Телеком Србија Група е лидер во областа на телекомуникациите и како таква овозможува широк спектар на услуги на фиксна телефонија, мобилна, телевизиска и интернет комуникација со над 11 милиони претплатници на 4 регионални пазари: Србија, Босна и Херцеговина, Црна Гора и Македонија. Го шириме нашето работење на нови пазари и на корисниците им нудиме единствено искуство чинејќи им го животот поубав, полесен и позабавен.
Во нашето работење се водиме според нашите вредности – задоволни корисници кои се наш приоритет, работиме тимски и ги вреднуваме нашите вработени, професионални сме и превземаме одговорност за она што го работиме, се менуваме во склад со потребите на пазарот и насочени сме на постигнување на резултати. За чекор пред другите, нашата желба е да бидеме прв избор на корисниците во светот на дигитална услуга.
Дали сакаш и ти да бидеш дел од успешниот тим кој е чекор пред другите?
Пријави се за позицијата:
АГЕНТ ВО BACK OFFICE MTEL DOOEL
Агентот во Back Office е одговорен за ефикасна реализација на барањата на корисникот, со што директно допринесува и влијае на задоволството на нашите корисници.
Твоите обврски:
- Прием, дистрибуција и реализација на корисничките барања
- Прием, дистрибуција и решавање на приговори на корисникот
- Решавање на системски проблеми, барања и корекции на фактура
- Комуникација со други тимови со цел отстранување на рекламации
За да бидеш успешен потребно е да:
- Да си ориентиран кон корисникот
- Имаш комуникациски вештини и да си тимски играч
- Имаш минимум средно познавање на ( Microsoft Office ) пакети
- Имаш минимум 4ти степен на стручно образование
Кај нас можеш да сметаш на:
- Конкурентна почетна плата
- Динамично опкружување и позитивна работна атмосфера
- Развој на вештини низ стручна обука
- Развој на кариера