Промовирани огласи »

Претседателот на Регулаторната комисија за енергетика, Марко Бислимовски, вчеравечер како гостин на ТВ Стар рече дека од утре од 13.00 до 15.00 часот официјално домаќинствата ќе плаќаат дневна евтина тарифа за електрична енергија. Сепак како што истакна тој не можат сите домаќинства да ја користат уште утре, односно ќе ја користат само оние кои имаат далечинско отчитување, додека останатите ќе треба да почекаат да им бидат сетирани мерилата рачно.

Од утре официјално евтината тарифа ќе се враќа кај домаќинствата. Кога ја укинавме во декември 2021, тоа беше во услови кога имавме цени на електрична енергија по 300-400 евра по мегаватчас, а во текот на денот достигнуваше до 500, 600, 700 евра. Едноставно тие трошоци не можеа да се издржат. Бевме принудени да ја укинеме, но тогаш ветивме – во првиот момент кога ќе се создадат технички и пазарни услови, ние ќе ја вратиме евтината тарифа. Сите домаќинства кои имаат далечинско отчитување, утре ќе имаат евтина тарифа, група по група ќе се сетираат мерилата. Не можат екипите на ЕВН одеднаш да заменат уште 400.000 броила, но до крајот на месецот ќе ја имаат 90 отсто, додаде Бислимовски.

Поради тоа грааѓните се прашуваат како да знаат во која група спаѓаат нивните домаќинства.

Ако утре на ЛЦД-екранот на броилото ви се појави ознаката Т2 (за ниска тарифа), тоа значи дека вие сте меѓу оние над 170 илјади среќници, кои од 13 до 15 часот добиле евтина струја. „Слободен печат“ од ЕВН Македонија го доби одговорот на најпоставуваното прашање, како граѓаните ќе препознаат дали броилото му е сетирано на новата тарифа. Од 1 декември влезе во сила новиот тарифен систем, а тогаш ќе започне и сетирањето на броилата.

Ознаката Т1 е (за висока тарифа), а Т2 (за ниска тарифа), што значи дека во зависност од периодот на денот, овие соодветни ознаки се појавуваат на екранот и се активни. Имено, корисникот може да препознае дали му е наместат броилото на евтина тарифа од 13 до 15 часот по 1 декември доколку му се појави соодветната ознака за евтина тарифа во наведениот временски период – објаснуваат од ЕВН.

Промовирани огласи »

Денес ви ги издвојуваме најпосетуваните работни позиции од реномирани компании на KARIERA.mk, се надеваме дека ќе го најдете вашето идеално работно место меѓу нив.

KOTON е турска мултинационална компанија за облека. Заклучно со 2015 година, ланецот имаш над 362 продавници за малопродажба во 25 земји.

Моментално врботува:

ПРОДАЖЕН ПЕРСОНАЛ - RAMSTORE MALL
ПРОДАЖЕН ПЕРСОНАЛ - CAPITOL MALL
ПРОДАЖЕН ПЕРСОНАЛ - CITY MALL
ПРОДАЖЕН ПЕРСОНАЛ – ТЕТОВО

FASHION GROUP повеќе од 15 години важи за најголема малопродажна модна групација во земјава, а во нејзиното портфолио ќе најдете некои од најголемите светски реномирани брендови како Hugo Boss, Diesel, Guess, Bitsiani, Mango, Springfield, Okaidi, Superdry, Timberland и други.

Моментално вработува:

E-COMMERCE ОПЕРАТОР

TEZENIS е лансиран во септември 2003 година, првата продавница е отворена во близина на Верона, Италија, со цел да се создаде бизнис во продажба на долна облека. Денес прерасна во франшиза со отворени бутици низ целиот свет.

Моментално се отворени следниве работни позиции:

АСИСТЕНТ ВО ПРОДАЖБА - EAST GATE MALL - ПОЛНО РАБОТНО ВРЕМЕ
АСИСТЕНТ ВО ПРОДАЖБА - CITY MALL - ПОЛНО РАБОТНО ВРЕМЕ

H&M Group светски бренд кој им овозможува на клиентите ширум светот да се изразат преку модата и дизајнот и да изберат поодржлив начин на живот.

Моментално вработува:

DEPARTMENT MANAGER

ESOTIQ европски бренд за долна облека препознатлив по својот луксуз, ексклузивит, квалитет.

Моментално вработува:

АСИСТЕНТ ЗА ПРОДАЖБА - ШТИП CITY MALL
АСИСТЕНТ ЗА ПРОДАЖБА - ШТИП CITY MALL - СКРАТЕНО РАБОТНО ВРЕМЕ

Се уште го немате пронајдено вашето идеално работно место?! Сите останати работни позиции погледнете ги ТУКА!

Промовирани огласи »

Претседателот на Регулаторната комисија за енергетика, Марко Бислимовски, вечерва како гостин на ТВ Стар рече дека од утре од 13.00 до 15.00 часот официјално домаќинствата ќе плаќаат дневна евтина тарифа за електрична енергија.

Од утре официјално евтината тарифа ќе се враќа кај домаќинствата. Кога ја укинавме во декември 2021, тоа беше во услови кога имавме цени на електрична енергија по 300-400 евра по мегаватчас, а во текот на денот достигнуваше до 500, 600, 700 евра. Едноставно тие трошоци не можеа да се издржат. Бевме принудени да ја укинеме, но тогаш ветивме – во првиот момент кога ќе се создадат технички и пазарни услови, ние ќе ја вратиме евтината тарифа. Сите домаќинства кои имаат далечинско отчитување, утре ќе имаат евтина тарифа, група по група ќе се сетираат мерилата. Не можат екипите на ЕВН одеднаш да заменат уште 400.000 броила, но до крајот на месецот ќе ја имаат 90 отсто, додаде тој.

Промовирани огласи »

На половина од германските компании им е тешко да најдат работници, откри Трговската и индустриската комора ДИХК во истражувањето објавено во средата, предупредувајќи дека недостигот на работна сила ја загрозува конкурентноста на економијата.

Незначително е намален уделот на компаниите кои тешко наоѓаат работници, од јануарските 53 на 50 отсто, утврди ДИХК, но проблемот е недостигот на работна сила во секторите кои бележат високи стапки на раст и бараат висококвалификувани работници.

„Ситуацијата со квалификувана работна сила останува критична“, рече заменик-извршниот директор на DIHK Ахим Деркс во извештајот „Тесните грла во понудата на квалификувана работна сила го загрозуваат успехот во клучните технологии“.

Според сегашните проценки, 1,8 милиони работни места се непополнети во германската економија во целина.

Ова значи дека оваа година ќе бидат изгубени повеќе од 90 милијарди евра додадена вредност, нагласи Дрекс, предупредувајќи дека бројката одговара на повеќе од два отсто од бруто домашниот производ.

Истражувањето покажа дека 80 отсто од компаниите очекуваат негативни последици од недостигот на работна сила. 16 отсто од нив ќе бидат принудени да инвестираат помалку во Германија, особено во секторите машинско инженерство и производство на автомобили, но и медицинска технологија и уреди за обработка на податоци.

Свесна за проблемот, германската влада годинава усвои нов закон за да им помогне на странските работници да се населат во Германија.

Повеќе од половина од компаниите сметаат дека ангажирањето странски и квалификувани работници е можно решение за проблемот со недостигот на работна сила, покажа истражувањето.

Тпортал

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »