Промовирани огласи »

Од денеска, први ноември, започнува исплатата на средствата од МојДДВ за поврат на ДДВ од скенираните сметки за месеците јули, август и септември и истата ќе трае до крајот на месецот. 

За претходниот квартал (април, мај и јуни) кон граѓаните беа исплатени над 707 милиони денари, односно околу 11,5 милиони евра. 

Од воведувањето на мерката, па до јуни 2023 кон граѓаните исплатени се 7,3 милијарди денари или над 118 милиони евра. 

Промовирани огласи »

Министерството за внатрешни работи продолжува со организацијата на поставување на вонредни пунктови за вадење на лични документи, без претходно најавување. 

24инфо.мк доби увид во последните подготовки на просториите кои ќе бидат стационирани во Кисела Вода.

Таму веќе се подготвуваат новите кабини за фотографирање.  се поставуваат компјутери, терминали и камери, а по поствувањето на параваните, за неколку денови од сега, овој простор ќе добие 12 пунктови каде граѓаните ќе можат да се фотографираат за нови лични документи.

Пунктовите ќе служат за фотографирање на сите кои немаат закажано термин за вадење на лична карта, возачка дозвола или пасош или пак, закажаниот термин им е по 12 февруари наредната година.  Работното време ќе биде од 8 до 18 часот.

Според Преспанскиот договор, до 12 февруари 2024 година, сите лични документи мора да се променат и на нив да стои новото уставно име на државата.

Фото: 24 Инфо

Промовирани огласи »

Северна Македонија нема да се откаже од барањето да се ослободат капацитетите за пренос на руски природен гас. Исто така, ќе бараме и бугарската такса да не важи затоа што е наметната неправедно и нема ништо заедничко со пазарните принципи и со директивите на Европската Унија, најавува премиерот Димитар Ковачевски и додава дека ако има потреба реакциите ќе бидат испратени и пред меѓународните судови.

Ковачевски вели дека реакциите веќе и ги пренел на претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, а до соодветните директорати веќе реагирал и министерот за економија Крешник Бектеши. 

И јас и министерот за економија реагиравме во Европската комисија, јас преку претседателката на ЕК, тој преку соодветните директорати дека оваа такса е нешто што не треба да биде воведена, со оглед на тоа што целокупниот капацитет на влезната страна кон С Македонија е даден од страна на Бугарија на ’Газпром, рече Ковачевски.

Според премиерот воведувањето на оваа такса во нашата држава ќе предизвика зголемување на цената на електричната енергија и затоплувањето за 20 отсто. 

Побаравме да се ослободи капацитет за да може Северна Македонија да набавува гас од други извори, што нема да биде руски и со тоа нема да биде оптоварен со оваа дополнителна такса. Во моменот се водат разговори и на ниво на Европската Унија и со Бугарија со соодветното министерство за да може ова да биде направено. Минатата година успеавме заедно со Европската комисија и Бугарија да ослободиме капацитет за набавка на гас што не е исклучиво во сопственост на ’Газпром’ и се надевам дека и годинава ќе успееме да го направиме тоа, додаде Ковачевски.

Минатата недела, министерот за економија Крешник Бектеши рече дека Северна Македонија не ја оспорува таксата која ја воведува Република Бугарија за природниот гас што се испорачува преку нејзина територија, туку ги оспорува количините кои тие ги загарантирале за „Газпром“ во однос на гасоводот со нашата земја.

Промовирани огласи »

КАЛАБАЛАК е градска кафеана во срцето на Скопје создадена за сите оние кои знаат да уживаат. Голем избор на специјалитети и пријатна атмосфера! За успешно да ги исполни очекувањата на своите гости и да ја понуди најдобрата услуга, константно го проширува својот тим!

Моментално вработува:

ШАНКЕР/КА
КЕЛНЕР/КА
МЕНАЏЕР НА РЕСТОРАН
ГОТВАЧ/КА
ПОМОШНИК ГОТВАЧ/КА - САЛАТЕР/КА
ПИЦА МАЈСТОР/КА
САДОМИЈАЧ/КА
ДОСТАВУВАЧ/КА

Се уште невработени?! Сите останати активни работни позиции можете да ги најдете ТУКА.

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »