Промовирани огласи »

Најниската минимална плата во Европската Унија за 2025 година е регистрирана во Бугарија со износ од 551 евро, што ја изедначува со минималната плата во Македонија. Од друга страна, Луксембург ја има највисоката минимална плата во ЕУ со извонредни 2.638 евра, сугерираат податоците на Евростат.

Во 22 од 27 земји-членки на Унијата, минималната плата е законски утврдена. Исклучок прават Данска, Италија, Австрија, Финска и Шведска, каде што овој концепт не е законски регулиран. Во десет земји, минималната плата е под 1.000 евра, меѓу кои се и Бугарија, Унгарија (707 €) и Латвија (740 €).

Кога се споредува куповната моќ, разликите во износите се значително намалени. На пример, минималната плата во Естонија изнесува 878 PPS, додека во Германија е 1.992 PPS, што претставува разлика од 2,3 пати, наспроти номиналната разлика од 4,8 пати.

Тагови: Европска Унија минимална плата

Промовирани огласи »

Како правилото 80% им помага на луѓето да живеат 100 години

Нутриционистите советуваат дека покрај контролата на количината на храна, важно е и да се јаде побавно и свесно

Постојат пет таканаречени „Сини зони“ во светот - региони во Италија, Јапонија, Костарика, Калифорнија и Грција - каде што луѓето имаат 10 пати поголема веројатност да доживеат 100 години. Заедничко за овие луѓе е тоа што го практикуваат правилото од 80 проценти, кое значи дека престануваат да јадат кога се 80% сити.

Ова правило, познато и како „Хара Хачи Бу“, помага да се избегне прејадување, да се задржи енергијата преку денот и да се намали ризикот од болести кои се појавуваат во зрелоста. Истражувањата покажуваат дека намалениот внес на калории (околу 1900 на ден) го забавува стареењето и помага за подолг и поздрав живот.

Нутриционистите советуваат дека покрај контролата на количината на храна, важно е и да се јаде побавно и свесно, за да се почувствува ситост навреме. На овој начин, без ригорозни диети, полесно се одржува здрава тежина и се живее подолго и поквалитетно.

Тагови: здрава храна долг живот

Промовирани огласи »

Бевме на „speed-date“ - Поврзување на талентирани луѓе со можности за раст во кариерата

Учествувавме на настанот „Зајакнување на младите преку нови можности 2“, каде што се поврзавме со амбициозни млади луѓе и ги разменивме искуствата за кариера и вработување.

Четвртокот (10.04.2025), тимот на KARIERA.mk со задоволство учествуваше на настанот организиран во рамки на проектот „Зајакнување на младите преку нови можности 2“, од страна на СОС Детско село. Настанот беше посветен на поврзување на младите со бизнис заедницата и отворање на простор за дијалог, совети и потенцијални можности за вработување.

Како платформа која секојдневно работи на олеснување на пристапот до пазарот на труд, ни беше особена чест што имавме можност да запознаеме многу млади, амбициозни и инспиративни луѓе, кои се подготвени да го направат својот следен чекор во професионалниот развој. Слушавме лични приказни, разговаравме за предизвиците со кои се соочуваат младите при барање работа, и споделивме практични совети поврзани со подготовка за интервју, избор на кариера и напредување на работното место.

Особено сме благодарни што бевме дел од еден продуктивен ден исполнет со искрени разговори, размена на идеи и многу мотивација. Веруваме дека ваквите иницијативи имаат клучна улога во градењето на самодовербата кај младите и во нивната подготовка за пазарот на труд. Со нетрпение очекуваме нови средби и соработки кои го поддржуваат овој позитивен правец.

Тагови: настани нова работа СОС Детско село

Промовирани огласи »

Ново намалување на горивата од полноќ, ова се новите цени

Се намалуваат горивата од полноќ.

Регулаторната комисија за енергетик донесе Одлука со која се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 2,40 % во однос на одлуката од 10.04.2025 година.

Малопродажната цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95 се намалува за 2,50 ден/лит. Малопродажните цени на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-98, како и на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) се намалуваат за 2,00 ден/лит. Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС не се менува.

Од 12.4.2025 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:

  • Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 95 71,50 (денари/литар)
  • Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 98 74,00 (денари/литар)
  • Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 64,50 (денари/литар)
  • Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 64,50 (денари/литар)
  • Мазут М-1 НС 37,708 (денари/килограм)

Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат намалување во просек: кај бензините за 5,777%, кај дизелот за 5,057%, кај екстра лесното масло за 5,078% и кај мазутот намалувањето е за 1,745%. Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот период по кој беа формирани цените со претходната пресметка е понизок за 0,4851%.

Тагови: нафтените деривати Регулаторната комисија за енергетика цени на горивата

Вчитај повеќе вести...
барај огласи за вработување »