четвртина од сите млади луѓе во Европската унија работат во текот на школувањето. 

Станува збор за младите на возраст од 15 до 29 години, објави денеска Евростат. Лани  72 отсто од младите граѓани на ЕУ биле надвор од пазарот на труд за време на нивното образование, а три отсто активно барале вработување.

Најголем процент на млади кои студираат и работат е регистриран во Холандија – 73 проценти, Данска – 52 проценти, Германија – 45 проценти, а најмал во Романија – два проценти, Словачка – пет проценти, Унгарија – шест проценти.

Најголем дел од младите во формалното образование кои активно бараат вработување е евидентиран во Шведска – 13 проценти, Финска – седум проценти, Холандија – шест проценти.

Помалку од еден процент од младите кои студираат во Унгарија, Чешка, Романија, Хрватска, Полска и Литванија активно барале работа лани, а овие земји имаат и најголем број млади луѓе кои не учествуваат во пазарот на трудот во текот на нивното образование.

Како што објави Евростат, најмногу слободни работни места има во Холандија. 

foto freepik.com/senivpetro

Промовирани огласи »

Највисока инфлација има во Словачка, Хрватска и Словенија.

Според податоците на Евростат, инфлацијата во септември била највисока во Словачка со 8,9 отсто, потоа следи Хрватска со 7,3 отсто, зад неа е Словенија со 7,1 отсто. Листата ја дополнуваат Австрија со 5,8 отсто, Италија со 5,7 отсто, Франција со 5,6 отсто и Германија со 4,3 отсто. Очекувањата на пазарот беа дека годишната инфлација во еврозоната во септември ќе изнесува 4,5 проценти. Највисока годишна инфлација има кај храната, алкохолот и тутунските производи од 8,8 отсто.

Најмала инфлација во август имале Белгија и Шпанија од 2,4 отсто, пред Кипар со три и Грција, Финска и Холандија со по 3,4 проценти. Франција и Италија се на средината на табелата со инфлациски стапки од 5,7, односно 5,5 отсто. 

foto freepik.com/kwangmoop

Промовирани огласи »

Регулаторната комисија за енергетика донесе одлука со која се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,44 % во однос на одлуката од 29.9.2023 година.

Од 30.9.2023 година, од 00.01 часот. максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:

Моторен бензин „евросупер БС-95“ – 87,00 (денари/литар) моторен бензин „евросупер БС-98“ – 89,00 (денари/литар) дизел-гориво „евродизел БС (Д-Е V)“ – 85,50 (денари/литар) масло за горење екстра-лесно 1 (ЕЛ-1) – 85,00 (денари/литар) „мазут М-1 НС“ – 48,715 (денари/килограм) Малопродажната цена на бензинот „евросупер БС-98“ се намалува 2,00 денара/литар.

Малопродажните цени на бензинот „евросупер БС-95“, на „евродизелот (Д-Е V)“, на екстра-лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) и на „мазутот М-1 НС“ не се менуваат.

Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат намалување во просек: кај бензините за 1,231 %, кај дизелот зголемување за 0,083 %, кај екстра-лесното масло има намалување за 1,177 % и кај мазутот намалувањето е за 0,495 %.

Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот период по кој беа формирани цените со претходната пресметка е повисок за 0,308 %.

Промовирани огласи »

Денес ви ги издвојуваме најпосетуваните работни позиции од реномирани компании на KARIERA.mk, се надеваме дека ќе го најдете вашето идеално работно место меѓу нив.

Вграден врз силното искуство во производствениот сектор, што основачите го развија во Шведска за време на глобалното проширување на 90-тите години, LEORON еволуираше во сеопфатен институт за обука, нудејќи решенија за обука и развој во сите стратешки корпоративни функции, вклучително и корпоративни финансии, човечки ресурси, SCM, операции и инженеринг.

Моментално вработува:

FINANCE SPECIALIST - ACCOUNTS RECEIVABLE

АЛФИ БИ КОМПАНИ е трговско друштво кое успешно ја гради својата професионална приказна од 1992 година, во рамки на компанијата се отворени и подружниците Алфи Техноцентар во Куманово, која постои 13 години и Алфи Техноцентар Скопје која постои 3 години.

Моментално вработува:

ПЕРСОНАЛ ЗА ПРОДАЖБА – СКОПЈЕ
РАБОТНИЦИ/РАБОТНИЧКИ ЗА ПРИЕМНО ОДДЕЛЕНИЕ (МАГАЦИНСКО И АДМИНИСТРАТИВНО РАБОТЕЊЕ)
КАСИЕРИ/КИ – СКОПЈЕ

Издавачки центар ТРИ е основан на 23 ноември 1999 година. За многу кус период ТРИ се наметнува како мошне сериозен и инвентивен издавач на македонската културна сцена, пред сè поради својата ориентација кон најактуелните книги во светот. Денес ТРИ ја продолжува својата мисија – секогаш да биде во чекор со важните случувања на светската книжевна и културна сцена. Како свој приоритет ја поставува целта да ја направи книжевноста достапна до сите.

Моментално вработува:

ГРАФИЧКИ ДИЗАЈНЕР

Групацијата Виндија опфаќа 14 компании, од кои 8 се со седиште во Хрватска и 6 во соседните земји. Вработува повеќе од 4.000 луѓе. Беспрекорниот квалитет на производите на Виндија е препознаен на бројни меѓународни саеми, што со гордост ја направи компанијата добитник на бројни награди.

Моментално вработува:

ВОЗАЧ ДИСТРИБУТЕР - Ц КАТЕГОРИЈА

Со 7 факултети, повеќе од 40 програми за додипломски, магистерски и докторски студии и школа за англиски јазик, Меѓународниот балкански универзитет започнува со иновативни и современи пристапи во образованието засновани на универзални вредности.

Моментално вработува:

КОНКУРС ЗА ИЗБОР НА ПРОФЕСОРИ И АСИСТЕНТИ

Revija Bar & Food е место каде можете подеднакво да уживате во добрата и вкусна храна како и самиот амбиент со добра музика.

Сите огласи од Revija Bar & Food ќе ги најдете ТУКА.

Даути Комерц- А.Д лидер во регионот и пошироко во микродистрибуција на производи за широка потрошувачка. Почетоците на компанијата биле скромни и пред 20 години, а денес функционираме во четири држави во регионот со над 500 вработени. Наша цел е да се обезбеди конзистентност и подобрување на бизнис перформансите и одржување на постигната позицијата во Македонија, Косово, Црна Гора и Албанија.

Моментално вработува:

МЕРЧЕНДАЈЗЕР – СКОПЈЕ
ФАКТУРАНТ/КА
РЕФЕРЕНТ ЗА ПРОДАЖБА – СКОПЈЕ
РЕФЕРЕНТ ЗА ПРОДАЖБА – СТРУГА
МЕРЧЕНДАЈЗЕР – ТЕТОВО
САМОСТОЕН РЕФЕРЕНТ ЗА ТРАНСПОРТ
IT SUPPORT

ФАБРИКАТА ФЕЈДОМ во Скопје е се уште организирана како експериментална производствена лента, со 100 вработени и простор од 4,000 квадратни метри, а која произведува околу 6,000 софи годишно.

Моментално вработува:

ШИВАЧИ/КИ
КОНТРОЛОР ВО ПРОИЗВОДСТВО

Компанијата А1 Македонија е член на Групацијата А1 Телеком Австрија, водечки провајдер за комуникациски и дигитални решенија во Централна и Источна Европа, којшто работи во седум држави и обезбедува услуги за околу 24 милиони корисници.

Сите огласи од А1 Македонија можете да ги најдете ТУКА.

Раде Кончар - Контактори и Релеи произведува нисконапонска електрична опрема за индустриски апликации.

Моментално вработува:

ЕЛЕКТРО-МАШИНСКИ ТЕХНИЧАР ИЛИ ЕЛЕКТРО-МАШИНСКИ ИНЖЕНЕР ЗА ОДРЖУВАЊЕ
МАШИНСКИ ИНЖЕНЕР
ЕЛЕКТРО ИНЖЕНЕР
ВОЗАЧ

Се уште невработени?! Сите останати активни работни позиции можете да ги најдете ТУКА.

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »