Промовирани огласи »

Во конкуренција на голем број компании од регионот на Јадранот, А1 Македонија освои две престижни награди што беа врачени на свечената манифестација што се одржа во Загреб, Хрватска. А1 Македонија е добитник на гран-при награда на Best Employer Brand Awards Adria за земјата и Best Employer Brand Adria награда за големи компании во Адриа регионот.

„Нашата корпоративна култура која се заснова на тимската работа, меѓусебната доверба и агилност, длабоко се грижи за успехот на нашите колеги што се преточува во врвен перформанс на компанијата. Оттука постојано работиме на креирање и спроведување најдобри практики за кариерен раст, учење и изнаоѓање нови начини за континуирана и транспарентна комуникација. Горди сме што стручното жири ја препозна А1 како компанија која вложува во своите вработени и затоа ова признание претставува потврда во нашето убедување за вложување во луѓето, транспарентната комуникација и во нивната благосостојба бидејќи вработените се во центарот на нашето внимание”, изјави Елена  Димовска раководителка на одделот на корпоративни комуникации на А1 Македнија. 

На манифестацијата Best Employer Brand Awards Adria, гран-при се доделува за сеопфатна имплементација на стратегијата на брендот на работодавачот, внатрешна и надворешна комуникација на брендот, креативност на решенија, квалитет на кампањи, иновативност што ги покажува постигнатите резултати.

Настанот Best Employer Brand Awards Adria се одржа по петти пат, а по трет пат во регионалното издание во организација на CareerCentar, интернет платформа за онлајн тестирање и консалтинг за брендирање на работодавачи. 

Промовирани огласи »

Крајот на годината е законскиот рок кога фирмите и работодавачите имаат обврска да исплатат регрес за годишен одмор, или кај нас познат како К-15.

Минималниот износ кој треба да се исплати за К-15 изнесува околу 14.700 денари (тоа е 40 % од просечната плата во последните 3 месеци) додека максималниот износ може да достигне 100 % од просечната плата, или нешто над 36.850 денари.

Според нашиот Закон, право на К-15 има секој вработен со најмалку шест месеци непрекинат стаж кај работодавецот, без разлика разлика на тоа дали е на определено или неопределено време.

Значајно е да се каже дека оваа година, за првпат К-15 од 10.000 денари добиваат и 138.000 врабтени во јавниот сектор, aа некои сектори како полицијата, здравството, образованието, јавните претпријатија веќе исплатија К-15 за своите вработени.

Од следната година висината на К-15 во јавниот сектор ќе биде 30 отсто од просечната плата, односно околу 13.000 денари.

Промовирани огласи »

Иако Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) е независно тело, кое одлучува за цената на струјата, министерот за економија, Крешник Бектеши, уверува дека барањата за поскапување на струјата за 27 % од 1 јануари нема да бидат прифатени. МЕПСО, „Електродистрибуција“ и МЕМО доставија пресметки со барање за поскапување на струјата, а Регулаторната комисија  најави одлука за следната недела.

Енергетските компании може да бараат и 400 и 500 % поскапување во делот на трошоците што тие ги пријавуваат и во согласност со нивните планови за инвестирање. Тоа ќе биде одлука на РКЕ колку од тие трошоци ќе ги прифати. 27 % не е некое големо побарување ако споредиме со претходните години од страна на МЕПСО и ЕВН. Тие, најверојатно, нема да бидат прифатени, рече министерот Бектеши по одбележувањето 10 години од постоењето на Фондот за иновации.

Тој уверува дека граѓаните нема да плаќаат повисоки сметки за струја од 1 јануари, туку, напротив, ќе имаат можност да ги намалат сметките со користење на дневната евтина тарифа на струјата.

Корисниците што се во првиот и вториот тарифен блок нема да имаат промена во сметките ниту со воведување на новата давачка – пристап до мрежа, која ќе направи измена само кај оние што се големи потрошувачи на струја и кај оние што имаат по неколку станови или викендички.

Промовирани огласи »

Програма на неработни денови за 2024 година

Согласно со Законот за празниците на Република Македонија (Сл.весник на РМ број 21/98 и 18/07) во 2024 година неработни денови се:

За сите граѓани на РМ

  • 01 јануари (понеделник), Нова Година,
  • 07 јануари (недела), Божик,  првиот ден на Божик според православниот календар, односно 08 јануари (понеделник) е неработен ден,
  • 06 мај (понеделник), Велигден, вториот ден на Велигден според православниот календар,
  • 10 април (среда), Рамазан Бајрам, првиот ден на Рамазан Бајрам,
  • 01 мај (среда), Ден на трудот
  • 24 мај (петок) „Св. Кирил и Методиј“- Ден на сесловенските просветители,
  • 02 август (петок), Ден на Републиката,
  • 8 септември (недела),Ден на независноста, односно 09 септември (понеделник) е неработен ден
  • 11 октомври (петок), Ден на народното востание,
  • 23 октомври (среда), Ден на македонската револуционерна борба
  • 8 декември (недела), “Св. Климент Охридски”, односно 09 декември (понеделник) е неработен ден.
  • 06 јануари (сабота), Бадник, ден пред Божик,
  • 19 јануари (петок), Богојавление (Водици),
  • 03 мај (петок), Велики Петок, петок пред Велигден,
  • 21 јуни (петок), Духовден, петок пред Духовден,
  • 28 август (среда), Успение на Пресвета Богородица (Голема Богородица).
  • 01април (понеделник), Велигден, вториот ден на Велигден,
  • 01 ноември (петок), Празникот на сите светци,
  • 25 декември (среда), првиот ден на Божик.
  • 16 јуни (недела), Курбан Бајрам, првиот ден на Курбан Бајрам
  • 22 ноември (петок), Ден на албанската азбука
  • 06 јануари (сабота), Бадник, ден пред Божик,
  • 19 јануари (петок), Богојавление (Водици),
  • 03 мај (петок), Велики Петок, петок пред Велигден,
  • 21 јуни (петок), Духовден, петок пред Духовден,
  • 28 август (среда), Успение на Пресвета Богородица (Голема Богородица).
  • 01април (понеделник), Велигден, вториот ден на Велигден,
  • 01 ноември (петок), Празникот на сите светци,
  • 25 декември (среда), првиот ден на Божик.
  • 16 јуни (недела), Курбан Бајрам, првиот ден на Курбан Бајрам
  • 22 ноември (петок), Ден на албанската азбука

За граѓаните од православна вероисповед

  • 06 јануари (сабота), Бадник, ден пред Божик,
  • 19 јануари (петок), Богојавление (Водици),
  • 03 мај (петок), Велики Петок, петок пред Велигден,
  • 21 јуни (петок), Духовден, петок пред Духовден,
  • 28 август (среда), Успение на Пресвета Богородица (Голема Богородица).

За граѓаните од католичка вероисповед

  • 01април (понеделник), Велигден, вториот ден на Велигден,
  • 01 ноември (петок), Празникот на сите светци,
  • 25 декември (среда), првиот ден на Божик.

За граѓаните од муслиманска вероисповед

  • 16 јуни (недела), Курбан Бајрам, првиот ден на Курбан Бајрам

За граѓаните припадници на албанската заедница во РСМ

  • 22 ноември (петок), Ден на албанската азбука

За граѓаните припадници на српската заедница во РСМ

  • 27 јануари (сабота), Свети Сава
  • За граѓаните припадници на ромската заедница во РСМ
  • 08 април (понеделник), Меѓународен ден на Ромите

За граѓаните припадници на влашката заедница  во РСМ

  • 23 мај (четврток), Национален ден на Власите

За граѓаните припадници на еврејската заедница во РСМ

  • 12 октомври (сабота), Јом Кипур, првиот ден на Јом Кипур

За граѓаните припадници на бошњачката заедница  во РСМ

  • 28 септември (сабота), Меѓународен ден на Бошњаците

За граѓаните припадници на турската заедница во РСМ

  • 21 декември (сабота), Ден на настава на турски јазик

ИЗвор: МТСП

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »