Промовирани огласи »

Некогаш изборот на вистинската професија може да биде тежок. Дури и советите од најблиските некогаш не би биле доволни за  да се одлучите по кој пат ке одите. Некогаш размислувате дали да ја одберете професијата што ја сакате или професијата која ќе ви  донесе голема заработка. 

Без разлика дали сте почетник или  искусен професионалец, следете ги овие чекори за да ви помогнат да одлучите за вашиот идеален пат.

  • Утрврдете дали се навистина движете во погрешна насока.
  • Дознајте што сакате - а што не сакате.
  • Проценете ја вашата позадина и карактер.
  • Прашајте за совет, но не секогаш го прифаќајте
  • Бидете отворени за сите можности.

Дали вие би прифателе работа  која не ја сакате а е добро платена? Или сепак би ја почитувале вашата омилена професија иако заработката е помала и ќе се придржувате кон неа.

Промовирани огласи »

„Black Friday“ е дел од серијата неофицијални празници фокусирани на можностите за купување и се смета за почеток на празничната сезона.

Во продолжение 5 интересни факти за „Black Friday“:

  • Во 1800-тите, терминот „Black Friday“ се користел во врска со падовите на берзата.
  • „Black Friday“ некогаш бил наречен „Big Friday“. 
  • По 2001-та година Black Friday“ официјално е најпрометниот ден во годината.
  • 12% од купувачите на „Black Friday“ се пијани.
  • „Black Friday“ е најпрометниот ден во годината за водоинсталатерите во САД.

Иако „Black Friday“ не е традиција, во нашата земја сè поголем бројот на трговци нудат попусти и ја пренесуваат таа практика.

Промовирани огласи »

Од денес на KARIERA.mk можете да ги најдете сите активни огласи за вработување на Skopje Marriott Hotel!

Хотелот „Мериот“ е луксузен хотел на плоштадот Македонија кој нуди традиција и искуство кое ќе го направат вашиот специјален ден незаборавен. Хотелот е сместен на 328 метри од плоштадот Македонија и 200 метри од Камениот мост. 

Хотелот е прв од ланецот „Мериот“ на Балканот и е изграден согласно препознатливите стандарди. Воедно се стреми кон секојдневен успех и усовршување на своите услуги затоа константно е во потрага и усовршување на својот тим!

Моментално како активни се следните работни позиции:

ГОТВАЧ/КА
СПА ТЕРАПЕВТ

Се уште сте невработени?! Сите останати активни работни позиции можете да ги најдете ТУКА!

Промовирани огласи »

Експертите од Германското пензиско осигурување (DRV) пресметале дека најниската пензија што некој може да ја добие во Германија е 563 евра месечно.

Секоја пензија е различна и висината на месечната сума е индивидуална. Германското пензиско осигурување (DRV) го пресметува од различни вредности. Формулата за пензија произлегува од множењето на заработените поени, факторот на пристап и видот на пензијата и моменталната вредност на пензијата.

Поените на плата се пресметуваат годишно со споредување на приходот со просечниот приход на сите осигуреници. Ако заработката точно се совпаѓа со просечната заработка во соодветната година, тоа резултира со бод на плата. Според тоа, се зема предвид и времето поминато во одгледување деца (до 10-годишна возраст) или грижа за најблиските.

Исто така, се води сметка и за тоа кога некој ќе се пензионира. Ако се пензионирате предвреме, има одбитоци. Оние кои чекаат подолго може да имаат доплата. Ако се пензионирате точно во наведеното време, факторот за пензионирање е 1,0 - и нема одбитоци или доплати. Старосната пензија има коефициент на тип на пензија 1,0, додека, на пример, пензијата за деца без родители има коефициент 0,2. Сегашната вредност на пензијата е 37,60 евра за Западна Германија и 37,60 евра за Источна Германија.

Но, колку, поточно, односно колку нсјмалку, во најлош случај би требало да добива еден германски пензионер секој месец? Интернет порталот „ Finanztip“ пресметал: „Во најлош случај ќе добивате 563 евра месечно“.

„ Finanztip“ го илустрира ова „најлошо можно сценарио“ со пример:

Една жена никогаш во животот не работела и била мажена за независен претприемач. Во текот на разводот на виделина излеглеогромни долгови, а жената не добила ниту еден пензиски бод поради самовработување. Според тоа, жената нема право ниту на законска пензија, ниту на основна пензија.

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »