На германските работодавци им недостасуваат работници и експерти: во ИТ секторот, како и во грижата, занаетчиството, технологијата, логистиката и многу други дејности.
„Законот за натамошен развој на квалификуваната имиграција“, кој беше донесен летово, има за цел да ги намали пречките за имиграција на работници и експерти од таканаречените трети земји, односно од земјите надвор од Европската унија.
Новите правила ќе стапат на сила во три чекори, со цел надлежните институции навреме да се подготват. Овие правила може да се најдат на порталот на сојузната влада за квалификувани работници од странство, на германски, англиски, шпански и француски јазик.
Првите измени ќе стапат на сила на 18 ноември 2023 година.
Нови правила - Сина карта на ЕУ
Со сината карта на ЕУ може веднаш да се имигрира во Германија - без да се провери дали се достапни Германци или граѓани на ЕУ и без доказ за познавање на јазикот. Новиот лимит на плата е намален на 40.000 евра за дефицитарните занимања и почетниците во кариерата и нешто помалку од 44.000 евра за сите други професии (податоци од 2023 година).
Списокот на дефицитарни занимања се проширува и вклучува, меѓу другото, наставници, медицински сестри и техничари. Целосната листа е на четири страници.
Досега тоа беа професии од областа на математиката, информатиката, природните науки, инженерството и медицината. За ИТ секторот и експерти без високо образование можат да добијат сина карта на ЕУ, доколку дадат доказ за работно искуство од најмалку три години.
Право на престој, помалку ограничувања
Квалификуваните работници и лицата со академско образование, кои ги исполнуваат сите услови, сега - имаат право - да добијат дозвола за престој. За ова досега надлежните институции можеа самостојно да одлучуваат.
Дополнително, се укинува ограничувањето за работа во областа на занимањето што лицето го проучувало или студирало. Обучен механичар, на пример, може да работи и во логистика. Исклучок се регулираните професии во медицината, правото или образованието
На професионалните возачи ќе им биде полесно да добијат одобрение од Федералната агенција за труд. Се укинуваат обврската за познавање на јазикот и проверката на приоритет Дополнителните измени треба да стапат на сила во март 2024 година.
Имиграција со работно искуство
Признавањето на професионалните квалификации во Германија, кое претходно често претставуваше бирократска пречка, може да биде изземено за експерти со работно искуство.
Оние кои имаат признаена професионална диплома во земјата на потекло и најмалку две години работно искуство можат да имигрираат во Германија како работна сила. Тоа треба да ја забрза целата процедура. Исклучок се регулираните професии во медицината, правото или образованието. На ИТ професионалците не им треба диплома.
Партнерство за признавање на странски професионални квалификации
Секој на кој му е потребна дополнителна квалификација во Германија за да ја признае својата диплома, ќе може да остане во Германија до три години во иднина. На кандидатите им е дозволено да работат и до 20 часа неделно покрај работата на квалификацијата.
Ако работодавците во Германија и кандидатите од трети земји склучат партнерство за признавање диплома, квалификуваните работници можат да дојдат директно во Германија и да започнат со работа додека процесот е во тек. Престојот може да се продолжи до три години. Условот е најмалку двегодишно стручно образование и основно познавање на германски јазик (А2).
Покрај медицинскиот персонал (медицински сестри и техничари), во иднина пристап до германскиот пазар на труд ќе биде овозможен и на помошниот медицински персонал - со помалку од три години стручно образование во областа на медицинската нега Правила за пристигнување на семејства
Доколку сопружниците и малолетните деца сакаат да се преселат во Германија, одредени квалификувани работници повеќе не мора да даваат доказ за „доволен“ простор за живеење, односно квадратурата на станот. Дополнително, доколку добијат дозвола за престој само од март 2024 година, можат да ги донесат и своите родители или родителите на брачниот другар.
Останатите измени се планира да стапат на сила во јуни 2024 година.
Барање работа со „Картичка за шанса“
Во јуни ќе биде воведена таканаречената „карта на шанса“ (Chancenkarte) со систем на бодување. Со него луѓето кои бараат работа ќе можат да доаѓаат во Германија една година - под услов да им биде обезбедена егзистенцијата.
Секој што може да докаже дека стручната квалификација е еквивалентна на германската се смета за квалификуван работник и добива карта без никакви дополнителни услови. За сите останати, потребна е високо образование или најмалку двегодишна професионална квалификација, како и основно познавање на германски јазик (А1) или познавање на англиски јазик (Б2).
Дополнително, бодови се доделуваат за работно искуство, признавање на квалификации во Германија, возраст, познавање на германски и англиски јазик, врски со Германија и потенцијал на дојдовен партнер или брачен другар.
Работниците со ваква „шанса карта“ смеат да работат и до 20 часа неделно, а дозволена е и пробна работа. „Шансата“ може да се продолжи до две години доколку има договор за вработување за квалификувано вработување.
Правилото за Западен Балкан важи на неодредено време
Таканареченото правило за Западен Балкан за вработување работници од Албанија, Босна и Херцеговина, Црна Гора, Косово, Северна Македонија и Србија - сега важи на неопределен период, а годишната квота ќе се зголеми на 50.000 работници од јуни. 2024 година.
Дојче Веле