Промовирани огласи »

Освен во ЕУ, Кина извезува голем број автомобили и во Русија, каде пазарот е затворен поради санкциите на Западот кон Москва.

Во првите пет месеци од оваа година, Кина продаде 1,76 милиони свои возила ширум светот, што ја прави втор најголем извозник на автомобили во светот. Таа зад себе ја остави Германија, која падна на третото место, пренесува Танјуг.

Благодарение на фактот дека од јануари до мај продала 81,4 отсто повеќе возила отколку во истиот период минатата година, Кина очекува во одреден момент да ја симне Јапонија од тронот и да стане светски „број еден“ во извозот на автомобили.

Повеќе од половина милион кинески автомобили беа продадени на земјите од Европската унија, од кои електричните автомобили сочинуваат речиси две третини.

Европската истрага за субвенциите

Кинеските автомобили некогаш не беа синоним за квалитет и побарувачка, но денес производителите од најнаселената земја во светот доминираат на пазарот.

Обидувајќи се да ја заштити својата индустрија, Европската унија започна истрага за кинеските субвенции за електрични возила што може да доведат до трговски ограничувања, како што се повисоки царини за возила од Кина.

Освен во ЕУ, Кина извезува голем број автомобили и во Русија, каде пазарот е затворен поради санкциите на Западот кон Москва.

Промовирани огласи »

Министерот за економија Крешник Бектеши на својот фејсбук профил објави дека од следната година минималната плата во земјава ќе изнесува 22.500 денари. 

- Најниска плата во државата од март 2024 година минимум 22.500ден! Повеќе од двојно зголемување од минималната плата за 2017 година, напиша тој на социјалните мрежи. 

Промовирани огласи »

Министерот за економија Крешник Бектеши на својот фејсбук профил објави дека од следната година минималната плата во земјава ќе изнесува 22.500 денари. 

- Најниска плата во државата од март 2024 година минимум 22.500ден! Повеќе од двојно зголемување од минималната плата за 2017 година, напиша тој на социјалните мрежи. 

Промовирани огласи »

Владата до крајот на годинава ќе избере едно од двете можни решенија за намалување на платите на функционерите, кои во март годинава беа зголемени 78 %. Министерката за труд, Јована Тренчевска, денес, уште еднаш потсети дека платите на функционерите не ги зголемила Владата која сега бара ново решение, туку Уставниот суд, а посочи и дека Собранието можело досега да најде некое решение за нивно намалување.

Една опција е Законот за плати во јавниот сектор, а другата е измена и дополнување на повеќе закони, шест или седум, со кои се регулираат платите на сите оние функционери што се опфатени со одлуката на Уставниот суд. Ние како Влада ќе ги донесеме измените, меѓутоа треба да отидат на парламент, парламентот го има последниот збор за платите на функционерите. И пратениците во периодот што помина од донесувањето на одлуката на Уставниот суд досега можеа да донесат законски решенија на иницијатива на пратениците и пратеничките групи. Не мораше сѐ да се остави на Владата. Ако Владата работи на ова, ако Собранието имаше некакво поинакво решение, можело во изминатиот период да го донесат тоа решение. Бараме решение, ќе го најдеме решението. До крајот на годината ќе се избере една од опциите, рече министерката Тренчевска.

Нагласи дека во периодот што следува заедно со Синдикатот треба да ги дефинираат највисокиот и најнискиот коефициент за пресметката на платите, процес за кој министерката Тренчевска не е оптимист дека ќе успеат да го завршат до крајот на декември иако е дел од едното решение за намалување на платите.

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »