Владата не размислува за зголемување на старосната граница за пензионирање, како што предлага ММФ.
Мисијата на меѓународниот монетарен фонд по двенеделно скенирање на македонската економија препорачува- реформа на пензискиот систем со подигнување на возраста и заострување на критериумите за предвремено пензинирање, зголемување на акцизата за горивата, повисок данок на имот, а помал за лицата кои имаат ниски примања.
Министерот за финансии Тевдовскивели– Препораките ги почитуваме, но засега немаме потреба од аранжман со ММФ
Владата ќе ги реализира проектите кои кои им ги ветиме на граѓаните, изјави Драган Тевдовски, министер за финансии.
Една од забелешките на Фондот е помалата наплата на ДДВ. За Тевдовски, бројките потрфлиле првите 6 месеци, сега се подобруваат. Најавува зголемена наплата, посебно кај големите даночни обврзници
Има потфрлување споредено со 2016 и планот за годинава. Во јули и август веќе има подобрена наплата. И кај големите обврзници има простор за зголемена наплата ,изјави Тевдовски.
Политичката криза, падот на инвестрициите и извозот, нагативно ќе се оздразат врз македонската економија. Затоа ММФ ја намали прогнозата за оваа година. Растот ќе изнесува 1,9% , инфлацијата 1,2 отсто, а дефицитот 3%.