Промовирани огласи »

Ново намалување на горивата од полноќ, ова се новите цени

Се намалуваат горивата од полноќ.

Регулаторната комисија за енергетик донесе Одлука со која се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 2,40 % во однос на одлуката од 10.04.2025 година.

Малопродажната цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95 се намалува за 2,50 ден/лит. Малопродажните цени на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-98, како и на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) се намалуваат за 2,00 ден/лит. Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС не се менува.

Од 12.4.2025 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:

  • Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 95 71,50 (денари/литар)
  • Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 98 74,00 (денари/литар)
  • Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 64,50 (денари/литар)
  • Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 64,50 (денари/литар)
  • Мазут М-1 НС 37,708 (денари/килограм)

Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат намалување во просек: кај бензините за 5,777%, кај дизелот за 5,057%, кај екстра лесното масло за 5,078% и кај мазутот намалувањето е за 1,745%. Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот период по кој беа формирани цените со претходната пресметка е понизок за 0,4851%.

Тагови: нафтените деривати Регулаторната комисија за енергетика цени на горивата

Промовирани огласи »

Скајтракс го рангираше Меѓународниот Аеродром Скопје меѓу првите десет во Источна Европа

„Скајтракс“ го рангираше скопскиот аеродром меѓу првите 10 во Источна Европа

Реномираната авијациска организација Скајтракс (Skytrax) го рангираше Меѓународниот Аеродром Скопје, управуван од ТАВ Македонија, подружница на ТАВ Аеродроми, меѓу најдобрите десет аеродроми во регионот на Источна Европа, во рамки на својата програма наречена Светски Аеродромски Награди (Skytrax World Airport Awards). Наградите кои Скајтракс ги доделува според гласовите на патниците, беа објавени на авијацискиот саем Passenger Terminal Expo кој се одржа во Мадрид, Шпанија, каде што се собраа над 2.000 професионалци од авиоиндустријата, од повеќе од 120 земји во светот.

Најдобрите аеродроми во Источна Европа за 2025 година, според Скајтракс се: 1. Будимпешта; 2. Софија; 3. Тбилиси; 4. Талин; 5. Рига; 6. Кутаиси; 7. Белград; 8. Букурешт; 9. Батуми; 10. Скопје, информираше денеска во соопштение ТАВ Македонија.

Како ТАВ Македонија оваа година ја славиме нашата 15-годишнина, што значи дека веќе 15 години посветено работиме со цел да им го понудиме најдоброто патничко искуство на нашите патници. Во рамки на Светските Аеродромски Награди на реномираната организација Скајтракс оваа година со Меѓународниот Аеродром Скопје влеговме меѓу најдобрите десет аеродроми во Источна Европа. Навистина сме среќни поради ова признание и ќе продолжиме да работиме на подобрување на квалитетот на аеродромските услуги и целокупното патничко искуство, изјави Неџат Курт, генерален директор на ТАВ Македонија.

Покрај Меѓународниот Аеродром Скопје, уште седум други аеродроми управувани од ТАВ Аеродроми, членка на групацијата АДП, беа признати меѓу најдобрите аеродроми во светот, во рамки на наградите Skytrax World Airport Awards. Тоа се аеродромите во:  Алмати - Казаxстан, Анкара и Измир - Турција, Батуми и Тбилиси - Грузија, Рига - Латвија и Медина - Саудиска Арабија.

Наградите на Скајтракс (Skytrax), наречени Светски Аеродромски Награди (World Airport Awards), се одредуваат преку резултатите од истражувањето за мислењето на патниците, кое беше направено од август 2024 до февруари 2025 година, односно во период од шест месеци. Притоа луѓе од над 100 различни националности оценуваа 575 аеродрома во светот, преку клучни индикатори за квалитет, опфаќајќи го патничкото искуство од услугите и од производите коишто се нудат на аеродромите.  

Светските Аеродромски Награди се независна програма на авијациската организација Скајтракс кои функционираат од 1999 година и претставуваат глобален репер за совршеност на аеродромите.

Тагови: авио сообраќај ТАВ Македонија Skytrax

Промовирани огласи »

Вработување во Fitness House, Lear Corporation, Еast Gate Mall!

Огласи за работа во Fitness House, Lear Corporation, Еast Gate Mall!

Денес ви ги издвојуваме најпосетуваните работни позиции од реномирани компании на KARIERA.mk, се надеваме дека ќе го најдете вашето идеално работно место меѓу нив.

Casumo е основана во 2012 година и оттогаш ги предводи иновациите во iGaming индустријата. Позната по своите уникатни брендови, вклучувајќи ги Casumo и Dunder, групата продолжува да ги развива и испорачува најдобрите производи и искуства за игри во својата област.

Моментално вработува:

SEO SPECIALIST

Lear Corporation Macedonia компанија која се бави со производство на автомобилски навлаки и седишта.

 Моментално вработува:

TRANSPORT ANALYST – SKOPJE
TRANSPORT ADMINISTRATOR- SKOPJE
SUPPLY CHAIN STRATEGY MANAGER- LOGISTICS CENTER IN SKOPJE OFFICE
ACCOUNTANT - LOGISTICS CENTER IN SKOPJE OFFICE
СУПЕРВИЗОР НА СМЕНА ВО КРОЈАЧНИЦА
HR COORDINATOR - LOGISTICS CENTER IN SKOPJE OFFICE

Хотелот Мериот е луксузен хотел на плоштадот Македонија кој нуди традиција и искуство кое ќе го направат вашиот ден незаборавен.

Моментално вработува:

РЕЦЕПЦИОНЕР/ GUEST EXPERIENCE EXPERT
КЕЛНЕР-КА/ F&B SERVICE EXPERT
ГОТВАЧ/COOK

Лидл е семеен бизнис заснован на едноставна филозофија: дека клиентите заслужуваат најквалитетни стоки и намирници по цени што секој може да си ги дозволи. Веќе повеќе од четириесет години, уникатниот пристап на Лидл ги менувa и подобрувa заедниците во 30 земји, каде што Лидл се прошири и оперативно работи со околу 12.200 продавници и вработува повеќе од 376.000 луѓе.

Моментално вработува:

СПЕЦИЈАЛИСТ ЗА УПРАВУВАЊЕ СО ТАЛЕНТИ
СПЕЦИЈАЛИСТ ЗА ПРИВЛЕКУВАЊЕ НА ТАЛЕНТИ
ЗАМЕНИК МЕНАЏЕР НА МАРКЕТ

ВДЛ Ван Хоол Македонија е дел од холандската Групација ВДЛ. Компанијата дојде во земјава во 2012 година кога ја изгради и фабриката во Технолошко индустриската развојна зона Скопје2 во Бунарџик, со што ја врати традицијата на автобуската индустрија во земјата.

Сите огласи од Ван Хоол Македонија можете да ги најдете ТУКА.

Fitness House е првиот специјализиран локал во градот кој ја спојува здравата исхрана со удобен амбиент и љубезна услуга по највисоки стандарди.

Моментално вработува:

САЛАТЕР/КА - ЦЕНТАР
САДОМИЈАЧ/КА - ЦЕНТАР

Еast Gate Mall e најголем трговски центар во земјата и регионот кој ќе понуди богата и уникатна содржина на шопинг, гастрономија, забава, релаксација и култура.

Моментално вработува:

МАРКЕТИНГ КООРДИНАТОР ЗА ЗАКУПЦИ
СМЕТКОВОДИТЕЛ

Групацијата Виндија опфаќа 14 компании, од кои 8 се со седиште во Хрватска и 6 во соседните земји. Вработува повеќе од 4.000 луѓе. Беспрекорниот квалитет на производите на Виндија е препознаен на бројни меѓународни саеми, што со гордост ја направи компанијата добитник на бројни награди.

Моментално вработува:

ВОЗАЧ ДИСТРИБУТЕР - Ц КАТЕГОРИЈА

Зегин ДОО е првата приватна компанија во Република С. Македонија регистрирана за продажба на лекови.

Сите огласи од Зегин можете да ги најдете ТУКА.

Се уште невработени?! Сите останати активни работни позиции можете да ги најдете ТУКА.

Промовирани огласи »

Прада го купува Версаче за 1,25 милијарди евра – нова ера во модниот свет

Со оваа аквизиција ќе се создаде луксузна модна групација со годишни приходи од над 6 милијарди евра

Италијанската модна куќа Прада постигна договор за купување на Версаче од американската групација Капри холдингс за сума од 1,25 милијарди евра. Со оваа аквизиција ќе се создаде луксузна модна групација со годишни приходи од над 6 милијарди евра, со што Прада ќе може полесно да се натпреварува со најголемите светски модни конгломерати како LVMH и Kering.

Капри холдингс, кој ги поседува и Џими Чу и Мајкл Корс, го купи Версаче во 2018 година за 1,83 милијарди евра, но сега мораше да прифати пониска продажна цена поради нестабилноста на пазарот и економските услови. Во последните денови пред договорот било договорено намалување на цената, која првично се очекувала да изнесува 1,6 милијарди долари.

Оваа продажба доаѓа откако Донатела Версаче се повлече од функцијата креативен директор по повеќе од 30 години на чело на брендот. Нејзиното место го презеде Дарио Витале, кој претходно работеше за брендот Miu Miu. Донатела останува дел од компанијата во нова улога – како главен амбасадор на брендот Версаче.

Тагови: продавници Прада Версаче мода

Вчитај повеќе вести...
барај огласи за вработување »