Очекувањата за економскиот раст на земјите се меѓу најзначајните показатели за развојот на земјите, поради што често централните банки, но и светски и домашни економски организации прават прогноза за годините што следат.
Годинава нашата земја не може да се пофали со голем економски раст. Како што веќе е објавено, годинава ќе ја заокружиме со само 1,8 проценти економски раст, додека следната година се очекува да се зголеми и да достигне 2,5 проценти.
Но, како што на пример последно објави Светска Банката, целиот регион на Западен Балкан годинава ќе забележи раст од 2,5 проценти, за разлика од лани кога изнесуваше 3,2 отсто.
Македонија, според нивните проекции е со најнизок раст во регионот. Највисок економски раст во 2023 година ќе има Црна Гора од 4,8 проценти, потоа Албанија 3,6 проценти, Косово 3,2 проценти, Хрватска 2,7 проценти, Босна и Херцеговина 2,2 проценти и Србија со 2 проценти.
Но, ниту очекувањата за следната година не се многу подобри: па следната година нашиот економски рсат ќе достигне само 2,5 проценти, и притоа повторно ќе бидеме на самото дно.
На графиката подолу може да се видат очекувањата за економски раст за годинава и следната година на сите земји во регионот.
Графиката е изработена од Инситутот за економски истражувања и политики „Фајненс тинк“ заедно со други здруженија, и од неа може да се забележи дека сите земји од Западен Балкан ќе имаат подобри економски перформанси од нас и годинава и догодина.
Фото: Принтскрин/Фејсбук