Промовирани огласи »

Овој викенд, на 4 и 5 ноември, Ист Гејт Мол го прославува својот втор роденден. Роденденската забава овој пат е поинаква и тематска, со многу забава и изненадувања.

Како трговски центар се стремиме да создаваме уникатни искуство, како за шопинг, така и за забава. Бидејќи во градот многу оддамна немало циркус, младите речиси и да не ги сретнале циркуските платна во центарот на градот. Затоа, решивме да рекреираме таков тип на настан и да направиме забава со циркус. Забавата ќе биде проследена со кловнови, жонглери, џинови на штули, шоу со оган, гатачка, ареал акробати, дружење со мали животни и многу други активности проследени со пуканки и шеќерна волна. Во текот на викендот, забавата започнува од 14 часот и ќе трае до 20 часот. За викендот, за сите посетители паркингот ќе биде бесплатен.” – велат од менаџментот на трговскиот центар.

По две години откако се отворија вратите за посетителите, трговскиот центар прерасна во центар за урбана шопинг дестинација, забава за секого со голем број на посетители од државата, но и странство.

Оваа година, Ист Гејт Мол стана првиот трговскиот центар во државата кој ги отвори и вратите за милениците како прв пет френдли трговски центар.

Изминатата година се случија многу настани, вклучително и настани на интернационални франшизи, европско првенство во танц, спортски настани и многу други

Промовирани огласи »

Меѓународната едукативно-технолошка организација Бреинстер (Brainster) го прославува својот осми роденден!

Од стартап, со само еден вработен и седум инструктори, но со силна желба и јасна визија да го создаде образованието за иднината, денес, осум години подоцна, Бреинстер веќе се позиционираше како лидер на пазарот со раст од речиси 100% во последните две години и мрежа од повеќе од 11.500 алумни, повеќе од 70 вработени и над 150 инструктори и професори.

Ова укажува дека студентите стекнуваат сè поголема доверба во програмите на Бреинстер, а од компанијата велат дека овој рапиден раст за нив претставува уште поголема мотивација за иновирање, растење и создавање нови успешни приказни.

Го споделуваме видеото со дел од најзначајните моменти на Бреинстер заедницата, посакувајќи им среќен роденден и уште многу успешни приказни во обликувањето на иднината на образованието!

Промовирани огласи »

Очекувањата за економскиот раст на земјите се меѓу најзначајните показатели за развојот на земјите, поради што често централните банки, но и светски и домашни економски организации прават прогноза за годините што следат. 

Годинава нашата земја не може да се пофали со голем економски раст. Како што веќе е објавено, годинава ќе ја заокружиме со само 1,8 проценти економски раст, додека следната година се очекува да се зголеми и да достигне 2,5 проценти. 

Но, како што на пример последно објави Светска Банката, целиот регион на Западен Балкан годинава ќе забележи раст од 2,5 проценти, за разлика од лани кога изнесуваше 3,2 отсто. 

Македонија, според нивните проекции е со најнизок раст во регионот. Највисок економски раст во 2023 година ќе има Црна Гора од 4,8 проценти, потоа Албанија 3,6 проценти, Косово 3,2 проценти, Хрватска 2,7 проценти, Босна и Херцеговина 2,2 проценти и Србија со 2 проценти. 

Но, ниту очекувањата за следната година не се многу подобри: па следната година нашиот економски рсат ќе достигне само 2,5 проценти, и притоа повторно ќе бидеме на самото дно. 

На графиката подолу може да се видат очекувањата за економски раст за годинава и следната година на сите земји во регионот. 

Графиката е изработена од Инситутот за економски истражувања и политики „Фајненс тинк“ заедно со други здруженија, и од неа може да се забележи дека сите земји од Западен Балкан ќе имаат подобри економски перформанси од нас и годинава и догодина. 

Фото: Принтскрин/Фејсбук

Промовирани огласи »

Од денеска, први ноември, започнува исплатата на средствата од МојДДВ за поврат на ДДВ од скенираните сметки за месеците јули, август и септември и истата ќе трае до крајот на месецот. 

За претходниот квартал (април, мај и јуни) кон граѓаните беа исплатени над 707 милиони денари, односно околу 11,5 милиони евра. 

Од воведувањето на мерката, па до јуни 2023 кон граѓаните исплатени се 7,3 милијарди денари или над 118 милиони евра. 

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »