Промовирани огласи »

Дали возачите ќе бидат идентификувани и казнувани за брзо возење преку новиот систем на камери? Во продолжение известување од МВР.

Новите камери кои се поставуваат во Скопје се во рамките на проектот „Безбеден град” и откако ќе бидат поставени, ќе се користат за документирање на сообраќајни прекршоци. Камерите се уште не се во функција. По завршувањето на сите потребни активности околу овој проект соодветно ќе ја известиме јавноста- велат од МВР.

Останува да се надеваме дека со ова ќе се стави крај на безредието по улиците на Скопје.

Промовирани огласи »

Државниот завод за статистика објави дека просечната нето плата по вработен во октомври годинава изнесува 38.843 денари и во однос на октомври лани е зголемена за 17,3 отсто.

Ваквото зголемување се должи, пред сѐ, на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во секторите: Јавна управа и одбрана; задолжително социјално осигурување (26.2 проценти), Снабдување со вода; отстранување на отпадни води, управување со отпад и дејности за санација на околината (20,2 проценти) и Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација (20 проценти).

Зголемување на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во однос на претходниот месец, е забележано во секторите: Дејности во врска со недвижен имот (8,2 проценти), Финансиски дејности и дејности на осигурување (6,5 проценти) и Дејности на здравствена и социјална заштита (4,6 проценти).

Во октомври годинава, просечната месечна исплатена бруто-плата по вработен е со износ од 58 349 денари.

Промовирани огласи »

Нептун е најголемата малопродажна и дистрибутивна мрежа на производи од бела техника, апарати за домаќинство, ТВ/Аудио/Видео, компјутери, телефони, фото апарати и камери, производи за нега и убавина, ладење и греење, во Македонијa.

Моментално вработува:

РЕФЕРЕНТ ЗА НАПЛАТА И КРЕДИТИРАЊЕ ВО КРИВА ПАЛАНКА
IT ПРОДУКТ МЕНАЏЕР
ПРОДУКТ МЕНАЏЕР (2 ИЗВРШИТЕЛИ)

РЕФЕРЕНТ ЗА ПРОДАЖБА ВО ТЕТОВО (10 ИЗВРШИТЕЛИ)
РЕФЕРЕНТ ЗА ПРОДАЖБА ВО ОХРИД

Се уште невработени?! Сите останати активни работни позиции ќе ги најдете ТУКА.

Промовирани огласи »

Постојат многу веб страни и алатки кои ви овозможуваат да го креирате и прилагодите вашето CV.

Во продолжение список на неколку од најпопуларните веб страни и алатки за креирање на CV:

  • LinkedIn

LinkedIn е најголемата професионална мрежа каде што може да создадете свој професионален профил, вклучително и секција за вашето резиме.

  • Indeed

Indeed Resume Builder ви овозможува да создадете и аплицирате со вашето резиме директно на веб страната за работа Indeed.

  • Canva

Canva предлага многу креативни и професионални шаблони за CV кои можете бесплатно да ги користите и прилагодите.

  • Zety

Zety е платформа за создавање на професионално резиме со многу шаблони и алатки за прилагодување.

  • ResumeGenius

ResumeGenius претставува бесплатен алат за создавање на вашата работна биографија и многу совети за аплицирање за работа.

  • NovoResume

NovoResume е универзален креатор на резиме кој ви овозможува да го прилагодите вашето резиме со широк спектар на опции.

  • VisualCV

VisualCV ви овозможува да создадете професионално CV со интерактивни и креативни елементи.

  • Resume.com

Resume.com е лесна апликација за користење и креирање на резиме со многу опции за прилагодување.

Паметно е да разгледате различни алатки и да ја изберете онаа која најдобро одговара на вашиот стил и потреби. Прилично важно е да го прилагодите вашето CV според специфичностите на работната позиција за која аплицирате.

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »