Асистент на канцеларија

За компанијата: Компанијата МТЕЛ, дел од групацијата на Телеком Србија, започнува со работа со добивањето лиценца во јули 2021 година како трет телекомуникациски оператор на територијата на РС Македонија. повеќе за компанијата »

Телеком Србија Група е лидер во областа на телекомуникациите и како таква овозможува широк спектар на услуги на фиксна телефонија,мобилна,телевизиска и интернет комуникација со над 11 милиони претплатници на 4 регионални пазари: Србија,Босна и Херцеговина, Црна Гора и Македонија.

Нашите корпоративни вредности се задоволни корисници, тим, одговорности, промени и резултат.

За чекор пред другите сакаме да бидеме прв избор на корисникот во светот на дигиталните услуги.

Доколку и ти сакаш да бидеш чекор пред другите и да станеш дел од нашиот успешен тим, те повикуваме да се пријавиш за следната позиција: Асистент во канцеларија

Твоите одговорности се:

  • Архивирање на документација
  • Организација на канцеларијата и помош на соработниците за оптимизирање на процесите
  • Закажува и планира состаноци
  • Сложување на конто картици и контакт со сметководство и добавувачи
  • Прием на фактури и евиденција
  • Водење на извештај за примени фактури

Ние ти нудиме:

  • Динамично опкружување и позитивна работна атмосфера
  • Стекнување на дополнителни вештини за работа 
  • Можност за кариерен развој

Она што е потребно за добар почеток е:

  • Минимум 4ти степен на стручна подготовка
  • Основни вештини за административно и сметководствено работење
  • Изградени вештини за организирање
  • Изградени вештини за комуникација
  • Ефективна организација на работното време, навремено исполнување на зададените задачи и самоиницијативност
  • Изградени способности за тимска работа
  • Работа на компјутер ( Microsoft Office )

 

Сакаш да те препорачаме кај компаниите?

Слични огласи »

Внеси нов оглас

барај огласи за вработување » барај останати огласи »