Промовирани огласи »

Нептун Македонија ги отвора вратите на новата продавница во петок, на 15.12 во 12.00 часот, на нова и достапна локација, во Ритејл парк Годи, на ул. „Перо Наков“, бр. 108, во нов, уникатен простор.

Новата премиум продавница претставува вистински хипермаркет за производи од бела техника, апарати за домаќинство, ТВ/Аудио/Видео, компјутери, телефони, фото апарати и камери, производи за нега и убавина, ладење и греење од над 30 врвни брендови со најнови модели и иновативни решенија за сечија потреба.

Покрај одличните цени, Нептун Македонија од 15.12 до 17.12 обезбеди и подароци и ексклузивни понуди, попусти до 50%, како и двојно повеќе поени на haPPy картичката, поволности и изненадувања креирани специјално за оваа пригода.

На овој врвен продажен простор од 1.300 квадратни метри, може да најдете широк асортиман на премиум производи што ќе ја исполнат секоја желба и потреба.

„Отворањето на оваа продавница е доказ за нашата посветеност да обезбедиме супериорно шопинг искуство. Нептун Македонија опстојува три децении, денес веќе на 26 продажни локации, во 21 град во Македонија, нудејќи широк спектар на ексклузивни производи, но и стручна поддршка при купувањето“ - изјави Тасевска Александра, Координатор за корпоративен маркетинг во Нептун.

Производите на Нептун Македонија се дел од секојдневието на илјадници потрошувачи со генерации. Клучот за успехот на компанијата зависи токму од нив и од нивните желби, а Нептун континуирано се стреми да ги обезбеди најиновативните производи и решенија за потребите кои постојано се менуваат.

За потсетување, во тек е и големата роденденска наградна игра, со главна награда СТАН која завршува на 27.12.2023, а која се повикува на популарно мото дека потрошувачите секогаш добиваат повеќе во продажната мрежа на Нептун.

Промовирани огласи »

Крајот на годината е законскиот рок кога фирмите и работодавачите имаат обврска да исплатат регрес за годишен одмор, популарно наречен К-15.

Според Законот, право на регрес има секој вработен со најмалку шест месеци непрекинат стаж кај работодавецот, без разлика разлика на тоа дали е на определено или неопределено време.

Минималниот износ за К-15 изнесува околу 14.000 денари (40 отсто од просечната плата во последното тромесечје) додека максималниот износ е 100 отсто од просечната плата, односно нешто над 36.000 денари.

Годинава, за првпат К-15 од 10.000 денари добиваат и 138.000 врабтени во јавниот сектор, aа некои сектори како полицијата, здравството, образованието, јавните претпријатија веќе исплатија К-15 за своите вработени.

Од следната година висината на К-15 во јавниот сектор ќе биде 30 отсто од просечната плата, односно околу 13.000 денари.

Промовирани огласи »

Министерството за внатрешни работи ги известува граѓаните дека пунктот за промена на лични документи без закажување во Полициската станица „Пролет” во Скопје ќе работи и на 16.12.2023 (сабота) од 08 до 16 часот.

Граѓаните кои сакаат да направат промена на личните документи во овој пункт, тоа можат да го направат без претходно закажување. Исто така, во сабота (16.12.2023) ќе работат и шалтерите за издавање на готови документи во објектите во МРТВ (од 08 до 20 часот) и Беко (од 08 до 16 часот), известуваат од МВР. 

Промовирани огласи »

KARIERA.mk и оваа година е поддржувач на настанот Жени претприемачки - „Жена на годината“ кој се оддржа вчера во „Музејот на македонската борба“  – Скопје.

Со многу позитивна енергија вчера, во „Музејот на македонската борба“ во Скопје, се одржа прогласувањето на победничките во македонскиот избор на „Жена на годината 2023”

Овогодишни победнички во сите категории од изборот „Жена на годината 2023“:

Жена на годината – Бисера Чадловска
Жена со трајни вредности – Наде Молеровиќ
Жена менаџер на годината – Тања Милисковиќ
Жена со најголеми достигнувања во науката и технологијата – Стефанија Зип
Млада жена менаџер на годината (до 40 години) – Катерина Трајчевска
Жена со најголеми достигнувања во културата – Наташа Поповиќ
Жена со најголеми достигнувања во спортот – Мери Акиевска
Жена со најголеми достигнувања за општеството – Сибел Бајрам
Жена со најдобар стил – Татјана Алексиќ
Инфлуенсерка на годината – Мери Бајрамовска

Целта на самиот избор е да се оддаде признание на жените кои со својот професионален и општествен ангажман континуирано поставуваат високи стандарди како деловно така и општествено и се вистински херои кои неуморно се борат при остварување на своите цели изминатата година.

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »