Промовирани огласи »

КАЛАБАЛАК е градска кафеана во срцето на Скопје создадена за сите оние кои знаат да уживаат. Голем избор на специјалитети и пријатна атмосфера! За успешно да ги исполни очекувањата на своите гости и да ја понуди најдобрата услуга, константно го проширува својот тим!

Моментално вработува:

ШАНКЕР/КА
КЕЛНЕР/КА
МЕНАЏЕР НА РЕСТОРАН
ГОТВАЧ/КА
ПОМОШНИК ГОТВАЧ/КА - САЛАТЕР/КА
ПИЦА МАЈСТОР/КА
САДОМИЈАЧ/КА
ДОСТАВУВАЧ/КА

Се уште невработени?! Сите останати активни работни позиции можете да ги најдете ТУКА.

Промовирани огласи »

Во срцето на нашата компанија, М Кеш, се наоѓа посветеноста кон благосостојбата и здравјето на нашите вработени и клиенти. Со длабока свесност за важноста на превенцијата и раната дијагноза во борбата против ракот на дојката, овој октомври, во чест на Розовиот месец, организиравме бесплатни прегледи за ехо на дојка за нашите женски вработени. Оваа иницијатива е доказ за нашата континуирана грижа и обврска кон здравјето на вработените, со цел да се поттикне свеста за значењето на превентивните прегледи. 

Со оваа акција, 120 жени вработени во М Кеш имаа можност да пристапат кон висококвалитетни превентивни здравствени услуги. Ние сме цврсто посветени да се грижиме за нашите вработени и да создаваме безбедно и здраво работно опкружување за сите. 

Но, нашата одговорност и грижа не застанува тука. Во рамките на овој месец, М Кеш се посвети и на нашите ценети клиентки, давајќи им шанса да бидат дел од оваа значајна иницијатива. Во секоја наша продавница за пари доделивме ваучери за бесплатен преглед - ехо на дојки, со цел да го поттикнеме свесното однесување кон здравјето и да ја подигнеме свеста за важноста на раното откривање и превенција на ракот на дојка. 

Во М Кеш, сметаме дека секој чекор кон подигнување на свеста и олеснување на пристапот до здравствени услуги е важен чекор кон подобро општество. Нашата иницијатива во рамки на Розовиот Октомври е само дел од нашата поширока посветеност кон општествената одговорност и грижа за заедницата. 

Како компанија која е секогаш со вас, М Кеш останува ангажирана во поддршката и заштитата на здравјето на сите наши вработени и клиенти. Заедно можеме да направиме разлика и да создадеме посветла иднина за сите. 

Промовирани огласи »

Почнувањето на нова работна позиција некогаш не е најпријатно искуство не само што не ги познавате вашите соработници, туку не знаете каква култура на работното место да очекувате или со каков стил на управување ќе се соочите. Прилагодувањето може да потрае но, има многу начини да се олесни и да се осигурате дека побрзо ќе се интегрирате во вашиот нов тим.

Еве неколку совети кои ќе ви помогнат полесно да се адаптирате во новата работна средина:

  • Не зборувајте за она што сте го правеле на претходното работно место. Може многу да ве чини.
  • Не блефирајте. Ако не знаете како да сработите нешто, прашајте.
  • Признајте си ги грешките. Секој греши. Не се обидувајте да ги прекриете.
  • Прашувајте, фаќајте забелешки. Но, внимавајте да не станете досадни, запаметете го она што го ви кажуваат, не прашувајте исти работи постојано.
  • Ако работите во канцеларија, не се облекувајте премногу лежерно. Делувајте пристојно во секој момент.
  • Внимавајте што се зборува за време на team building часовите. Бидете активен слушач и говорник.
  • И запомнете, секое работно место си има свој ритам, треба само да се научите да го следите.

Иако на почетокот може да се чувствувате дезориентирани, има неколку работи што можете да ги направите за да го скратите периодот на прилагодување и да поминете низ кривата на учење и да го најдете своето место.

Промовирани огласи »

„Кога се постави новиот модел за тарифирање на електричната енергија целта ни беше да ги заштитиме најранливите и поголемата категорија на граѓани да нема голем удар од зголемувањето на цената. Субвенцијата е поголема таму. Струјата е се уште субвенционирана и ќе продолжи да биде така“ рече вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи во утринската програма на МТВ.

Тој додаде дека се додека не креираме доволно домашни капацитети за евтина електрична енергија ќе продолжи цената на струјата да биде субвенционирана.

Со мерките кои ги почнавме лани и навиките за заштеда ефектот е добар. Оптимист сум дека ќе биде субвенционирана цената и следната година и таа нема да удри по крајниот потрошувач, освен тие кои трошат најмногу, во третиот и четвртиот тарифен модел, односно побогатите, за кои сметам дека треба да си ја платат пазарната цена, рече Битиќи.

Вицепремиерот исто така најави дека месецов ќе биде промовиран и новиот пакет на антикризни мерки кои ќе бидат насочени кон потребите на најранливите категории на граѓани.

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »