Промовирани огласи »

Од денеска стапува на сила новата стапка на Данокот на додадена вредност од 10 отсто, наместо најниската од пет отсто, за голем дел од прехранбените производи.

Како што објави ТВ „Сител“, листата производи брои над илјада артикли. Меѓу нив на списокот кој веќе го добиле трговците се брашното, лутеницата, цвеклото, фефероните, мајонезот, сите видови апетисани, компоти, конзервирана храна, полнети макарони, тортиљи, нудли.

На списокот наоѓаат и џигерот, сладоледот, потоа сите видови замрзната риба, освен осличот, пастрмката и пангата,  а 10 отсто ДДВ ќе има и за замрзнатите теста, млечните и сирни намази, сирењето и урдата, зденката, пармезанот, ајдемер и гауда кашкавалот, павлаката за готвење, растителните сирења и намази.

Поскапува и храната за децата – гризот, овесните снегулки, муслите, сладоледот, еурокремот, сите видиви бонбони, чипсот, потоа чаевите, тропското овошје, сите видово сушено овошје, сусамот, сончогледот, инстант кафињата, наполитанките, црниот бибер, мастиките, најголем дел од зачините…

Како што е познато, во Собранието деновиве поминаа измените со кои се овозможи примена на нова данопчна стапка на ДДВ од 10 отсто, покрај основната од 18 отсто и повластената од пет отсто.

Со зголемување на ДДВ во буџетот власта очекува да се соберат дополнителни 70 милиони евра. 

Промовирани огласи »

Цените на становите во Скопје во третиот квартал годинава бележат раст од 2,9 проценти во однос на претходниот квартал, а на годишно ниво од 11 проценти, објави денеска Народната банка.

Во првиот квартал годинава цените на становите забалежаа раст од 18,8 проценти на годишно ниво, односно од 1,3 отсто на квартално ниво, а во второто тримесечие од 1,6 отсто, односно од 12,9 отсто.

Во првиот квартал лани недвижностите поскапеа за 12,4 отсто на годишно ниво, по што следеше раст, од 16,6 отсто во вториот квартал, од 21,2 отсто во третиот и од 20,6 проценти во четвртиот квартал.

Претседателката на Групацијата за недвижности при Стопанската комора на Македонија Лилјана Ковачева, преходно во изјава за МИА оцени дека кај цените на недвижностите во последните месеци се бележи стабилизација и ќе нема промени подолг период.

На крајот на минатата година по завршувањето на Ковид кризата на пазарот на недвижности значително се зголеми побарувањето. Истовремено, како резултат на воениот судир во Украина и енергетската криза значително се зголемија цените на градежите материјали, што доведе до зголемување на цените на новите градби, а зголемената побарувачка на пазарот доведе до тоа зголемените цени пазарно да се прифатат. Сепак, според мое мислење, продавачите ги зголемија цените повеќе од што пазарот може да прифати и поради тоа, по првото тримесечје настана извесен застој со мала корекција на цените во правец на нивно намалување. Според мене, она што се случува во последните неколку месеци е всушност стабилизација на цените на одредено ниво и престанок на растот што беше забележлив пред тоа и моето мислење е дака подолг период во иднина нема да има промени во цените, изјави Ковачева.

Народната банка го подготвува индексот на цените на становите за територијата на Скопје, врз основа на податоци кои се однесуваат на огласите за продажба објавени од агенциите коишто се занимаваат со промет со недвижности.

Промовирани огласи »

Се чини дека Европскиот совет попушти под притисокот на автомобилското лоби и нормата Еуро 7 е толку релаксирана што, наводно, нема суштински разлики во однос на Еуро 6.

Со стандардот Еуро 7 за нови возила, планот на Европската комисија беше дополнително да се ограничат емисиите. Имплементацијата требаше да се реализира во 2025 година, а до 2035 година Еуро 7 да ги намали вкупните емисии од автомобилите и комбињата за 35 отсто во споредба со стандардот Еуро 6 и за 56 проценти во споредба со стандардот Еуро 6 за автобуси и камиони.

Истовремено, честичките од издувните цевки на автомобилите и комбињата би се намалиле за 13 отсто, а од автобусите и камионите за 39 проценти, додека честичките од сопирачките на автомобилите би се намалиле за 27 отсто.

Сега, се чини, Европскиот совет попушти под притисокот на автомобилското лоби и нормата Еуро 7 е толку релаксирана што, наводно, нема суштински разлики во однос на Еуо 6.

Нема да има промена во издувните гасови, но од друга страна, се чини дека купувачите на поекономични автомобили не треба да се грижат. Имено, со претходно најавениот Euro 7 стандард, автомобилите како Dacia Sandero, VW Polo и Renault Clio би биле поскапи и до 5.000 евра (поради новите технологии).

Растот на цените сега е спречен, но по цена на повисоки емисии на штетни гасови и фини честички.

Autocar исто така известува дека 2,9-литарскиот V6 мотор на Alfa Romeo, кој ги придвижува верзиите Quadrifoglio на Giulia и Stelvio, ќе опстане поради новите релаксирани регулативи, со 510 КС. Очекувајте низа слични најави од други автопроизводители деновиве...

Фото: Принтскрин/Твитер

Промовирани огласи »

Чест ни е да најавиме дека KARIERA.mk беше дел од група формирана во рамки на Активноста на USAID North Macedonia за млади кои активно создаваат можности, имплементирана од организацијата IESC, во партнерство со Младински образовен форум - МОФ / Youth Educational Forum -YEF и CEED Hub Skopje.

За време на првиот состанок на советодавната група, претставници од младински организации, стартапи и бизниси, разменија идеи и препораки за тоа што сакаат младите и како да ги подобрат своите можности за кариера и практиканти, развој на вештини и граѓански ангажман.

Да ги поддржиме младите генерации и да создадеме неверојатни можности за голема иднина!

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »