Промовирани огласи »

Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Северна Македонија (РКЕ) донес одлука со која се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,50 % во однос на одлуката од 18.12.2023 година.

Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат зголемување во просек: кај бензините 4,559 %, кај дизелот 5,356 %, кај екстра-лесното масло 5,376 % и кај мазутот зголемувањето е 4,742 %.

Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот период по кој беа формирани цените со претходната пресметка е понизок 1,189 %.

Од 23.12.2023 година од 00.01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:

  • моторен бензин „евросупер БС-95“ – 76,50 (денари/литар)
  • моторен бензин „евросупер БС-98“ – 78,50 (денари/литар)
  • дизел-гориво „евродизел БС (Д-Е V)“ – 73,00 (денари/литар)
  • масло за горење екстра-лесно 1 (ЕЛ-1) – 72,50 (денара/литар)
  • „мазут М-1 НС“ – 41,937 (денар/килограм)

Малопродажните цени на бензините „евросупер БС-95“ и „евросупер БС-98“, како и на „евродизелот (Д-Е V)“ и на екстра-лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) не се менуваат.
Малопродажната цена на „мазутот М-1 НС“ зголемува 1,017 денар/кг и сега ќе изнесува 41,937 денар/кг.
Напоменуваме дека ова се максималните цени на нафтените деривати од 00.01 часот на 23.12.2023 година. Трговците на големо и трговците на мало со нафтени деривати и горива за транспорт може да ги формираат цените на одделни нафтени деривати и горива за транспорт и пониско од највисоките утврдени цени.

Промовирани огласи »

Од јануари, министерството за финансии повеќе нема да дава согласност за нови вработувања во јавниот сектор. Министерот Фатмир Бесими таа обврска ја префрли кај своите колеги министри, но и другите одговорни лица во институциите.

Сега таа одговорност по закон не е само формално, има и кривична одговорност на секој што ќе вработи надвор од обезбедени средства од буџет. И таа одговорност е на ниво на самите институции, појсни Бесими.

Меѓутоа има два механизма за контрола. Прво кој било Годишен план за вработување ќе се носи само врз основа на веќе изгласан Буџет во Собрание. Се знае колку средства има за таа намена и тоа е рамката. Секоја институција си прави свој план за менаџирање. Вториот момент е откако ова ќе се направи секое раководно лице од секоја институција кога ќе достави план за вработување, за оглас ќе може да даде лично изјава под морална и кривична одговорност дека тоа е согласно Планот и обезбедени финансиски средства.

Со ова ја растеретуваме администрацијата и голем дел од барањата што беа нереални веќе нема да постојат, бидејќи одговорноста се алоцира во самите институции, вели министерот Бесими.

Промовирани огласи »

Денес ви ги издвојуваме најпосетуваните работни позиции од реномирани компании на KARIERA.mk, се надеваме дека ќе го најдете вашето идеално работно место меѓу нив.

Компанијата А1 Македонија е член на Групацијата А1 Телеком Австрија, водечки провајдер за комуникациски и дигитални решенија во Централна и Источна Европа.

Моментално вработува:

CONSUMER CONTACT CENTER AGENT
SALES ADVISOR - СКОПЈЕ
АГЕНТ ЗА ТЕРЕНСКА ПРОДАЖБА

Останатите огласи од А1 Македонија ќе ги најдете ТУКА.

Групацијата PRIMA е најнапреден систем кој произведува и продава мебел во регионот. Стратешкиот фокус на PRIMA е развој насочен кон зголемување на трговскиот удел во производството и продажбата на мебел, како на домашниот, така и на странскиот пазар.

Моментално вработува:

СПЕЦИЈАЛИСТ ЗА ПРОДАЖБА НА КУЈНИ

МАКСТИЛ е регионален лидер во производството на топловалани дебели лимови.

Моментално вработува:

ЕЛЕКТРОНИЧАР
ТЕХНИЧАР ВО ОДРЖУВАЊЕ
ДИГАЛКАР
ЕЛЕКТРИЧАР

Групацијата Виндија опфаќа 14 компании, од кои 8 се со седиште во Хрватска и 6 во соседните земји. Вработува повеќе од 4.000 луѓе. Беспрекорниот квалитет на производите на Виндија е препознаен на бројни меѓународни саеми, што со гордост ја направи компанијата добитник на бројни награди.

Моментално вработува:

ВОЗАЧ ДИСТРИБУТЕР - Ц КАТЕГОРИЈА

Шпаркасе Банка АД Скопје како дел од Steiermärkische Sparkasse и Erste Group нуди целосен опсег на банкарски услуги за компании и приватни лица, стремејќи се да обезбеди висока ефикасност и доверливост на клиентите, користејќи го широкото меѓународно искуство на Групацијата.

Моментално вработува:

МЕНАЏЕР ЗА ПРОЕКТНО ФИНАНСИРАЊЕ
МЕНАЏЕР ЗА КЛУЧНИ КЛИЕНТИ

B-Watch е најценет и добро познат бренд за продажба и дистрибуција на часовници во Македонија.

Моментално вработува:

АСИСТЕНТ ЗА ПРОДАЖБА СКОПЈЕ

Триглав Осигурување АД, Скопје, лидер на пазарот на неживотно осигурување и дел од најголемата осигурителна и финансиска групација во регионот Адриа, со повеќе од 5 000 вработени. Како Групација, фокусирани се на креирање на исклучително корисничко искуство за сите инволвирани страни, вклучувајќи ги и вработените.

Моментално вработува:

СТРУЧЕН СОРАБОТНИК ЗА ШТЕТИ ОД ДОБРОВОЛНО ЗДРАВСТВЕНО ОСИГУРУВАЊЕ

Компанијата МТЕЛ, дел од групацијата на Телеком Србија, започнува со работа со добивањето лиценца во јули 2021 година како трет телекомуникациски оператор на територијата на РС Македонија.

Моментално вработува:

AСИСТЕНТ ВО BACK OFFICE
АСИСТЕНТ НА КАНЦЕЛАРИЈА

Офис Плус е водечка компанија во Македонија за продажба и дистрибуција на канцелариски материјали, ИТ, канцелариски мебел, промоција, патни торби и училишна опрема.

Моментално како активни се следниве позиции:

МАГАЦИОНЕР / СПРЕМАЧ НА АРТИКЛИ
ПОМОШЕН МОНТЕР НА МЕБЕЛ
ПРОДАЖЕН РЕФЕРЕНТ-СТРУМИЦА
МАРКЕТИНГ АСИСТЕНТ
ПРОДАЖЕН РЕФЕРЕНТ
ПОМОШЕН МОНТЕР НА МЕБЕЛ

ВАН ХООЛ МАКЕДОНИЈА ДООЕЛ Илинден, белгиски реномиран производител на автобуси, лоциран во Технолошко Индустриската Развојна Зона – Скопје 2, во Бунарџик/Илинден.

Сите активни позиции од ВАН ХООЛ МАКЕДОНИЈА можете да ги најдете ТУКА.

Се уште невработени?! Сите останати активни работни позиции можете да ги најдете ТУКА.

Промовирани огласи »

Причините за давање отказ можат да бидат многу и се различни за секој индивидуален случај. Воопшто не може да се тврди дека постои една универзална причина за отказ на младите во Македонија или било каде.

Некои можни причини за давање отказ, кои можат да бидат апликативни за Македонија, вклучуваат:

  • Несоодветен паричен надоместок

Ниската плата или несоодветната компензација може да биде причина за давање отказ. Младите често бараат конкурентни плати и додатоци.

  • Лоша работна средина

Некогаш, негативна работна средина, лош относ со колеги или непријателско односување од страна на раководството може да биде поттикнувач за давање отказ.

  • Неисполнети очекувања за напредок

Ако вработениот не ги постигнува своите лични или професионални цели во организацијата, тоа може да го подстикне на давање отказ.

  • Лоша комуникација

Лошата комуникација, нејасните очекувања или чувство на исфрлање од страна на руководството може да предизвика отказ.

  • Лични промени и предизвици

Индивидуалните лични промени, како што се преселување, потреба за баланс меѓу работа и личен живот, или нови образовни опции, можат да бидат причини за отказ.

  • Неспецифични бизнис причини

Промени во бизнис стратегијата, реструктурирање на компанијата може да предизвикаат несигурност и остварување на одлука за отказ.

Секој индивидуален случај е различен и зависи од многу фактори. Младите даваат отказ поради комбинација на лични, професионални и организациски причини.

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »