Графички дизајнер

За компанијата: Издавачки центар ТРИ е основан на 23 ноември 1999 година. За многу кус период ТРИ се наметнува како мошне сериозен и инвентивен издавач на македонската културна сцена, пред сè поради својата ориентација... повеќе за компанијата »

Издавачки центар ТРИ

Искусен графички дизајнер

Ако сакаш книги и одлично ги владееш програмите за графички дизајн, овој е вистинскиот оглас за тебе.

ТРИ има потреба од нов креативен член кој ќе ни помогне да имаме уште повпечатлив визуелен израз.

Во потрага сме по дизајнер кој:

  • Има работно искуство од 1 година како графички дизајнер
  • Пожелно е да има завршено Факултет за ликовни уметности
  • Одлично ги познава социјалните мрежи
  • Има око за детали.

Секоја дополнителна квалификација се смета за предност.

Од тебе очекуваме да одговориш на следните задачи:

  • Изработка на корици за книги
  • Подготовка на дизајни за маркетинг-објави
  • Дизајн на визуелни решенија за маркетинг-кампањи и за продажни промоции.

Ние ти нудиме:

  • Дневно работно време од 8 часа, со почеток од 8:30 до 16:30 часот
  • Одлични услови за работа во средина со амбициозен и професионален тим
  • Платата што ќе биде утврдена со договор.

Ако си заинтересиран, прати ни ги својата биографија и портфолио на [најави се за да го видиш е-маилот]  најдоцна до 06.10.2023 г.

Сакаш да те препорачаме кај компаниите?

Внеси нов оглас

барај огласи за вработување » барај останати огласи »