Промовирани огласи »

На посетителите во Амстердам ќе им се наплаќа највисоката туристичка такса во Европа од 2024 година, во обид да се намали хаосот во градот и ефектите од масовниот туризам.

Зголемувањето на цената ќе биде до 12,5 отсто, што значи дека со просечна цена за ноќевање од 175 евра по лице, данокот за престој ќе порасне од 15,25 на 21,80 евра за ноќ.

За споредба, туристичките такси во Барселона во просек се околу 2,25 евра по лице на ден, додека во Париз генерално може да се очекува да платите околу 4 евра по лице за ноќ, пишува Lonely Planet.

Туристичката такса ја зголемува цената со што посетителите би дале поголем придонес за градот, а мерката ќе придонесе и за борба против нередот и масовниот туризам“, најавуваат градските власти. Амстердам, дом на еден милион луѓе, во последните години се мачеше да се справи со 20 милиони посетители годишно, од кои многумина поминуваа само еден ден во градот.

Со цел да се одржи квалитетот на животот во Амстердам, градот работи на спречување на типот на туризам кој предизвикува непријатности кај населението како и кај туристите и постави максимален број посетители, соопштија властите.

Амстердам долго време е магнет за хедонисти, кои најчесто ги привлекуваат кафулињата за марихуана и квартот на црвените фенери, а на градот му се гади од сè почесто пијанство и немири. Така, на пример, оваа година на британските туристи им беше кажано да ги организираат своите често развратни ергенски забави на друго место.

ФОТО: Unsplash/Gaurav Jain

Промовирани огласи »

Важно е да останете позитивни на работа за да ја одржите вашата продуктивност. Понекогаш можеби е многу тешко да останете позитивни и да ја видите чашата полуполна. Меѓутоа, за да се однесувате професионално и да продолжите да ја работите својата работа, треба да научите како да го подигнете вашето расположение.

Подолу можете да најдете неколку едноставни совети кои ќе ви помогнат секогаш да бидете позитивни на работа.

  • Насмевнете се и кажувајте позитивни работи

Вистинската насмевка ќе му испрати на вашиот мозок позитивни сигнали, така што ќе почнете да ги гледате работите на позитивен начин. За да го задржите овој позитивен став, кажете работи како „звучи одлично“, „Би сакал“ и „благодарам“. Гледањето на доброто во работите и покажувањето ценење на другите ќе ви помогне да останете позитивни цел ден.

  • Градете односи со соработниците

Не мора да бидете најдобри пријатели со вашите соработници или да го знаете секој детал од нивниот живот. Меѓутоа, ако имате пријателски и почитуван однос со вашите соработници, менаџери и други, вашето работно место ќе изгледа попозитивно. Запомнете, ги гледате овие луѓе најмалку 40 часа неделно, што е повеќе отколку што ги гледате вашите вистински пријатели. Затоа, ако ги третирате на убав начин ќе ви го олесни животот.

  • Украсете го вашето биро

Поголемиот дел од времето го поминувате во канцеларија на вашето биро. Затоа, украсете го вашето биро со слики од најблиските, сувенири од местата што сте ги посетиле и мотивациони картички за мото. Можете да понесете и своја шолја за кафе, некои билки или постери од вашите омилени филмови. Ако го направите вашиот работен простор удобен и додавајќи свој допир ќе се чувствувате посреќни.

Промовирани огласи »

До крајот на месецов, најдоцна до понеделник или до вторник ќе ја донесеме одлуката за цената на парното греење во Скопје, бидејќи е исполнето она на што инсистиравме и што го баравме четири месеци – започнаа активности за санација на цевководот на мостот „Беласица“ во Скопје, изјави денеска претседателот на Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) Марко Бислимоски.

При носењето на одлуката, како што кажа, РКЕ ќе оди со претпоставка дека цевководот на мостот „Беласица“ е целосно во функција и во калкулациите за цената ќе влезе со енергијата која вообичаено се добива од ТЕ-ТО.

Постапката за определување на цената на парното ќе ја продолжиме со податоците од компаниите кои ги добивме во јуни. Дополнително во текот на вчерашниот ден побаравме одредени апдејтирани податоци за трошоците за набавка на природен гас, бидејќи се поминати веќе три месеци.  Тоа го направивме со цел да имаме поточна и попрецизна одлука. Со тоа ќе користиме податоци од претходно и податоци кои ќе ги добиеме денеска или утре, изјави Бислимоски на паузата на Инаугуративната конференција „За зелена иднина – насоки за транзиција кон обновливи извори на енергија“  во организација на Македонско здружение за енергија од обновливи извори (МАРЕС).

Нагласи дека РКЕ нема да дозволи никакви ценовни шокови.

Вообичаено има инфлација, зголемени трошоци за набавка на одредени материјали како што е во сите индустрии, но најголемиот трошок се однесува на цената на природниот гас и на топлината која треба да се набави од ТЕ-ТО. Во најголем дел при носењето на одлуката за цената ќе бидеме сконцентрирани токму на овие трошоци. Со оваа одлука треба да се врати и заемот што го даде Владата во јануари 2022 година. Дали заемот ќе го вратиме одеднаш или на одреден период зависи како ќе изгледаат резултатите за крајната цена, прецизира Бислимоски.

Изрази надеж дека и во наредниот период ќе продолжат поддршката и субвенциите од страна на Владата и додаде дека за тоа не носи одлука РКЕ, туку Владата.

Верувам дека ќе се изнајде начин како и понатаму да им се помага на граѓаните на Градот Скопје во делот на цената на топлинската енергија, истакна Бислимоски.

Посочи дека одлуката што ќе ја донесат нема да подложи на ревидирање и доколку Бугарија не се повлече од таксата што ја воведе за транспорт на руски природен гас.

Нашата одлука нема да има ревидирање. Согласно податоците што ги имам во текот на минатата недела имало тендер за набавка на природен гас од страна на ЕСМ и цената која ја добиле е во рамките на очекуваното и во однос на цената на најголемата берза во Холандија. Најверојатно таму се веќе влезени и тие 10 евра, рече Бислимоски.

Промовирани огласи »

Знаеме дека Македонија има навистин астар возен парк, каде според последните податоци просечната старост на автомобилите што се возат по нашите улици е релиси 20 години години. Во споредба со земјите членки на ЕУ, тоа е далеку под просекот.

Во Европската унија (ЕУ) се регистрирани 250 милиони патнички автомобили, а според последните податоци нивната просечна старост е 12 години.Германците не се на врвот по број на автомобили по глава на жител, Полјаците се. Податоците се анализа на европската асоцијација ACEA, која е дел од поголема студија наречена Automotive Industry 2023/2024.

Според истражувањата, просечната старост на лесните комерцијални возила во ЕУ е 12 години, додека автобусите (12,7 години) и камионите се малку постари (14,2 години).

Најлоши на листата се Грците со просечна возраст од 17 години, а потоа следат Естонците со 16,8 години. Грција има и највисока просечна старост на возила – просечна старост на лесни транспортни возила (20,8 години), камиони (22,7 години) и автобуси (19 години).

Од друга страна, врвот на рангирањето не е изненадувачки, најниска просечна старост на патничките автомобили има Луксембург. Благодарение на високиот животен стандард, просечната возраст на патничките автомобили е 7,6 години, а многу високо на листата се и Австријците (8,7 години).

Интересен е и податокот за бројот на регистрирани автомобили на илјада жители. Ако мислите дека Германија доминира со овие показатели, се лажете.
Најмногу автомобили на илјада жители се регистрирани во Полска – 796. Просекот на Европската Унија е 651.

Од соседните земји на листат е само Грција. Таму просечната старост на автомобилите е 13,5 години, на камионите е 14,2 години, а на автобусите е 12,7 години.

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »