Промовирани огласи »

До крајот на годината остануваат уште два неработни дена.

Следниот е 23 октомври што се паѓа споен викенд, а по него следува уште еден споен викенд, односно 8 декември (петок).

Согласно со Законот за празниците на Република Македонија (Сл.весник на РМ број 21/98 и 18/07) во 2023 година неработни денови се:

За сите граѓани на РСМ

• 23 октомври (понеделник), Ден на Македонската Револуционерна Борба

• 8 декември (петок), “Св. Климент Охридски”.

За граѓаните од католичка вероисповед

• 1 ноември (среда), Празникот на сите светци,

• 25 декември (понеделник), првиот ден на Божик.

За граѓаните припадници на албанската заедница во РСМ

• 22 ноември (среда), Ден на Албанската азбука,

За граѓаните припадници на турската заедница во РСМ

• 21 декември (четврток), Ден на настава на турски јазик. 

Промовирани огласи »

Малопродажните цени на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ1), се намалуваат за 2,00 ден/лит, во однос на малопродажните цени утврдени со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 09.10.2023 година. 

Малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) изнесува 81,00 ден/лит, додека малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) изнесува 80,00 ден/лит.
Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 и на Мазутот М-1 НС не се менуваат, односно остануваат на исто ниво како што биле утврдени со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 09.10.2023 година и со тоа малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 81,00 ден/лит, малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-98 изнесува 83,00 ден/лит, додека малопродажната цена на Мазутот М-1 НС изнесува 45,087 ден/кг. 

Промовирани огласи »

Витамините, цигарите, антидепресивите од петок со повисока цена. За 5 денари по кутија поскапуваат сите цигари, чија акциза се зголемува согласно законските измени. Поскaпо ќе се продаваат и пурите и цигаросите, како и електронските цигари. Само со заголемување на акцизата Владата планира во буџетот да собере 13 милиони евра. За пушачите ќе има нов удар по Нова година кога акцизата дополнително ќе се зголеми за 0,23 денари по парче, или нови 5 денари. Согласно законот, секој 1 јануари во наредните 6 години, односно до 2030 акцизата ќе зголемува.

Во петок исто така ќе поскапат околу 500 суплементи, меѓу кои витамините за трудници и додатоците на исхрана неопходни за раст и развој на доенчиња и деца. Листата производи чие ДДВ се зголемува од 5 на 10 отсто ќе биде објавена утре, а ќе стапи на сила веќе следниот ден. По повисока цена ќе се продаваат сите мултивитамински препарати, кои содржат витамин Б, Д и Е, магнезиум, витамин Ц од 1,000 милиграми, препарати за поддршка на работа на црниот дроб, простатата, очите, кесички со електролити за дехидрација, пробиотици, додатоци за вознемиреност или несоница.

Со поскапувањата ќе се зголемат трошоците за живот, предвидува и ММФ во најновиот извештај. Наспроти очекувањата на власта дека инфлацијата до крајот на година ќе достигне 5, 6%, Меѓународниот фонд прогнозира 10 процентна инфлација, што е меѓу највисоките во регионот. Поголема, над 12 отсто ќе има само Србија. Високата инфлација и високите каматни стапки се ризик за глобалниот економски раст, предвидува ММФ, кој ќе биде значително помал од првичните прогнози, а инфлацијата нема да се врати на посакуваното ниво до 2025.

Во Извештајот ММФ прогнозира дека македонската економија оваа година ќе има раст од 2,5%, глобалната 3 осто, развиените економии само 1,5, а земјите од еврозоната 0,7 процентен раст.

Промовирани огласи »

Синдикатот на контролори на летање го извести Еуроконтрол дека утре од 11 до 17 часот нема да има слетувања и полетувања од аердромите во Скопје и Охрид.

За одлуката, веќе е известена Унијата на синдикати на контролата на летање на Европа. Во тој период ќе штрајкуваат вработените од контролата на летање поради партиски вработувања и непрофесионализам од страна на раководството.

Претседателот на Синдикатот на контролори на летање Александар Тасевски ги демантираше изјавите на директорот Фахрудин Хамиди дека се прифатени барањата на Синдикатот на контролорите и оти е постигната спогодба поради која се става најавениот штрајк за 12.10.2023 година во период од 11ч. до 17ч. во мирување.

Вработените во М-НАВ велат дека Хамиди и натаму доставува нови барања за вработување на непотребни лица, во служби во кои веќе има превработеност.

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »