За компанијата: Fashion Group повеќе од 20 години важи за најголема малопродажна модна групација во земјава, а во нејзиното портфолио ќе најдете некои од најголемите светски реномирани брендови како Hugo Boss, Diesel,...
повеќе за компанијата »E-commerce оператор
E-commerce операторот е одговорен за задоволството на купувачите, преку ефикасно одговарање на сите прашања поврзани со производите, процесот на online купување и други информации поврзани со работењето на компанијата.
Обврски и одговорности:
Комуникација со корисниците и надворешни соработници со цел процесирање на online нарачките, како и системско процесирање на нарачките.
Работни задачи:
- Корисничка поддршка преку различни канали
- Процесирање на нарачки креирани преку веб сајтовите и мобилната апикација на Fashion Group
- Следење на нарачките кои треба да се достават до корисниците
- Комуникација со курирски служби при неиспорачани, несоодветно испорачани и задоцнети испораки.
- Процесирање на повратници, замени и рефундации
- Унапредување на работењето на платформата во координација со други сектори
Образование, работно искуство и вештини:
- Познавање на работа на компјутер, Мicrosoft Office пакет
- Пожелно е познавање на работа со софтверски алатки за управување со онлајн нарачки
- Познавање на англиски јазик
- Работно искуство на иста или слична позиција минимум 1 година
Компетенции, знаења и способности
- Брзо воочување на детали
- Мултитаскинг
- Прилагодливост и флексибилност
- Управување со време и приоритети
- Креативност и иновативност
- Активно слушање
- Љубезност, културно изразување и услужливост
- Способност за тимска и индивидуална работа
Ние нудиме:
- Работно време од понеделник до петок од 08:00 до 16:00 часот (работна секоја трета Сабота)
- Пакет бенефиции за лојални вработени
- Конкурентна плата и дополнителни бонуси за остварување на зададени таргети
- Можности за дополнителни обуки и тренинзи со цел стекнување на нови знаења и вештини
- Можност за раст и развој на професионален план
Слични огласи »