Промовирани огласи »

Се чини дека Европскиот совет попушти под притисокот на автомобилското лоби и нормата Еуро 7 е толку релаксирана што, наводно, нема суштински разлики во однос на Еуро 6.

Со стандардот Еуро 7 за нови возила, планот на Европската комисија беше дополнително да се ограничат емисиите. Имплементацијата требаше да се реализира во 2025 година, а до 2035 година Еуро 7 да ги намали вкупните емисии од автомобилите и комбињата за 35 отсто во споредба со стандардот Еуро 6 и за 56 проценти во споредба со стандардот Еуро 6 за автобуси и камиони.

Истовремено, честичките од издувните цевки на автомобилите и комбињата би се намалиле за 13 отсто, а од автобусите и камионите за 39 проценти, додека честичките од сопирачките на автомобилите би се намалиле за 27 отсто.

Сега, се чини, Европскиот совет попушти под притисокот на автомобилското лоби и нормата Еуро 7 е толку релаксирана што, наводно, нема суштински разлики во однос на Еуо 6.

Нема да има промена во издувните гасови, но од друга страна, се чини дека купувачите на поекономични автомобили не треба да се грижат. Имено, со претходно најавениот Euro 7 стандард, автомобилите како Dacia Sandero, VW Polo и Renault Clio би биле поскапи и до 5.000 евра (поради новите технологии).

Растот на цените сега е спречен, но по цена на повисоки емисии на штетни гасови и фини честички.

Autocar исто така известува дека 2,9-литарскиот V6 мотор на Alfa Romeo, кој ги придвижува верзиите Quadrifoglio на Giulia и Stelvio, ќе опстане поради новите релаксирани регулативи, со 510 КС. Очекувајте низа слични најави од други автопроизводители деновиве...

Фото: Принтскрин/Твитер

Промовирани огласи »

Чест ни е да најавиме дека KARIERA.mk беше дел од група формирана во рамки на Активноста на USAID North Macedonia за млади кои активно создаваат можности, имплементирана од организацијата IESC, во партнерство со Младински образовен форум - МОФ / Youth Educational Forum -YEF и CEED Hub Skopje.

За време на првиот состанок на советодавната група, претставници од младински организации, стартапи и бизниси, разменија идеи и препораки за тоа што сакаат младите и како да ги подобрат своите можности за кариера и практиканти, развој на вештини и граѓански ангажман.

Да ги поддржиме младите генерации и да создадеме неверојатни можности за голема иднина!

Промовирани огласи »

Жителите на општина Зрновци конечно го дочекаа првото новороденче во 2023 година. На акушерското одделение при Општата болница со проширена дејност во Кочани се роди здраво машко бебе, како петта рожба во семејството на Тања и Горан Атанасови, кои веќе имаат четири сина.

Градоначалникот на Зрновци Борчо Коцев денеска ги посети новороденчето и мајката во болницата, им врачи цвеќе и подароци и најави голема помош и поддршка за семејството.

-Изразувам огромна благодарност до раководниот и акушерскиот медицински тим во болницата што овозможија породувањето да помине во најдобар ред. Со оглед што се работи за многудетно семејство во социјален ризик, нашата локална самоуправа, заедно со детската градинка „Бисерчиња“, ќе даде максимална поддршка. Бебето, кое ќе го носи името Мартин, ќе добие бесплатен петгодишен престој во градинката, потоа вредносен ваучер во висина од 50 илјади денари за потребните набавки од аптеките, а ќе спроведеме и процедура за доделување градежна парцела од 500 квадратни метри за изградба на нов дом за семејството. Четирите братчиња на новороденчето, кои се ученици во ОУ „Синиша Стоилов“ ќе добијат парична стипендија, истакна градоначалникот Коцев.

Породувањето го извршил единствениот гинеколог со кој во моментот располага кочанската болница, а бебето се родило со тежина од околу 3,5 килограми и должина од 50 сантиметри.

-Имаше спонтано пораѓање што го извршивме заедно со дежурните акушерки, новороденчето беше со добар апгар тест, го прегледа педијатар и ја следи неговата здравствена состојба. Наскоро мајката и бебето ќе бидат пуштени дома, истакна Илчо Атанасовски, специјалист по гинекологија и акушерство во Општата болница.

Од раководството на Општата болница во Кочани го честитаа раѓањето на новиот жител на Зрновци и најавија дека се работи на кадровско подобрување и зајакнување на одделот за гинекологија и акушерство.

Во средината на идната година се очекува враќање од специјализација на четири гинеколози.

Промовирани огласи »

Енергетската криза го зголеми темпото на енергетската транзиција и инвестициите во обновливи извори ја намалија значајно цената на електрична енергија преку ден, со што се создадоа услови за домаќинствата да може да користат поевтина електрична енергија преку ден посочи Марко Бислимоски, претседателот на Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ) на трилатералниот состанокот на Асоцијацијата на Медитеранските регулатори за енергетика МЕДРЕГ, Бордот на регулатори на енергетската заедница и Совет на европските регулатори за енергетика.

Дневна евтина тарифа ќе стартува во декември, граѓаните ќе можат да ја користат во периодот од 13 часот до 15 часот и секако останува на сила и ноќната евтина тарифа од 22 часот до 7 часот изутрина. Нашата држава, како и цела Европа се соочи со енергетска криза, но беше мотивирачка кај сите и се започна со интензивен циклус со инвестиции во капацитети што произведуваат струја од обновливи изври на енергија. Ние тоа го нарековме Елдорадо на инвестиции во обновливи извори. Во овој период, во време на енергетска криза за 20 % го зголемивме инсталираниот капацитети, со што се релаксира состојбата во енергетската слика кај нас. Стравот од високи сметки, се покажа како најголема мотивација за да се стартува со интензивен инвестициски циклус, кој пак даде резултат со што се намали увозната зависност и од традиционалните нотирани 30 % увоз на електрична енергија, процентот се преполови и сега изнесува 15 % во првите неколку месеци од годинава. Следен чекор е да се редизајнира помошта кон ранливите категории и значајно да се зголеми на оние лица на кои им е потребно, посочи Бислимоски.


Претседателот на МЕДРЕГ Абделатив Бардах алармираше дека е неопходно земјите да работат на инклузивен пристап на енергенси кон крајните потрошувачи, додека реформите во енергетскиот сектор мора да продолжат без оглед на геополитичките случувања.

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »