Промовирани огласи »

ЕСМ Снабдување со топлина ДООЕЛ Скопје ги повикува потрошувачите да ги завршат интервенциите на внатрешната грејна инсталација, да овозможат пристап на екипите на компанијата до топлинската станица и да обезбедат довод на електрична енергија во подстаницата со цел испораката на топлинска енергија во објектите кои се приклучени на системот за централно греење да се одвива непречено по почетокот на грејната сезона.

Како што се наведува во соопштението, согласно законските прописи, грејната сезона може да започне од 1-ви октомври доколку прогнозираната средна надворешна температура за наредниот ден е еднаква или помала од 12 степени според податоците од Управата за хидрометеоролошки работи.

За да може грејната сезона во објектите кои се приклучени на системот за централно греење да стартува навремено и испораката на топлинска енергија да се одвива непречено, потребно е потрошувачите да ги завршат интервенциите на внатрешната инсталација и истото веднаш да го пријават во Центарот за грижа за потрошувачи на ЕСМ Снабдување

Истовремено Заедниците на сопственици или Управителите на објектите потребно е да овозможат непречен пристап на службените лица до топлинската станица како и да обезбедат постојано напојување на топлинската станица со електрична енергија (платени сметки за електрична енергија за топлинската станица и функционална електрична инсталација).

Соработката од страна на потрошувачите и заедниците на сопственици е во интерес на сите страни за да се обезбеди навременa и квалитетна испорака на топлинската енергија, наведуваат од компанијата.

За сите неопходни информации или пријави за одредени интервенции, потрошувачите може да се јават во Центарот за грижа за потрошувачи на телефонските броеви 023076200 и 075400100 а подетални информации за моментално затворените објекти може да се добијат и на веб – страната на ЕСМ Снабдување со топлина на линкот Затворени објекти – ЕСМ Снабдување (esm-snabduvanje.mk).

Промовирани огласи »

Растат платите во Црна Гора. Просечната плата е 800 евра.

Просечната бруто плата во август изнесувала 995 евра. Ако се земе предвид дека потрошувачките цени во август во однос на јули бележат раст од 1,7 отсто, произлегува дека реалната заработка за истиот период бележи намалување од 1,4 отсто, објави Монстат.

Раст има во секторите Преработувачка индустрија и административни и помошни услужни дејности од 0,6 отсто, државна управа и одбрана: задолжително социјално осигурување 0,5 отсто и рударство и вадење камен и трговија на големо и мало; поправка на моторни возила и мотоцикли по 0,2 отсто.

Во однос на јули, просечната плата без даноци и придонеси во август е зголемена за 2,2 отсто во секторите сместување и услуги со храна, за 2,1 отсто во земјоделството, шумарството и рибарството и во недвижностите и за 1,6 отсто во градежништвото и другите услужни дејности.  Во секторот Уметнички забавни и рекреативни активности има пораст за еден процент, водоснабдување, управување со отпадни води 0,9 проценти.

Намалување на нето заработката во август, во однос на претходниот месец, е забележано во секторите здравство и социјална заштита за 1,2 отсто, стручни, научни и технички дејности за 1,1 отсто, финансиски и осигурителни дејности за 0,5 отсто, транспорт и складирање 0,3 отсто, снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација и информации и комуникации по 0,2 отсто и образование 0,1 отсто.

Во јануари минималецот во Србија ќе биде 401 евро. 

foto freepik.com/alexbrod89

Промовирани огласи »

ЈСП информира дека жичницата од недела (1.10.2023 год) ќе работи од 10 до 18 часот, притоа 17-17.30 часот ќе биде последно возење од долу нагоре, односно 17.45 часот последно возење од горе надолу.

Посоченото работно време е во согласност со одлуката за работно време на објектот за октомври и април, велат од ЈСП.

Од таму потсетуваат дека секој понеделник и секој последен вторник во месецот жичницата не работи поради редовни сервиси.

Од недела (1.10.2023 год), линијата 25 (Транспортен Центар – Средно Водно) ќе сообраќа по есенски режим на работа, дополнуваат од ЈСП. 

Промовирани огласи »

Народна банка на Македонија излезе со најнови податоци за движењето на каматните стапки во земјава. 

Просечната каматна стапка на вкупните кредити, во август годинава изнесува 5,49 отсто и е непроменета на месечна основа, додека на годишна основа е зголемена за 1,15 п.п. Просечната каматна стапка на вкупните депозити бележи месечен и годишен раст од 0,05 п.п. и 0,86 п.п., соодветно и изнесува 1,55 отсто. 

Во август, просечната каматна стапка на новоодобрените кредити бележи месечно намалување од 0,04 п.п. и изнесува 5,53 проценти, а на годишно ниво е зголемена за 1,49 п.п. 

Просечната каматна стапка на новопримените депозити изнесува 2,17 отсто и е пониска за 0,04 п.п. на месечна основа, при годишен раст од 1,25 п.п.  

Просечната каматна стапка на вкупните кредити на корпоративниот сектор, во август, остана на истото ниво од 5,36 отсто како и претходниот месец, додека на годишна основа оваа каматна стапка е повисока за 1,81 п.п.

Во август, каматната стапка на новоодобрените кредити на корпоративниот сектор изнесува 5,73 отсто и забележа месечен пад од 0,02. 

Во споредба со август минатата година, каматната стапка на новоодобрените кредити на корпоративниот сектор е зголемена за 2,01 п.п. Ова всушност значи дека за една година на фирмите кредитите им поскапеле за два процентни поени, и од тие причини многу компании се жалат дека се значајно зголемени нивните трошоци на работење.

Просечната каматна стапка на вкупните депозити на корпоративниот сектор, овој месец е зголемена за 0,06 п.п. и изнесува 2,08 отсто. 

Каматната стапка на вкупните кредити на домаќинствата изнесува 5,61 отсто и се задржа на истото ниво од претходниот месец, додека на годишно ниво оствари раст од 0,54 п.п. 

Во август, просечната каматна стапка на новоодобрените кредити на домаќинствата, оствари месечно намалување од 0,08 отсто и изнесува 5,24 отсто. 

На годишно ниво, просечната каматна стапка на новоодобрените кредити на домаќинствата бележи пораст од 0,75 п.п.

Каматната стапка на вкупните депозити на домаќинствата овој месец изнесува 1,50 отсто и бележи месечен раст од 0,06 п.п. Споредено со август минатата година, оваа каматна стапка е повисока за 0,84 п.п. 

Во август, каматната стапка на новопримените депозити на домаќинствата е намалена за 0,08 п.п. на месечно ниво и изнесува 2,32 отсто. Каматната стапка на новопримените депозити на домаќинствата на годишно ниво е зголемена за 1,35 п.п. 

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »