Промовирани огласи »

Трошоците што граѓаните ги плаќаат во постапките се енормни, и затоа, граѓанските организации бараат нивно намалување. Проблемот е што некогаш и за минимална сума долг потоа се враќаат огромни износи доколку случајот заврши пред извршител. Едно од ветувањата на актуелната Влада, во предизборната кампања на последните парламентарни избори беше дека ќе следуваат законски измени со кои трошоците за извршителите ќе бидат намалени.  

„Ќе го намалиме надоместокот за извршителите и за должниците кои се социјални случаи, извршувањетоќе биде без наплата на извршителска тарифа. Ќе воведеме ограничувања според кои судските такси и трошоци нема да можат да бидат повисоки од 20% од спорот, а кумулативот на каматите нема да смее да биде повисок од висината на главнината, за сите семејства чии просечен месечен приход е понизок од една просечна месечна плата, се наведува во програмата на СДСМ.

Извршителската дејност беше воведена пред десет години. Оттогаш досега, тие од граѓаните успеале да наплатат долг од 830 милиони евра. Само во 2015 година, од кога датира последниот извештај на Комората на извршители, поднесени се 352  претставки за работата на извршителите. Најголемиот дел од претставките се поднесени токму од должниците. Сепак, претставките против извршителите најчесто се констатира дека се без основа.

Дополнително, Комората на извршители смета дека процентот на поднесени претставки за работата на извршителите е низок со оглед на бројот на примени предмети, што во 2015 годин изнесувале околу 154 илјади.  

Но, извршителската дејност  очигледно е вносна, ако се земат во предвид, приходите и добивките што тие ги имаат. Па така, само минатата година, на сметките на десетте извршители со најголеми приходи се слеале близу 4 милиони евра, додека пак истите десет извршители заработиле 1,1 милиони евра.

Извршителот, Гордан Станковиќ минатата година имал приходи од околу 600.000 евра. Пријавил расходи од околу 330 илјади евра, од кои околу 100 илјади евра се за бруто плати за вработените.  

По што, добивката на извршителот Станковиќ за лани изнесува 267 илјади евра.  

Зоран Петрески, кој до неодамна беше претседател на Комората на извршители, лани имал приходи од 503 илјади евра. Расходите изнесувале 276 илјади евра, од кои за бруто плати на вработените се потрошени околу 61 илјади евра. Со тоа на извршителот Петрески заработил 227 милиони евра.  

Извршителката Снежана Андреевска, минатата година имала приходи од 415 илјади евра, а пријавила расходи од 368 илјади евра, од кои за бруто плати на вработените се платени 85 илјади евра. Со тоа, на Андреевска и останале како добивка 47 илјади евра.

Гордана Џутеска, извршител од Струга минатата година имала приходи од околу 380 илјади евра. Расходите што ги пријавила изнесувале 197 илјади евра, од кои за исплата на бруто плати за вработените се потрошени 48 илјади евра. Со ова како заработка на Џутеска и останале 184 илјади евра.

Андреја Буневски, извршител од Скопје минатата година имал приходи од околу 377.700 евра. Пријавил расходи од 377.500 евра, од кои најголемиот дел се во ставката други расходи, додека за бруто плати за вработените потрошил 33 илјади евра. Со вака прикажаните трошоци на Буневски му останале како добивка само 200 евра.  

Извршителката Фанија Каламатиева имала приходи од 352.700 евра. Но, пријавила расходи од 320.500 евра, од кои најголемиот дел се во ставката други расходи, додека за бруто плати се исплатени околу 50 илјади евра. Со тоа, на Каламатиева лани пријавила дека имала добивка од 32.200 евра.

Даница Страчкова, извршител од Скопје лани имала приходи од 344.400 евра. Пријавила расходи од 262.100 евра, од кои за исплата на бруто плата за вработените 78 илјади евра. Со тоа како добивка на Страчкова и останале 82.300 евра.

Извршителката Весна Јакимовска од Гостивар, лани имала приходи окколу 298 илјади евра. Како расходи е пријавена сума од 236.500 евра, од кои за бруто плати за вработените се исплатени 83 илјади евра. Со тоа, Јакимовска, како добивка минатата година имала сума од 62.000 евра.

Магдалена Симовска Давидовиќ извршител од Скопје 260.700 евра. Имала расходи од 144.700 евра, од кои за бруто плати за вработените е потрошена сума од 41.500 евра. Така, на Давидовиќ и останала како добивка сума од  116.000 евра.

Извршителот од Квадарци Љупчо Јованов минатата година имал приходи од 252.000 евра. Како расходи пријавил сума од 163.900 евра, од кои за бруто плата на вработените се платени 42.700 евра. Со тоа, добивката на Јованов за минатата година изнесува 88.000 евра. 

Промовирани огласи »

Додека порано вработените мајки чувствуваа вина за тоа што го оставаат детето за да одат на работа, новите истражувања покажуваат дека работите на тоа поле се релативно променети.

Неодамнешно истражување покажа дека само 13 % од мајките чувствуваат вина што го оставаат детето додека одат да работат.

Всушност, ова истражувања покажува дека вработените мајки се далеку позадоволни од својот живот од оние кои некогаш останувале дома и чувале деца.



Од околу 900 испитани мајки, скоро половина (48%) изјавиле дека работата ги чини среќни и исполнети.

Иако, често се мисли дека вработените мајки се исцрпени и незадоволни бидејќи од канцеларија трчаат по своето дете и буквално немаат ниту секунда за себе, реалноста е малку поинаква. Поголемиот дел од модерните жени сакаат да работат и да живеат таков живот. 



Домаќинките кои беа меѓу испитаничките изјавиле дека се чувствуваат несреќно и неисполнети и воедно неценети во друштвото.

Промовирани огласи »

22-годишната Кери Ванардој, келнерка во ресторанот „WingHouse” на Флорида, добила бакшиш од 1.000 долари на сметка од 29 долари. Прво мислела дека станува збор за 10 долари, но потоа здогледала уште две нули.

Не сум навикната на тоа. Прво мислев дека станува збор за 10 долари, затоа што тоа беше добар бакшиш за таа сметка. Но, на банкнотата имаше уште две нули“, вели таа и признава дека се расплакала кога сфатила колкава сума на пари добила.

Оваа девојка која работи две работи веќе пет години е келнерка во овој ресторан. Досега живеела во мал стан, а сега со своето момче и синот ќе може да се всели во поголем стан благодарение на овој бакшиш.

Дарежливите странци во нејзиниот ресторан нарачале крилца, сок и сирење, а во истиот ресторан претходно оставиле бакшиш од 500 долари.

 Ми рече дека ќе биде мој ангел чувар ако некогаш ми притреба нешто, а јас не направив ништо за нив, па сето тоа ми беше само симпатично“, вели збунетата девојка.

Менаџерот на ресторанот Дејвид Ешенфелдер, кој со оваа работа се занимава веќе 25 години, вели дека никогаш не му се случило вакво нешто и дека ова му ја вратило вербата во луѓето.

Промовирани огласи »

Никол Бар, која има само 15 години, на тестот за интелигенција постигнала неверојатни 162 поени.

Kоефициент којшто е повисок и од оној на Ајнштајн (160) и Хокинг (160).

Токму тоа го променило нејзиниот живот целосно. Денес таа е ученик во престижната школа "Burnt Mill Academy" во Харлоу, а нејзината цел се студиите по медицина на Универзитетот Оксфорд.

Нејзината мајка открила дека Никол со само две години решавала прости математички задачи, а пред десеттата ги решавала и оние комплицираните. Денес нејзини омилени предмети се математиката и глумата, додека во слободното време таа го изучува мандаринскиот јазик.

Никол има и своја омилена книга, "A Brief History of Time", од Стивен Хокинг, а нејзиниот IQ е откриен на стандардното тестирање коешто го спроведува МЕНСА.

После онлајн тестирањето, нејзиниот татко ја одвел и на официјалниот тест, а нејзиниот резултат буквално ја воодушевил цела Велика Британија.



Никол, сонува за тоа да стане лекар. Неодамна таа го посетила и Универзитетот Оксфорд, но и Европскиот парламент во Брисел.

Никол била учесничка и на "Roma Youth Empowerment" конференцијата во Велика Британија, кадешто привлекла огромно внимание. Сите посакале да дознаат многу повеќе информации за Никол Бар.

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »