Промовирани огласи »

TBM Group е  Чешка компанија, пионир со децениско искуство на организирање глобални деловни конференции и самити. Со канцеларии во Прага и Скопје, TBM Group не е само компанија; тоа е инкубатор за таленти.

Канцеларијата на TBM Group во Скопје е своевиден иновативен хаб со повеќе од педесетина динамични млади професионалци. Овде, тие стекнуваат непроценливо искуство работејќи со „Fortune 500“ компании, обликувајќи ги нивните кариери со практични можности и менторство.

Во 2023 година, TBM Group направи нова пресвртница во Скопје со  својот најнов предизвик, високо-технолошкиот самит за вештачка интелигенција „AI Tech Summit“, кој  се одржа во Скопје во Септември. Овој револуционерен настан го означи почетокот на новата ера во технолошките иновации за регионот.

Групацијата ТБМ има големи планови надвор од Скопје. Од 2024 година, компанијата треба да ги прошири своите операции ширум светот, отворајќи нови врати за таленти и создавајќи глобални можности. Визијата е јасна – да се поврзе Македонија со светот и да се донесе светот во Македонија.

Додека TBM Group ги поместува границите во сферата на деловните конференции и самити, отворена е за нови таленти за да се приклучат на нејзиниот динамичен тим. Ако сте подготвени да бидете дел од едно глобално движење, да работите со врвни компании во индустријата, TBM Group е местото за вас.

Промовирани огласи »

Согласно добиените барања од компаниите, зголемувањето на цената на струјата би било за 27 проценти, соопшти денеска Регулаторната комисија за енергетика.

Претседателот на РКЕ Марко Бислимовски на прес-конференција рече дека почнуваат анализите за цената на струјата и дека до крајот на следната недела се очекува да се донесат цените за МЕПСО, МЕМО и Електродистрибуција.

Ќе бидеме максимално транспарентни и нема да дозволиме граѓаните да почувствуваат ценовен шок, рече Бислимовски.

Во однос на воведувањето на пристап до мрежа, претседателот на РКЕ потенцираше дека тоа нема да биде нов трошок за потрошувачите и дека се ќе биде во рамки на одобрениот приход на компаниите.

Никој нема да заработува пари од она што како цена ќе го определи РКЕ. Надоместокот ќе значи намалување на цената на мрежарината, нагласи Бислимовски, апелирајќи да не се подлегнува на шпекулации.

Промовирани огласи »

Според Меѓународната организација на трудот (МОТ), глобалната инфлациска криза доведе до пад на реалните плати ширум светот.

Повеќекратните глобални кризи доведоа до пад на реалните плати. Тоа доведе милиони работници во страшна ситуација бидејќи се соочуваат со зголемени предизвици.

Најниската плата во земјава од март 2024 година ќе биде 22.500 денари. Повеќе од двојно зголемување од минималната плата во 2017 година. Минималната плата сега изнесува 20.175 денари.

Според Законот за минимална плата согласно кои се воспостави нова методологија според која висината на минималната плата се усогласува со 50 проценти од порастот на трошоците на живот и 50 проценти од порастот на просечната плата во изминатата година.

Сепак инфлацијата ги „изеде“ платите на голем број вработени како во нашата држава така и насекаде во светот, а глобален пад на реалните плати е забележан за првпат во 21 век.

Нееднаквоста во приходите ќе се зголеми доколку не се задржи куповната моќ на најниско платените.

Промовирани огласи »

Оваа среда (13.12.2023) ќе се одржи шестото издание на конференцијата „Жени претпримачки“ која на едно место ќе ги собере некои од најуспешните бизнис жени во нашата земја. Во рамки на настанот ќе се доделат и наградите од изборот „Жена на годината 2023“ (www.zenanagodinata.mk).

Конференцискиот дел на настанот, покрај со вообичаената забавна компонента, ќе биде исполнет и со предавања на неколку еминентни говорници кои ќе зборуваат на различни теми.

Овогодишни говорници на конференцијата се: Магдалена Христова - директор на финансискиот оддел на Пивара Скопје; Лулзим Адили Луи -  сертифициран обучувач за лидерство, говорник и коуч; Мери Шешо Најденовска - oперативна директорка на Monks Agency; Наташа Поповиќ - директорка на НУ Охридско лето, како и Моника Ризовска од Ways2Help.

После конференцискиот дел, ќе следува церемонијата на доделување признанија за победничките во овогодишниот избор за „Жена на годината“ во вкупно 10 категории.

За годинешното издание е забележан рекорден број на онлајн номинации, вкупно 799. Од нив беше формирана листа на финалистки (по 5 во секоја категорија), за кои потоа гласаше жири-комисија составена од претставници на медиуми, образовни институции, организатори и соработници.

Овогодишни покровители на настанот се: Пивара Скопје, Империјал Тобако, А1, Халкбанк, КБ Прво пензиско друштво, KARIERA.mk, Фабу, Мартимекс, Версаче, Тиквеш, ФитКит, Инекс Олгица, Енерџи Студио, Бизнис Академија Смилевски, Пакомак,  Музејот на македонската борба за независност  и други.

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »