Промовирани огласи »

Најнови огласи за работа во државна администрација!

Огласи за работа во државна администрација!

Државната администрација нуди одлични можности за работа и кариера, а порталот KARIERA.mk е идеално место за најдобрите кандидати да ги пронајдат огласите за отворените позиции. 

На платформата ќе најдете различни работни места во јавниот сектор, од најниските до највисоките позиции во разни министерства, агенции и други државни институции.

Моментално отворени позиции:

Соработник за поддршка на Градоначалникот, Одделение за правни и општи работи и јавни дејности - Општина Македонска Каменица

Помошник инспектор за туризам и угостителство, Одделение за инспекциски надзор - Општина Маврово и Ростуше

Советник за образование, култура и географија, Одделение за нормативно-правни работи и јавни дејности - Општина Маврово и Ростуше

Советник за спроведување на постапки за јавно наддавање, Одделение за управување со градежно земјиште и јавно наддавање, Сектор за нормативно правни работи - Општина Кисела Вода

Советник за развој на спортот, Одделение за спорт, Сектор за образование, предучилишно воспитување, спорт и култура - Општина Кисела Вода

Сите останати позиции за во државна администрација можете да ги најдете ТУКА.

Тагови: државна администрација

Промовирани огласи »

АВСТРИЈА ГИ ЗГОЛЕМУВА ДЕТСКИОТ ДОДАТОК, СУБВЕНЦИИТЕ ЗА ГРЕЕЊЕ - еве какви промени најавуваат

Австрија планира значително зголемување на детските додатоци и субвенциите за греење од 2025 година, обезбедувајќи финансиска поддршка за своите граѓани.

За да ги олесни финансиските потешкотии на своите граѓани, Австрија планира значително да ги зголеми детските додатоци и субвенциите за греење во 2025 година. Според австриските медиуми, висината на новите мерки може да достигне и до 1.500 евра, што се очекува да биде значаен поттик за многу семејства.

Работниците можат да очекуваат надоместоци за патување до 1.200 евра, додека во Виена граѓаните добиваат бонус за струја од 100 евра. Во голем број провинции, субвенциите за трошоците за греење ќе достигнат до 350 евра, а дополнителна помош за домаќинствата со ниски примања ќе биде достапна до 400 евра.

Австрија ќе обезбеди и други бенефити, како што се бонус за занаетчии до 1.500 евра и бонус за поправка до 200 евра. Даночното усогласување во 2024 година ќе им донесе на многу работници поврат до 1.000 евра. Овие мерки, пишуваат австриските медиуми, се целат на ублажување на растот на трошоците за живот и обезбедување помош за различни групи на население.

Тагови: Австрија детски додаток

Промовирани огласи »

Нур Алфала за нејзината врска со Ал Пачино и нивниот новороден син

Нур Алфала, партнерката на легендарниот Ал Пачино, првпат го покажа своето новородено дете

Нур Алфала за првпат го покажа својот син Роман од Ал Пачино:

Родена сум во погрешна генерација, цел живот сум стара душа

Девојката на Ал Пачино, 30-годишната Нур Алфала, за првпат се појави во јавност со својот син Роман, кој го има со славниот актер Ал Пачино. Во интервју за арапскиот Вог, таа изјави дека синчето е нејзиниот најголем подарок во животот.

Нур Алфала е успешна продуцентка со магистратура во филмска продукција. Неодамна го прикажа својот прв филм „Мала смрт“, кој ја истражува опиоидната криза во Америка. Филмот беше претставен на Санденс фестивалот, а наскоро планира да го промовира и на Канскиот фестивал.

Алфала објасни дека и покрај раѓањето на првото дете, не планира да ја паузира кариерата. Таа раскажа како успеа да се зближи со Ал Пачино.

„Потоа почна пандемијата“, се сеќава Алфала. „Ал живееше на следната улица од мојата куќа и почнавме да го поминуваме секој ден заедно, играјќи шах и гледајќи филмови. Беше како филмско училиште со Ал Пачино“.

Филмовите кои ги очекуваме во 2025 видете ги ТУКА.

Тагови: Ал Пачино филм

Промовирани огласи »

Летниот распоред на летање носи нови линии од Скопје

Дознајте за новите дестинации

Со новиот летен распоред на летање што стапува во сила, Меѓународниот аеродром Скопје ќе понуди 47 редовни дестинации, а патниците ќе можат да избираат меѓу 16 авиокомпании за своите патувања. Од 2 април, „Изиџет“ ќе започне да лета од Орли во Париз, додека од 3 мај „Виз Ер“ ќе воведе летови од Барселона и Лион.

Според Неџат Курт, генерален директор на ТАВ Македонија, новите линии значат зголемена конекција за патниците кои ќе патуваат низ Скопје. Тој истакна дека новата линија од Орли е стратешка, бидејќи аеродромот е управуван од Групацијата АДП, членка на ТАВ Аеродроми.

Летниот распоред содржи и новини од Охридскиот аеродром, каде ќе летаат шест авиокомпании до седум дестинации. „Туркиш ерлајнс“ започна со летови до Истанбул четири пати неделно, додека на меѓународната сцена, „Трансавиа“ овозможува вклучување на Скопје-Амстердам во својот летен план.

ТАВ Македонија ја заврши 2024 година со повеќе од 3.1 милион патници, а оваа година очекува стабилно зголемување. Останатите планови за модернизација на аеродромите се во тек, со инвестиции од 2.7 милиони евра за Охридскиот аеродром, со надеж дека патничкото искуство ќе се оптимизира, истакнува Курт.

Сите дестинации се:

Атина – Aegean Airlines, Белград – Air Serbia, Аеродром Сабиха Гокчен во Истанбул – AJet,  Виена – Austrian Airlines, Цирих – Chair Airlines, Загреб и Сплит – Croatia Airlines, Париз Орли аеродром – easyJet, Цирих – Edelweiss, Варшава – LOT Polish Airlines, Франкфурт – Lufthansa, Осло – Norwegian Air Shuttle, Бодрум, аеродромот Сабиха Гокчен во Истанбул, Измир и Анталија – Pegasus Airlines, Анталија и Измир – Sun Express, Амстердам – Transavia Airlines, Истанбул – Turkish Airlines, и Барселона, Базел Милуз, Берлин, Болоња, Братислава, Брисел Шарлероа, Дортмунд, Ајндховен, Франкфурт Хан, Фридрихсхафен, Гетеборг, Хамбург, Лион, Малме, Малта, Милан Малпенса, Минхен Меминген, Нирнберг, Штутгарт, Осло Париз, Рим (Фјумичино и Чампино), Венеција Тревизо, Карлсруе, Љубљана, Лондон Лутон – Wizz Air. Дополнително, на овие шест дестинации летаат повеќе од една авиокомпанија, за време на летниот распоред на летови за 2025 година: Анталија (Pegasus и SunExrpess, и чартер од Freebird Airlines) Франкфурт (Lufthansa до аеродромот во Франкфурт и Wizz Air до аеродромот Хан) Истанбул (Turkish Airlines до аеродромот iGA; Pegasus и Ajet до аеродромот Сабиха Гокчен)  Измир (Pegasus и SunExpress), Цирих (Edelweiss и Chair Airlines) и Осло (Осло Сандефјорд од Wizz Air и Осло – Norwegian Air Shuttle).

Тагови: Wizz Air авио сообраќај

Вчитај повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »