IT продукт менаџер

За компанијата: Нептун е бренд име на компанијата Нептун Македонија ДОО Скопје, основана во 1998 година, која во 1999 година станува дел од Нептун Интернешнал и Балфин Групација - Balkan Finance Investment Group. Нептун... повеќе за компанијата »

Активни огласи од Нептун Македонија:

Референт за продажба во Велес

Нептун Македонија е во потрага по амбициозни, мотивирани, стратешки ориентирани кандидати за позицијата

ИТ ПРОДУКТ МЕНАЏЕР

- компјутерски компоненти -

Продукт менаџерот ќе биде одговорен за собирање и анализирање на информации од пазарот на компјутерски делови, креирање на стратегија за производи, преговори со добавувачи и извршување на годишен план и исполнување на поставените цели за категоријата на производи, согласно очекувањата на клиентите. Менаџерот за управување со производи е директно одговорен за раководење со животниот циклус на производите, финасиските резултати, удел на пазарот, приходи, профит, продуктивност на залиха, услови и рокови за плаќање за доделениот сет на производи.

Идеалниот кандидат има пасија за ИТ техника, стратешко размислување, високо развиени преговарачки и аналитички вештини, способност за одредување приоритети и работа со временски рокови, како и иновативен и креативен пристап во одредување на маркетинг стратегијата.

Потребни квалификации:

  • Универзитетско образование – технички науки
  • Мин. 3 години искуство во набавка, продажба, управување со производи или друга слична област на работа
  • Темелно познавање на индустријата, технолошки и пазарни трендови
  • Одлично познавање на англиски јазик и напредно користење на MS Office пакетот
  • Способност за ефективна комуникација и преговарање
  • Страст за анализирање на производите, потребите на клиентите и динамиката на пазарот
  • Позитивен став, тимски дух, желба за напредок и постигнување успех

Што нудиме?

  • Атрактивен пакет на плата и бенефиции
  • Одлични услови за работа во средина со амбициозен и професионален тим
  • Континуирана обука и можност за напредување

Доколку се пронаоѓате во барањата на позицијата и сметате дека ги поседувате потребните вештини за успешно извршување на работните задачи, ве покануваме да аплицирате на означеното поле, до 24.12.2022.

Сакаш да те препорачаме кај компаниите?

Слични огласи »

Внеси нов оглас

барај огласи за вработување » барај останати огласи »