Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Северна Македонија (РКЕ) донес одлука со која се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,50 % во однос на одлуката од 18.12.2023 година.
Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат зголемување во просек: кај бензините 4,559 %, кај дизелот 5,356 %, кај екстра-лесното масло 5,376 % и кај мазутот зголемувањето е 4,742 %.
Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот период по кој беа формирани цените со претходната пресметка е понизок 1,189 %.
Од 23.12.2023 година од 00.01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:
- моторен бензин „евросупер БС-95“ – 76,50 (денари/литар)
- моторен бензин „евросупер БС-98“ – 78,50 (денари/литар)
- дизел-гориво „евродизел БС (Д-Е V)“ – 73,00 (денари/литар)
- масло за горење екстра-лесно 1 (ЕЛ-1) – 72,50 (денара/литар)
- „мазут М-1 НС“ – 41,937 (денар/килограм)
Малопродажните цени на бензините „евросупер БС-95“ и „евросупер БС-98“, како и на „евродизелот (Д-Е V)“ и на екстра-лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) не се менуваат.
Малопродажната цена на „мазутот М-1 НС“ зголемува 1,017 денар/кг и сега ќе изнесува 41,937 денар/кг.
Напоменуваме дека ова се максималните цени на нафтените деривати од 00.01 часот на 23.12.2023 година. Трговците на големо и трговците на мало со нафтени деривати и горива за транспорт може да ги формираат цените на одделни нафтени деривати и горива за транспорт и пониско од највисоките утврдени цени.