Рускиот претседател, Владимир Путин, ѝ нареди на владата да одобри закон според кој рубљата ќе биде главна валута во тргувањето на сите пристаништа во земјата.
Според шефот на рускиот надзорен орган ФАС, Игор Артемјев, многу услуги во руските морски пристаништа и понатаму се плаќаат со американски долари, иако тие пристаништа се во државна сопственост.
Путин овој предлог првпат го даде лани, меѓутоа идејата не беше прифатена од некои големи компании кои сакаа да ги задржат приходите во долари и други странски валути, поради можни осцилации на рубљата.
Артемјев вели дека одлуката ќе ги принуди странците да купуваат рубљи, што е добро за руската валута.