Промовирани огласи »

Еден Хрват на потешкиот начин научи што се случува кога нема да вратиш заем во Германија. Тој беше уапсен од германската федерална полиција за време на гранична контрола на автопатот кај Киферсфелден бидејќи по него трагаше јавното обвинителство во Минхен.

Човекот уште во 2018 година подигнал кредит од околу 20.600 евра за да купи автомобил, пишува магазинот Феникс.

Но, откако ги добил парите и го купил возилото, не платил ниту една рата од кредитот.

Наместо тоа, Хрватот исчезнал со автомобил во правец на родната земја. По враќањето во Германија, тој беше уапсен и суден на суд.

Промовирани огласи »

„Најголемиот број на корисници на електрична енергија не треба да се загрижени дека цената или ударот од било каква нова одлука ќе биде на нивен грб. Во блок тарифите еден и два спаѓаат 97,8 отсто од граѓаните, а интервенции би требало да има, секако откако ќе каже Регулаторната комисија, во блок тарифата три и блок тарифата четири каде се поголемите корисници, кои спаѓаат во категоријата на поимотни граѓани“ рече вицепремиерот за економски прашања, Фатмир Битиќи во „Трилинг“ на ТВ24.

Тој додаде дека во еден од договорите со ММФ е предвидено постепено да се намалуваат субвенциите за струјата, но не кон граѓаните, туку кон ЕСМ.

„На крај цената или негативните импликации нема да паднат кај граѓаните. Затоа сметам дека не треба да бидат загрижени граѓаните“ рече Битиќи.

Вицепремиерот додаде дека ќе продолжи и субвенционирањето на топлинската енергија, а за висината на субвенцијата пресметките се прават во моментов во Владата.

„Регулаторната комисија има одлука за цена, но таа е несубвенционирана. Наредните десетина дена, пред првите сметки, ќе има финална одлука за тоа колкав ќе биде процентот на субвенционирањето“ рече Битиќи.

Промовирани огласи »

На секој возач со добра километража му се има случено ваква ситуација, кога ќе започнете да претекнувате камион на испрекината линија, но додека да го претекнете, почнува полната линија, но возачот не знае за тоа, затоа што знакот е покриен од камионот, како што е прикажано на сликите.

И како што обично се случува, после ваква ситуација секогаш наидувате на полицаец кој ве запира и сака да ве казни. Но, дали во случајов има прекршување на правилата, бидејќи возачот не знаел и не можел да знае дека почнува полна линија? Од правна гледна точка, за вакво претекнување возачот не треба да биде казнет.

Промовирани огласи »

Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Македонија (РКЕ) донесе Тарифен систем за продажба на електрична енергија на потрошувачите кои ги снабдува универзалниот снабдувач и снабдувачот во краен случај со кој се утврдува дека евтината дневна тарифа стартува од 1 декември 2023 година во периодот од 13 часот до 15 часот.

Со воведување на дневната евтина тарифа домаќинствата ќе имаат на располагање вкупно 11 часа евтина електрична енергија во текот на едно деноноќие од понеделник до сабота и 24 часа во ден недела. РКЕ по направените анализи оцени дека се создадени услови домаќинствата да користат дополнителни часови во коишто надоместокот за потрошената електрична енергија ќе се пресметува по евтина тарифа. Податоците укажуваат дека инвестицискиот циклусот во обновливи извори на енергија го зголеми производството на електрична енергија со што директно се влијаеше врз намалување на цената преку ден – изјави Марко Бислимоски, претседател на РКЕ.

Подзаконските акти што ги донесе РКЕ утврдуваат и нови рокови според кои енергетските компании од следната година ќе треба да ги достават своите барања најдоцна до 30 септември, а одлуките за новите тарифи ќе бидат соопштени најдоцна до 30 ноември и истите ќе бидат на сила од следната година.

Од 1 декември домаќинствата ќе имаат ниска тарифа за електрична енергија од 13 часот до 15 часот и од 22 часот до 7 часот секој ден, како и цел ден недела. Тоа значи дека вработените, кои преку ден не се дома, нема да можат да ја користат евтината струја.

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »