Промовирани огласи »

Сите сме работеле за барем еден лош работодавец. Сепак, никој на таква позиција не прави ништо во врска со тоа. Но сте останале во таа компанија и давате се од себе, и покрај вашиот шеф. Или сепак не? Ако некое од овие ви изгледа познато, време е вашето работно место да се обликува или да размислите да најдете поздраво место за работа. Важно е да ги препознаете знаците на токсична работна средина и да знаете кога е време да заминете.

Во продолжение прочитајте ги советите за тоа како да се справите или избегнете токсичната работна средина.

  • Поставете граници

Не дозволувајте да бидете малтретирани и да ја прескокнувате паузата за ручек или да работите дополнителни часови за кои нема да добиете надомест. Објаснете му на вашиот шеф дека ви е потребна пауза за да се одморите и добро да ја завршите својата работа.

  • Фокусирајте се на вашите цели

Без разлика на сè, обидете се да останете позитивни. Нема да бидете тука засекогаш затоа што имате поголеми и подобри цели пред вас.

  • Отстранете ја напнатоста по работата

Следете ги вашите мали ритуали кои можат да ви помогнат да ги отстраните негативната енергија и напнатоста по завршувањето на работата како топол туш, прошетка во природа или разговор со пријател.

  • Не ги заборавајте вашите вредности

Ако некој на работа е суров кон вас, потрудете се да не одговорите на ист начин. Тоа само ќе направи ситуацијата да ескалира.

Што да правите во случај на токсична работа? Развијте пријателства со луѓе кои се чувствуваат исто како вас. Направете нешто после работа што може да помогне да се ослободите од стресот. Започнете ја вашата стратегија за излез од ваквата ситуација.

Промовирани огласи »

Министерството за внатрешни работи ја заврши постапката за набавка на налепници со новата ознака NМК за регистарските таблички.

Тендерот го доби фирмата „Квантум“ од Скопје заедно со германската компанија „ЕХА Хофман интернационал“, која ќе ги изработува табличките и налепниците. За оваа цел, МВР ќе потроши 2,29 милиона евра (141,6 милион денари) во период од три години колку што предвидува договорот за набавката.

Според договорот објавен на страницата на јавни набавки, компаниите што го добија тендерот за налепниците зависно од големината за чифт понудиле цена од 25 до 35 денари, без ДДВ. Се набавуваат четири вида двојни налепници според големината: димензии 99×42 милиметри – набавна цена 35,4 денари; димензии 85×40 милиметри, цената ќе биде 41,3 денар; димензии 53×37 милиметри за цена од 35,4 денари; димензии 48×18 милиметри за цена од 29,4 денари.

Колкава ќе биде продажната цена на овие налепници, ќе одлучи Министерството за внатрешни работи.

Освен налепниците со новото уставно име, МВР набави и регистерски таблички. Според понудата која е дадена од носителот на јавната набавка „Квантум“ ДООЕЛ Скопје, чифт регистарски таблички за возило чинат 637 денари, со вклучен ДДВ. 

Промовирани огласи »

Во конкуренција на голем број компании од регионот на Јадранот, А1 Македонија освои две престижни награди што беа врачени на свечената манифестација што се одржа во Загреб, Хрватска. А1 Македонија е добитник на гран-при награда на Best Employer Brand Awards Adria за земјата и Best Employer Brand Adria награда за големи компании во Адриа регионот.

„Нашата корпоративна култура која се заснова на тимската работа, меѓусебната доверба и агилност, длабоко се грижи за успехот на нашите колеги што се преточува во врвен перформанс на компанијата. Оттука постојано работиме на креирање и спроведување најдобри практики за кариерен раст, учење и изнаоѓање нови начини за континуирана и транспарентна комуникација. Горди сме што стручното жири ја препозна А1 како компанија која вложува во своите вработени и затоа ова признание претставува потврда во нашето убедување за вложување во луѓето, транспарентната комуникација и во нивната благосостојба бидејќи вработените се во центарот на нашето внимание”, изјави Елена  Димовска раководителка на одделот на корпоративни комуникации на А1 Македнија. 

На манифестацијата Best Employer Brand Awards Adria, гран-при се доделува за сеопфатна имплементација на стратегијата на брендот на работодавачот, внатрешна и надворешна комуникација на брендот, креативност на решенија, квалитет на кампањи, иновативност што ги покажува постигнатите резултати.

Настанот Best Employer Brand Awards Adria се одржа по петти пат, а по трет пат во регионалното издание во организација на CareerCentar, интернет платформа за онлајн тестирање и консалтинг за брендирање на работодавачи. 

Промовирани огласи »

Крајот на годината е законскиот рок кога фирмите и работодавачите имаат обврска да исплатат регрес за годишен одмор, или кај нас познат како К-15.

Минималниот износ кој треба да се исплати за К-15 изнесува околу 14.700 денари (тоа е 40 % од просечната плата во последните 3 месеци) додека максималниот износ може да достигне 100 % од просечната плата, или нешто над 36.850 денари.

Според нашиот Закон, право на К-15 има секој вработен со најмалку шест месеци непрекинат стаж кај работодавецот, без разлика разлика на тоа дали е на определено или неопределено време.

Значајно е да се каже дека оваа година, за првпат К-15 од 10.000 денари добиваат и 138.000 врабтени во јавниот сектор, aа некои сектори како полицијата, здравството, образованието, јавните претпријатија веќе исплатија К-15 за своите вработени.

Од следната година висината на К-15 во јавниот сектор ќе биде 30 отсто од просечната плата, односно околу 13.000 денари.

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »