
Советник за општи и нормативно правни работи - Секретар, Одделение за нормативно правни работи, човечки ресурси и општи работи, Административна служба
- Објавен пред една недела
- Државно училиште за рехабилитација на деца и младинци со оштетен вид Димитар Влахов Скопје
- Активен до 18.04.2025
- Позиција: јавен службеник
Општи услови
- да е државјанин на Република Македонија,
- активно да го користи македонскиот јазик,
- да е полнолетен,
- да има општа здравствена способност за работното место,
- со правосилна судска пресуда да не му е изречена казна забрана на вршење професија, дејност или должност.
Посебни услови
- ниво на квалификациите VI А според Македонската рамка на квалификации и стекнати најмалку 240 кредити според ЕКТС или завршен VII/1 степен, Правни науки, Економски науки
- најмалку 3 (три) години работно искуство во струката
Општи работни компетенции
- решавање проблеми и одлучување за работи од својот делокруг
- учење и развој
- комуникација
- остварување резултати
- работење со други/тимска работа
- стратешка свест
- ориентираност кон странките/засегнати страни и
- финансиско управување
Посебни работни компетенции
- активно познавање на компјутерски програми за канцелариско работење
- активно познавање на еден од трите најчесто користени јазици на Европската унија (англиски, француски, германски)
Распоред на работно време
- Работни денови: понеделник-петок
- Работни часови: 40 неделно
- Работно време: од 07:30 до 15:30
Паричен нето износ на плата: 40.000,00 денари