Промовирани огласи »

Се повеќе угостители во Германија даваат попусти на храна и пијалоци на оние кои плаќаат со готовина.

Како што информираат од ФАЗ, причина за попустите се високите провизии кои се применуваат за плаќање со картички. Во некои случаи, трошокот може да се намали и до пет проценти.

Трошоците за плаќање со картичка се состојат од купување или изнајмување на читачи на картички, надоместоци за услуги и надоместоци за трансакции. Сепак, одобрените попусти обично се повисоки, пренесува магазинот Феникс.

Сепак, некои се критички настроени кон овој нов тренд. Претседателот на синдикатот, Флоријан Коблер посочува дека попустот во готовина е показател за измама.

Појаснува дека паричната добивка не се оданочува правилно. Сепак, индустријата го отфрла ова обвинување.

ФОТО: Unsplash

Промовирани огласи »

„Италија ќе ја забрани синтетичката храна“, рече италијанскиот министер за земјоделство, Франческо Лолобриџида, на настанот организиран од Европската конзервативна и реформска партија (ЕЦР) на кој присуствуваше и еврокомесарот за земјоделство Јануш Војчеховски.

Ова ќе ја направи Италија првата земја во светот што го прави тоа, пишува Euractiv.

Долниот дом на парламентот во понеделник ќе расправа за нацрт-законот со кој ќе се забрани производството, увозот и маркетингот на храна произведена во лаборатории.

На настанот во Ирска, насловен „Традиција и иновации: Конзервативната иднина на европските фармери“, водечките конзервативни политичари разговараа за предизвиците и можностите кои произлегуваат од европската регулатива и соработка во сточарството, земјоделството и зелената економија.

„Италија ќе стане првата нација која е ослободена од синтетичка храна и сака да даде пример за тоа како може да се регулира“, рече Лолобриџида.

„Го избравме принципот на претпазливост. Квалитетот на храната е фундаментален и не можеме да се согласиме со општество поделено на два дела, каде што се произведува квалитетна храна само за богатата елита. Сите треба добро да се храниме, додаде министерот.

Неговиот став го дели и европскиот комесар за земјоделство: „Како комесар се залагам за традиционалното земјоделство, силно ги штитам природните производи. Системот за обележување не зависи од мене, туку се трудам да ја заштитам традицијата“, објасни Војчечовски и додаде:

„Синтетичкото месо не е месо, синтетичкото млеко не е млеко. Јас стојам во одбрана на природните производи, а користењето на името природен производ за синтетика, според мене, не е чекор во вистинската насока“.

Тој, исто така, вели дека Европската комисија издвојува повеќе од 6 милијарди евра за поддршка на благосостојбата на животните и, воопшто, за традиционалното земјоделство. Но, земјоделскиот модел предложен од конзервативците отворено се спротивставува на оној што го усвои Европската унија, кој според Фратели д'Италија се карактеризира со преголема бирократија и неможност да се соочи со нови предизвици.

За да го промени системот, групата ЕЦР мора добро да се снајде на изборите за Европскиот парламент во јуни 2024 година и да најде сојузници за да формира алтернативно мнозинство против левичарските партии во Европскиот парламент.

Промовирани огласи »

Синдикалната минимална кошница за октомври изнесувала 46.198 денари.

Пресметката ја објави Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ). Најголем дел од кошницата, 44,06 отсто или 19.668,36  денари, отпаѓа на храна и пијалоци, а најмалку на одржување на здравје, 1,88 проценти или 837,18 денари. За домување во октомври биле потребни 13.716,86 денари или 30,73 отсто. Според ССМ, за хигиена  биле потребни 3.267,42 денари или 7,32 процента, за превоз 3.735 денари или 8,37 отсто, за облека и обувки 2.343,63 денари или 5,25 проценти, како и за култура 1.067,86 денари или 2,39 отсто.

Синдикалната минимална кошничка за месец септември изнесувала 48.379 денари. 

Во однос на август таа беше намалена за 966 денари. Се смета дека тоа е поради гарантираните цени на производите. 

foto freepik.com/BillionPhotos

Промовирани огласи »

Потрагата по вистинскиот кандидат за работната позиција која ви е потребна може да биде стресна.

Eве каде треба да внимавате и на што да обрнете внимание во потрагата по вистинскиот кандидат за работа.

Детален опис на работата

Една од најважните работи е да имате добро изготвен опис на работата каде ќе бидат вклучени сите детали поврзани со работното место, потребните вештини, тежината на работата, очекувањата од кандидатот и сл. Осигурајте се дека кандидатот ги исполнува сите услови и со голем ентузијазам пристапува кон обврските.

Внимавајте на карактерот

Не се битни само квалификациите и желбата за работа, треба многу да се внимава каков карактер избраниот кандидат поседува. Честопати во потрагата по вистинскиот кандидат за отвореното работно место, одговорните не обрнуваат внимание на карактерот на личноста. Како професионалец во бизнисот, не смеете да си дозволите таков пропуст, во потрагата по вистинскиот кандидат, барајте ги и оние карактерни црти кои би се поклопиле со работното место.

Запознајте ги нивните слаби точки

Сите кандидати имаат и јаки и слаби страни. Обидете се на ненаметлив начин да ги дознаете оние слабите. Потоа направете проценка дали работното место ќе може да функционира и покрај тие слаби точки на кандидатот, или од старт ќе биде осудено на пропаст.

Обезбедете платформа за пред-селекција

Кога имате премногу пријавени кандидати за отвореното работно место направете пред-селекција преку прашања на елиминација. Така нивниот број ќе се намали, а вие ќе заштедите време и ќе можете да се концентрирате на потесниот круг на избрани кандидати и со тоа да донесете исправна одлука.

Постигнати успеси

Не се задоволувајте само со условите кои барате да бидат исполнети за пополнување на работното место. Барајте кандидати кои постигнале многу повеќе и кои со брзо темпо работат на градењето кариера. Водете го интервјуот во таа насока, дознајте како и со што тие го мерат својот успех и дали зад нивната приказна навистина се крие оној вистинскиот кандидат.

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »