Промовирани огласи »

Светскиот ден на менталното здравје (10 октомври) е ден каде треба да се обрне внимание за нашето менталното здравје и да се покаже дека менталното здравје е важно. Исто така да им дадете до знаење на луѓето дека е во ред да побарате помош, без разлика низ што поминувате.

Општата цел на Светскиот ден на менталното здравје е да се подигне свеста за проблемите со менталното здравје ширум светот и да се мобилизираат напорите за поддршка на менталното здравје.

Денот дава можност за сите засегнати страни кои работат на проблеми со менталното здравје да зборуваат за нивната работа и што повеќе треба да се направи за да се направи грижата за менталното здравје реалност за луѓето ширум светот.
 

Промовирани огласи »

Во Министерството за финансии во секој момент се очекува да се одржи состанок со увозниците на моторни возила по најавите за зголемување на данокот за увоз на автомобили.

Зголемувањето на данокот за дел од возилата е предвидено со измените на Уредбата за начинот на пресметка на данок на моторни возила, кој е изработен во рамки на проектот со Светска банка за унапредување на оданочувањето на моторни возила.

Како што дознаваме, целта на измените е да се поттикне увозот на еколошки прифатливи и енергетски ефикасни возила, кои ќе ја намалат загаденоста од издувните гасови и ќе го подобрат квалитетот на животот на граѓаните.

Од Министерството исто така брифираат дека измените ќе донесат дополнителни приходи за буџетот, кои ќе се користат за поддршка на зелената економија и за развој на инфраструктурата.

Но, увозниците на моторни возила не се согласуваат со ова тврдење и бараат од Владата да го повлече предлогот за измена на Уредбата.

Тие велат дека ова ќе има негативни последици за нивната индустрија, која веќе е тешко погодена од пандемијата на коронавирусот и од економската криза.

Еден од нив е Борис, сопственик на авто-плац во Скопје, кој редовно увезува автомобили од странство и ги продава во Македонија. Тој вели дека поскапувањето на возилата ќе биде нов удар врз неговиот бизнис.

Јас работам со увоз на половни автомобили од Европа, чија цена е прифатлива за македонскиот пазар. Сега со новите даночни стапки, ќе морам да ја зголемам цената на возилата за околу 10 до 15 проценти, што значи дека ќе имам помалку купувачи. Ова ќе ми го намали приходот и ќе морам да го смалам бројот на вработени. Не ме сфаќајте погрешно, немам ништо против зелената политика, но мислам дека ова не е праведно решение за сите увозници, изјави нашиот соговорник.

Министерството за финансии сè уште не дало официјален термин за состанокот со увозниците на моторни возила, но според извори од Министерството, тој би требало да се одржи до крајот на денот.

Промовирани огласи »

KARIERA.mk со гордост најавува уште една ексклузивна работилница на 16.11.2023 во Marriott Hotel, Скопје која ќе отвори многу нови сфери за размислување во креативниот дел на маркетингот и вештачката интелегенција. 

Купете EARLY BIRD влезница ТУКА за 3.400 ден.

Hugo Faustino, голем професионалец во креативната индустрија, ќе ни ги претстави најдобрите практики од NIKE и CISCO каде во своето долгогодишно работно искуство учествувал во безброј проекти и применувал одлични тактики кои ги отвараат вратите на маркетинг иднината. 

Дел од темите кои ќе бидат опфатени на еднодневната работилница ќе бидат менаџирање на маркетинг кампањи, правилно следење и мерење на однесувањето на публиката и начини за предвидување на трендовите, создавање на нови креативи со помош на AI кои водат до успешно лансирање на продукти и сервиси од вашите компании, интерактивни вежби на работилницата кои ќе ви дадат нови идеи како подобро да ја позиционирате вашата компанија на пазарот, основи на AI модели и на кој начин најдобро фукционираат, како да ја искористите базата на податоци која ја поседувате за да изработите графикони кои ќе ви ја покажат вистинската ситуација и многу други одлични теми од иднината! 

Официјалната агенда за насатанот:

Early Bird влезниците се пуштени во продажба од 10.10.2023 до 27.10.2023
Придружете се на настанот со регистрирање и купување на влезници ТУКА

Се гледаме на 16ти ноември полни со очекувања за иднината и одлично расположение!

Промовирани огласи »

Вредноста на Синдикалната минимална кошничка за четиричлено семејство за месец септември изнесува 48.379 денари, покажуваат податоците на Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ). Споредено со претходниот месец, минимална синдикална кошница е намалена за 966 денари, што, според ССМ, е резултат на загарантираните цени на прехранбените производи.

Со зголемувањето на ДДВ на истите тие производи, повторно ќе дојде до зголемување на вредноста на потрошувачката кошничка, односно претходната мерка на загарантирани цени на основните прехранбени производи нема да има никаков ефект. Затоа, ССМ бара од Владата сериозно да ја ревидира и коригира листата на производи кои се дел од секојдневието на граѓаните и за истите да ја врати стапката на ДДВ од пет проценти, потенцираат од ССМ.

Оттаму, истакнуваат дека одлуката за определување стапка на ДДВ која ќе се зголеми од 5 на 10 отсто, е непромислена и несоодветствува на реалните состојби на сиромаштија и зголемени трошоци за живот кои се карактеристични за голем дел од населението, пред сè, поради ниските плати и над 120 000 вработени кои се на минималец.

Предлагаме ДДВ-то од 10 отсто да остане само за оние луксузни прехранбени производи кои се купуваат од мал број граѓани и се консумираат ретко. Доколку остане оваа листа на предложени прехранбени производи чии износ на ДДВ се зголемува на 10 отсто, за луксуз ќе се сметаат и производи за секојдневна употреба како што се: сирењето, конзервирана храна, гриз, чај и друго, велат од ССМ.

Сојузот на синдикати на Македонија потсетува дека, според последниот податок на Државниот завод за статистика, објавен во 2020 година, 21,8 отсто од населението е сиромашно. ССМ предупредува дека поради сегашната економска состојба, доцнење на мерките на Владата, порастот на цените на прехранбените производи, пораст на стапката на ДДВ од 5 на 10 проценти се очекува понатамошно зголемување на стапката на сиромаштија на населението до 25 отсто.

Потребни се брзи и сериозни мерки во областа на економијата преку нови инвестиции и вложувања, развој на нови производни капацитети, зголемување на поддршката и субвенционирање на одделни стопански области, што ќе доведе до зголемување на платите и намалување на сиромаштијата на населението, нагласуваат од ССМ.

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »