Промовирани огласи »

Според Меѓународната организација на трудот (МОТ), глобалната инфлациска криза доведе до пад на реалните плати ширум светот.

Повеќекратните глобални кризи доведоа до пад на реалните плати. Тоа доведе милиони работници во страшна ситуација бидејќи се соочуваат со зголемени предизвици.

Најниската плата во земјава од март 2024 година ќе биде 22.500 денари. Повеќе од двојно зголемување од минималната плата во 2017 година. Минималната плата сега изнесува 20.175 денари.

Според Законот за минимална плата согласно кои се воспостави нова методологија според која висината на минималната плата се усогласува со 50 проценти од порастот на трошоците на живот и 50 проценти од порастот на просечната плата во изминатата година.

Сепак инфлацијата ги „изеде“ платите на голем број вработени како во нашата држава така и насекаде во светот, а глобален пад на реалните плати е забележан за првпат во 21 век.

Нееднаквоста во приходите ќе се зголеми доколку не се задржи куповната моќ на најниско платените.

Промовирани огласи »

Оваа среда (13.12.2023) ќе се одржи шестото издание на конференцијата „Жени претпримачки“ која на едно место ќе ги собере некои од најуспешните бизнис жени во нашата земја. Во рамки на настанот ќе се доделат и наградите од изборот „Жена на годината 2023“ (www.zenanagodinata.mk).

Конференцискиот дел на настанот, покрај со вообичаената забавна компонента, ќе биде исполнет и со предавања на неколку еминентни говорници кои ќе зборуваат на различни теми.

Овогодишни говорници на конференцијата се: Магдалена Христова - директор на финансискиот оддел на Пивара Скопје; Лулзим Адили Луи -  сертифициран обучувач за лидерство, говорник и коуч; Мери Шешо Најденовска - oперативна директорка на Monks Agency; Наташа Поповиќ - директорка на НУ Охридско лето, како и Моника Ризовска од Ways2Help.

После конференцискиот дел, ќе следува церемонијата на доделување признанија за победничките во овогодишниот избор за „Жена на годината“ во вкупно 10 категории.

За годинешното издание е забележан рекорден број на онлајн номинации, вкупно 799. Од нив беше формирана листа на финалистки (по 5 во секоја категорија), за кои потоа гласаше жири-комисија составена од претставници на медиуми, образовни институции, организатори и соработници.

Овогодишни покровители на настанот се: Пивара Скопје, Империјал Тобако, А1, Халкбанк, КБ Прво пензиско друштво, KARIERA.mk, Фабу, Мартимекс, Версаче, Тиквеш, ФитКит, Инекс Олгица, Енерџи Студио, Бизнис Академија Смилевски, Пакомак,  Музејот на македонската борба за независност  и други.

Промовирани огласи »

На европскиот континент има богати земји кои се рангирани како места каде луѓето се несреќни. Според Евростат, Бугарија и Германија се најнесреќните земји во Европа. 

Европската статистичка агенција (Евростат) ги објави податоците од годишното истражување за „показатели за квалитетот на животот“. Австрија е на прво место, односно нејзините жители се најсреќните во европската заедница.  Второто место го зазедоа Полска, Финска и Романија со 7,7, а Италија, Шпанија и Франција се околу просекот (7,1).

„Интересно е да се види дека некои земји поврзани со ниски приходи во блиското минато, како Романија и Полска, се меѓу земјите каде задоволството од животот е највисоко“, објави Евростат.

Евростат објави дека граѓаните на ЕУ одговорите дека генерално се задоволни од својот живот. Претходните години, на многу истражувања скандинавските држави беа рангирани како најсреќни.  Што се однесува до Македонија, но и другите држави од регионот, тие често се на дното на листите. 

Промовирани огласи »

Додека светот се бори со инфлацијата, Кина има дефлацијата.

Државата се бори со падот на цените оваа година, пишува Си-ен-ен. Индексот на потрошувачките цени (CPI) се намали за 0,5 отсто во ноември во однос на претходната година, што е најголемo намалување од ноември 2020 година. Беше полошо од очекуваното, затоа што аналитичарите кои ги консултираше Ројтерс очекуваа пад од 0,1 отсто.

Цените на храната беа големо количество на CPI, паѓајќи за 4,2 отсто во ноември во однос на претходната година. Поточно, свинското месо поевтини за 31,8 отсто. Цените на бензините паднаа откако меѓународните цени на нафтата го достигнаа најниското ниво во последните месеци во ноември.

Забавена е и инфлацијата кај услугите. Зголемувањето е забележано за 1 отсто на годишно ниво минатиот месец, наспроти зголемувањето од 1,2 отсто во октомври. Индексот на цените на производителите (PPI), кој е поттикнат главно од цените на стоките и суровините, се намали за 3 отсто во ноември, паѓајќи 14 месеци по ред.

На европско тло, годишната стапка на инфлација во Германија падна на 3,2 отсто во ноември од 3,8 отсто во октомври, во согласност со претходната проценка, потврди денеска германската Федерална статистичка служба – Дестатис.

foto freepik.com/kwangmoop

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »