Промовирани огласи »

Знаеме дека Македонија има навистин астар возен парк, каде според последните податоци просечната старост на автомобилите што се возат по нашите улици е релиси 20 години години. Во споредба со земјите членки на ЕУ, тоа е далеку под просекот.

Во Европската унија (ЕУ) се регистрирани 250 милиони патнички автомобили, а според последните податоци нивната просечна старост е 12 години.Германците не се на врвот по број на автомобили по глава на жител, Полјаците се. Податоците се анализа на европската асоцијација ACEA, која е дел од поголема студија наречена Automotive Industry 2023/2024.

Според истражувањата, просечната старост на лесните комерцијални возила во ЕУ е 12 години, додека автобусите (12,7 години) и камионите се малку постари (14,2 години).

Најлоши на листата се Грците со просечна возраст од 17 години, а потоа следат Естонците со 16,8 години. Грција има и највисока просечна старост на возила – просечна старост на лесни транспортни возила (20,8 години), камиони (22,7 години) и автобуси (19 години).

Од друга страна, врвот на рангирањето не е изненадувачки, најниска просечна старост на патничките автомобили има Луксембург. Благодарение на високиот животен стандард, просечната возраст на патничките автомобили е 7,6 години, а многу високо на листата се и Австријците (8,7 години).

Интересен е и податокот за бројот на регистрирани автомобили на илјада жители. Ако мислите дека Германија доминира со овие показатели, се лажете.
Најмногу автомобили на илјада жители се регистрирани во Полска – 796. Просекот на Европската Унија е 651.

Од соседните земји на листат е само Грција. Таму просечната старост на автомобилите е 13,5 години, на камионите е 14,2 години, а на автобусите е 12,7 години.

Промовирани огласи »

Цените во Германија се високи и сè уште растат, но во првата половина од оваа година граѓаните штеделе приближно колку и минатата година - над меѓународниот просек.

Стапката на штедење е 11,3 отсто, што значи дека просечниот германски жител заштедува 11,3 евра за секои 100 евра нето приход или 260 евра месечно, објави во вторникот Федералниот завод за статистика.

Стапката на заштеда беше околу шест проценти повисока за време на пандемијата, во првата половина на 2020 и 2021 година. Тогаш многу луѓе имаа повеќе пари, бидејќи, на пример, не патуваа, а рестораните и спортските центри не работеа.

Но, кој колку штеди сепак зависи од висината на приходите, склоноста кон штедење и животната ситуација, велат статистичарите, нагласувајќи дека разликите се очигледни.

Некои можеа многу да заштедат, додека на други не им остана ништо на крајот на месецот. Многу домаќинства се погодени од постојано високите цени на храната.

Во споредба со другите индустриски развиени земји, Германците штеделе над просекот во 2022 година.

Во Италија, на пример, стапката на штедење е 2,1 отсто, во САД 3,7, во Јапонија 5,4 и во Австрија 8,8 отсто, покажуваат податоците на Организацијата за економска соработка и развој (ОЕЦД).

Од друга страна, Швајцарците заштедиле повеќе од Германците со стапка од 18,4 отсто и Холанѓаните со 12,7 отсто.

Промовирани огласи »

Ноќта помеѓу саботата и неделата, односно меѓу 28 и 29 октомври почнувa зимското сметање на времето, што значи дека во три часот по полноќ стрелките на часовникот ќе се поместат еден час наназад.

Зимското сметање на времето почнува секој последен викенд во октомври и трае до последниот викенд во март следната година, кога повторно настапува летното сметање на времето.

Промовирани огласи »

Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 и на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1), се зголемуваат за 1,50 ден/лит, во однос на малопродажните цени утврдени со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 19.10.2023 година и со тоа малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 81,50 ден/лит, малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-98 изнесува 84,00 ден/лит, додека малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) изнесува 82,50 ден/лит.

Малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) се зголемува за 2,00 ден/лит, во однос на малопродажната цена утврдена со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 19.10.2023 година и со тоа малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) изнесува 84,00 ден/лит.

Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС, се зголемува за 0,675 ден/кг, во однос на малопродажната цена утврдена со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 19.10.2023 година и со тоа малопродажната цена на Мазутот М-1 НС изнесува 47,174 ден/кг. 

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »