Промовирани огласи »

Ноќта помеѓу саботата и неделата, односно меѓу 28 и 29 октомври почнувa зимското сметање на времето, што значи дека во три часот по полноќ стрелките на часовникот ќе се поместат еден час наназад.

Зимското сметање на времето почнува секој последен викенд во октомври и трае до последниот викенд во март следната година, кога повторно настапува летното сметање на времето.

Промовирани огласи »

Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 и на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1), се зголемуваат за 1,50 ден/лит, во однос на малопродажните цени утврдени со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 19.10.2023 година и со тоа малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 81,50 ден/лит, малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-98 изнесува 84,00 ден/лит, додека малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) изнесува 82,50 ден/лит.

Малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) се зголемува за 2,00 ден/лит, во однос на малопродажната цена утврдена со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 19.10.2023 година и со тоа малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) изнесува 84,00 ден/лит.

Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС, се зголемува за 0,675 ден/кг, во однос на малопродажната цена утврдена со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 19.10.2023 година и со тоа малопродажната цена на Мазутот М-1 НС изнесува 47,174 ден/кг. 

Промовирани огласи »

Тешко е да се каже дали старосната граница за пензионирање ќе се помести во насока на напуштање на работното место подоцна, но јасно е дека се размислува.

Се чини дека ова размислување отиде најдалеку во ОК бидејќи поранешниот преговарач за Брегзит и истакнат член на ториевците, Лорд Дејвид Фрост неодамна предложи зголемување на старосната граница за пензионирање на 75 години со цел да се намали јавната потрошувачка.

Според него, големите блокови за трошење се здравството, пензиите и бенефициите и доколку не се решат, ништо нема да се реши. За вакво големо зголемување на старосната граница размислуваат и во Велика Британија, но и во многу други земји во развиените делови на светот, но може да се каже и дека одлуката за ова е се уште далеку.

Претседателот на Сојузот на независни синдикати на Војводина, Горан Милиќ, посочува дека во Србија во никој случај не треба да се зголемува старосната граница за пензионирање, бидејќи веќе е јасно дека периодот на живот по пензионирањето е скратен.

Пензионерскиот живот во Србија не е долг и податоците покажуваат дека животниот век по пензионирањето е краток, многу пократок отколку во некои други земји - вели Милиќ.

Кај мажите тоа е, во просек, околу 11 години, а кај жените малку подолго. Кога би се зголемила старосната граница за пензионирање, испаѓа дека многумина не би се ни пензионирале, туку би работеле, буквално, до крајот на животот.

Тој посочува дека е сигурно дека има некои работни места на кои може да се работи подолго од законски пропишаните години, но сигурно е и дека таквите работни места се многу малку.

Возраста за пензионирање не е иста во сите европски земји, но евидентно е дека во сите се зголемува старосната граница и се изедначува бројот на години за пензионирање кај жените и мажите. Најчесто старосната граница е најмалку 65 години или се приближува, но веќе во Германија границата за пензионирање е 65 години и 10 месеци, а од 2031 година границата се движи на 67 години, во Австрија мажите се пензионираат на 65 години, жените на 60 години, а до 2033 година оваа разлика ќе се изедначи, во Белгија се пензионира на 65 години, од 2025 година ќе биде 66, а од 2030 година ќе се пензионира на 67 години.

Возраста за пензионирање за сите во Ирска и Велика Британија е 66, Данска - 67, а до 2035 година дури 69. Во Исланд и Италија сите се пензионираат на 67 години, во Португалија целосна пензија се заработува со 66 години и 7 месеци од живот, во Холандија од јануари следната година сите ќе наполнат 67 години за пензија...

Нема сомнеж дека има работни места каде што можете да работите и по навршувањето на 65 години, а притоа да дадете целосен придонес на работа. Може да се каже дека тоа се работни места каде што е значаен работен стаж, знаење, пракса... на оние кои ја достигнале и надминале старосната граница за пензионирање. Сепак, исто така е сигурно дека е многу потешко да се замислат луѓе постари од, да речеме, 70 години да вршат тешки физички работи или некои за кои е потребно многу движење...

(Дневник)

Промовирани огласи »

Почнувањето на нова работна позиција некогаш не е најпријатно искуство не само што не ги познавате вашите соработници, туку не знаете каква култура на работното место да очекувате или со каков стил на управување ќе се соочите. Прилагодувањето може да потрае но, има многу начини да се олесни и да се осигурате дека побрзо ќе се интегрирате во вашиот нов тим.

Еве неколку совети кои ќе ви помогнат полесно да се адаптирате во новата работна средина:

  • Не зборувајте за она што сте го правеле на претходното работно место. Може многу да ве чини.
  • Не блефирајте. Ако не знаете како да сработите нешто, прашајте.
  • Признајте си ги грешките. Секој греши. Не се обидувајте да ги прекриете.
  • Прашувајте, фаќајте забелешки. Но, внимавајте да не станете досадни, запаметете го она што го ви кажуваат, не прашувајте исти работи постојано.
  • Ако работите во канцеларија, не се облекувајте премногу лежерно. Делувајте пристојно во секој момент.
  • Внимавајте што се зборува за време на team building часовите. Бидете активен слушач и говорник.
  • И запомнете, секое работно место си има свој ритам, треба само да се научите да го следите.

Иако на почетокот може да се чувствувате дезориентирани, има неколку работи што можете да ги направите за да го скратите периодот на прилагодување и да поминете низ кривата на учење и да го најдете своето место.

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »