Освен во ЕУ, Кина извезува голем број автомобили и во Русија, каде пазарот е затворен поради санкциите на Западот кон Москва.
Во првите пет месеци од оваа година, Кина продаде 1,76 милиони свои возила ширум светот, што ја прави втор најголем извозник на автомобили во светот. Таа зад себе ја остави Германија, која падна на третото место, пренесува Танјуг.
Благодарение на фактот дека од јануари до мај продала 81,4 отсто повеќе возила отколку во истиот период минатата година, Кина очекува во одреден момент да ја симне Јапонија од тронот и да стане светски „број еден“ во извозот на автомобили.
Повеќе од половина милион кинески автомобили беа продадени на земјите од Европската унија, од кои електричните автомобили сочинуваат речиси две третини.
Европската истрага за субвенциите
Кинеските автомобили некогаш не беа синоним за квалитет и побарувачка, но денес производителите од најнаселената земја во светот доминираат на пазарот.
Обидувајќи се да ја заштити својата индустрија, Европската унија започна истрага за кинеските субвенции за електрични возила што може да доведат до трговски ограничувања, како што се повисоки царини за возила од Кина.
Освен во ЕУ, Кина извезува голем број автомобили и во Русија, каде пазарот е затворен поради санкциите на Западот кон Москва.