На листата на најбезбедни земји, според Глобалниот индекс на мирот, Исланд се смета за најбезбедна земја во светот.
Според објавениот список, Македонија е на 38. место, неколку места пред нас е Бугарија, а зад нашата држава се Албанија, Црна Гора, БиХ, Србија и Косово.
GPI ги рангира земјите според широк спектар на фактори, од нивоа на насилство и криминал до тероризам и меѓународни конфликти, според „Кликс“.
Втора на листата е Данска, делумно поради ниското ниво на владина корупција, а трета е Ирска, која скокна за пет места од истражувањето во 2022 година.
Кога станува збор за земјите од Балканот, најдобро позиционирана на листата е Словенија, која е на 8. место. Хрватска е на 14. место, Северна Македонија на 38., Босна и Херцеговина на 61. место и Србија на 65. место, што ја прави најлошо позиционирана земја на Балканот, пренесува медиумот.
На другиот крај од спектарот, според написите, се земјите што страдаат од војна, широко распространето насилство и политичка нестабилност, што ги прави неверојатно несигурни – Авганистан, Јемен, Сирија, Русија и Јужен Судан.