Промовирани огласи »

Вработување во СЕТЕК!

Најнови огласи за вработување во СЕТЕК!

СЕТЕК сé од техника е лидер во областа на ИТ, аудио видео и белата техника, кој на македонскиот пазар е присутен повеќе од 30 години. СЕТЕК сé од техника ја поседува најголемата дистрибутивна мрежа во Македонија.

Моментално вработува:

РЕФЕРЕНТ ЗА ПРОДАЖБА ВО СТРУМИЦА
РЕФЕРЕНТ ЗА ПРОДАЖБА ВО РЕСЕН
РЕФЕРЕНТ ЗА ПРОДАЖБА ВО ВЕЛЕС

Доколку се уште ја немате пронајдено вашата идеална работна позиција, сите останати акавтивни огласи за вработување можете да ги најдете ТУКА.

Тагови: СЕТЕК Сè од техника ДОО

Промовирани огласи »

Од полноќ поевтинуваат горивата

Од полноќ минимално поевтинување на горивата

Регулаторната комисија за енергетика денеска објави нови пониски цени за горивата, кои ќе започнат да важат од полноќ. Граѓаните на Македонија ќе плаќаат пониски малопродажни цени за бензини и дизел, кои се намалени за 0,5 денари по литар.

Новата цена на ЕУРОСУПЕР 95 ќе изнесува 76 денари за литар, додека ЕУРОСУПЕР 98 ќе чини 78,5 денари. ЕУРОДИЗЕЛ ќе се продава по намалена цена од 68,5 денари по литар.

Во истиот контекст, малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се намалува за 0,680 ден/кг, и ќе изнесува 41,025 денари по килограм. Екстра лесното масло за домаќинство, исто така, ќе биде поевтино и од утре ќе изнесува 68,5 денари.

Тагови: цени на горивата Регулаторната комисија за енергетика

Промовирани огласи »

Огласи за работа во државна администрација!

Најнови огласи за работа во државна администрација!

Државната администрација нуди одлични можности за работа и кариера, а порталот KARIERA.mk е идеално место за најдобрите кандидати да ги пронајдат огласите за отворените позиции. 

На платформата ќе најдете различни работни места во јавниот сектор, од најниските до највисоките позиции во разни министерства, агенции и други државни институции.

Моментално отворени позиции:

Помлад референт-помошник архивар, Административна служба - Јавно комунално претпријатие Козјак, Општина Старо Нагоричане

Советник за општи и нормативно правни работи - Секретар, Одделение за нормативно правни работи, човечки ресурси и општи работи, Административна служба - Државно училиште за рехабилитација на деца и младинци со оштетен вид Димитар Влахов Скопје

Советник за собирање на податоци во вардарски плански регион, Кавадарци - Министерство за образование и наука

Соработник за ex-ante финансиска контрола, Одделение за буџетска координација и буџетска контрола, Сектор за финансиски прашања - Општина Кисела Вода

Помлад соработник за административно - оперативна и техничка поддршка за превод на македонски - албански јазик, Одделение за превод и лекторирање, Сектор за координација и техничка помош на министерот - Министерство за социјална политика, демографија и млади

Сите останати позиции за во државна администрација можете да ги најдете ТУКА.

Тагови: државна администрација

Промовирани огласи »

Владата на Република Македонија донесе одлука за значително зголемување на платите во здравствениот сектор, објави Прес службата на Влада. Сите здравствени работници, вклучувајќи ги техничарите и административниот персонал, ќе добијат зголемување на платата од 4.815 денари, додека медицинските сестри ќе имаат покачување од 6.200 денари.

Ова зголемување доаѓа по првичното покачување кое започна со октомвриската плата во 2024 година. Дополнително, со мартовската плата која ќе се исплати во април, платите на сите вработени во јавниот здравствен сектор ќе бидат зголемени за 2.500 денари.

Ова е значаен чекор напред во подобрување на условите и задоволството на работниците во здравствениот сектор, кои играат клучна улога во одржувањето на јавното здравје. Очекувањата се дека ваквите мерки ќе поттикнат поголема мотивација и ќе привлечат нови кадри во оваа значајна професија.

Тагови: Влада на РСМ зголемување на плати здравствени работници медицински сестри

Вчитај повеќе вести...
барај огласи за вработување »